@mssuniquee Не знаев ни јас за мидер,мајка ми ми рече,па почнав да си носам,не го соблекувам,нон стоп носам. Не знам дали нешто помага,ќе видиме
После царски кога може да почни да се вежба, сакам дома да вежбам нешто како стомачни, чучњеви, имам тегови, но раната сеуште не е добро зарасната 3 недели има од пораѓајот.
Мене докторот на испис ме предупреди мидер да не носам. Да не форсира вештачки, туку да и дозволам на матката сама да се собере. И не носам. 38 дена поминаа, но имам уште за собирање и спуштање.
Не мора да значи. Јас кога бев на контрола после 40 дена докторот ми рече дека може да почнам да вежбам. Не прашав што и како зошто уште паметот не ми беше таму, ама лесни вежби без форсирање верувам не е проблем. Најбитно е да се види како заздравува раната за да се знае дали може или не.
Зошто никој не ме предупреди дека сексот и по царски рез ќе биде многу болен. Прв пат после 11 месеци решив да го почастам мм новогодишно ама се покајав. Задутре правам 8 недели од порајѓај и деф се уште не сум спремна. Боли како да ми е прв пат а не внатре да сум имала раце на половина болница
Дали ова важи и за природен пораѓај? Како што можам јас да си ја видам, веќе ми е затворена раната. Баш за на контрола сакав да се средам, глупаво ми е обрасната да отидам кај др
Би рекла индивидуално е. Ние имавме после 2-3 недели. Без никаков проблем. И тука е индивидуално. Имавме после 40 дена, после прегледот на лекар. Бевме внимателни и претпазливи, но немав болки.
И ние после месец дена имавме односи, немав болка, само чудно ми беше. Можда дека месеци беа во прашање па и бебе да не станит.
ти ептен си одолговлекла може и затоа, матката не ти била оптегната 11месеци, башка и операција.. ние имавме после 3 месеци од пораѓај, мислев дека никад веќе нема да имам секс, ама после 3-4 пати со болки, се присети малава на секс без стомак
Ние не сме имале откако дознав дека сум бремена. Пет недели поминаа откако сум оперирана и конците ми паднаа пред два три дена. Искрено не ми паднало на памет. Уште не ми е дојдено до тоа. Два месеца сигурно не планирам...
Исто и ние откако дознав дека сум бремена секс ич, доктор специјалист гинеколог од Хрватска (пријател) ми рече никако секс до 40 дена. Исто царски сум ама и отворена за природно до кај 7-8 прсти и разранета од пикање раце за проверка Јас ќе почекам до прегледот кај гинекологот да видам што ќе кажи пс после ќе пробаме ке се направат 11 месеци до тогаш. А и уште имам исцедок уште се чистам...
Мене докторката ми препорача пешачење што појќе кога се опрајв од епизотомијата. А стомакот одма ми се повлече. Никогаш не сум имала мака со килажа. Дури послаба сум него пред да останам бремена. Секој ден гледам да шетаме. Уште да си го вратам задников. Па сеа кога има музика на тв си земам бебка и танцуваме и вежбаме
Со 81 забременив, на бокс отидов со 98. По породување имав 89 утредента. Дојам веќе 5ипол месеци и сум крава. Имам 89 кг и воопшто не сум задоволна од себе затоа што не симнав ништо, јадам бидејќи ми се јаде, стриите ги мачкам со Бејби лов крема но уште си стојат... Мидер носам само за излегувања затоа што во секоја друга прилика не сакам ништо да ме стега. Реално, удрив на благо многу со доењето и од таму цела килажа. Знам дека можам да повнимавам и да ги симнам тие 10кг вишок, ама ај иди симни ги за време на празници? За сексот не можам да се пожалам, немав болки првиот пат по породувањето. Само некоја нелагодност, и тоа можеби психички повеќе. Планирам да вежбам малку поактивно, барем малава да почне со еден редовен оброк и да пешачам повеќе со неа. Косата, да чукнам у глава ми е ок, кратка се шишам па не ни забележувам драстично дека ми паѓа. Кожата ми е ужас и се мачкам со Гарние од ши путер млеко за тело, а креми за лице користам ноќна и дневна на Нивеа, затоа што ми се суши многу лицето и побрзо дехидрирам, после доење се осеќам ко издишан балон. Имам меше, ама од јадење , а градите здравје по второ дете планирам да ги намалам и со хируршка интервенција. Само жени со корпа 120 D ќе ме разберат што мака е тоа.
Мајки, дали после породување може да настанат промени во тироидната жлезда? Дали некоја мајка имала проблем со оваа жлезда по породувањето да сподели искуство како се справила? Јас никогаш досега не сум имала проблем со тироидна, но деновиве направив ехо и се виде нехомогеност. TSH е во граници, а Т4 многу малку под долната граница. Малку се исплашив. Може тоа да е причината што зголемувам на килажа? Ве молам за мислење.
6 месеци после првата бременост имав покачено тсх. Не знам дали е од бременоста, затоа што некои 7-8 години пред тоа имав исто така многу малку покачено, ама се среди без лекарства. А колку ти е тсх точно?