Па вежбам, по цел ден сум сама дома со бебе без помош,стани-седни-носи бебе на раце-храни-нишкај... Башка ручек,усисавање и досадни гости не не оставаат на мира! Мислиш на стомачни ? Па ќе пробам,морам.
Се што кажа се вежби за слабеење (кардио) но сепак треба да се праваат и други тежински вежби стомачни чучњеви... знам дека немаш време но мора барем половина час да си одвоиш и да си извежбаш добро
јас два дена вежбам третиот одмарам бидејќи сум слаба кардио не правам многу повеќе се посветувам на тежинските тренинзи
Нема потреба од некој искусен има по нетов, на youtube и може да си гледаш али можетренер да ти направи план кој ден какви вежби да правиш и по колку ако сакаш помош пиши ми
jas denes dobiv,tocno posle 2 meseca od poroduvanje,vezbam veke 3 nedeli celi i super se osekam dali drugite dobivte volku rano? ili ne e rano? i imam slusano deka koga ke dobies moze da imas pomalku mleko ili ic,ili nema vrska ?
Јас добив циклус на 3 месеци, еве месец дена и не забележав промена во количина на млеко. И јас мислев раат ќе бидам уште некое време ама не, да не закасни.
Јас со синчето пред 2м добив, а со ќеркичката некаде 2 и некој ден, ич не ме поштеди Инаку нема врска со млекото, само може млазот да бил поспор и потешко да било за цицање.. така бар мене ми кажаа. А јас ги осеќав помеки кога ке добиев, ама одма по 3,4ти ден мензис ми се дуваа пак, помеки само првите денови.
Женски да ве прашам каков ви беше првиот секс по породувањето? Ние пробавме по 50 дена откако се породив, желба за секс имам,ама мнооогу ме боли. Осеќав како да ги чувствувам сите рани и дека ми ги растега конците. Шиена сум само еден конец, инаку од внатре бев повеќе распукана. Некако помалку чувствував во мисионерска поза,сакав да пробам јас врз него ( така ми беше најубаво пред бременоста) но никако не можеше да влезе. Ќе се нормализира ли после неколку обиди или недај боже ми нема спас?
@hello-kitty.90 би требало да се нормализира со тек на време. Ние цела бременост немавме односи,па крварењето ми се одолжи.Отприлика 2,5-3 месеци после породување ни беше првиот однос. А царски сум породена. Односот леле мори мајко Мислиш со бургија ме бушат Се чуствував како прв пат односи да имам во животов,чекај вака,онака да се наместиме не биваше се откажавме. Потоа секој однос полагоден беше.
Болно, исто така, и тоа после 2 и пол месеци. Земи во предвид дека ради хормоните постои сувост на вагината. Ќе ти треба мнооогу опуштање, ништо набрзинка. Раната е зарасната и нема конци, тука нема што да се плашиш Но сепак мускулот на вагината не е вратен во нормала, од таму е болката.
Си подранила една недела со вежбање. Најстрого се одмара мин 6 недели после породување оти можеш да се заебеш цела Мене ме советуваа 8 недели без никаков кардио тренинг и тешки вежби. Можеш само оние за веаќање на матката лимонада вежбине и толку. Ова е од медицинска точка овој одмор на телото. А после тоа може добро потење. Туку мидеров не сфатив од кога се носи и за што? Без вежби као со мидер се рамни стомак?
Мидер не носев ни ден. Некако мислам дека не врши улога, освен ако треба после пораѓај да се облече некоја во тесен фустан и да оди на свадба Мене после прв пораѓај ми се прибра стомакот прилично брзо, после втор поспоро од првиот пат. Ама на 40 дена бев на контрола со фармерките од пред бременост. Малку беше растресит стомакот, шо вика @Mari* ко пивтија, ама па ќе се стегне со вежби Јас почнав да вежбам 6 месеци по царски - 20мин. орбитрек вртам и плус пуштам видеа за стомачни. Само јас не почнав постепено, туку наеднаш хардкор
@NarCis@ гарант сакаш да го убрзаш топењето али пази да не ги запалиш мускулите па да одмараш и во следни шест месеци Да не и текне на некоја да распука џогинг со километри на прва сите лигаменти од нога ќе и избегаат
Неее, ништо повеќе одошто можам. Секој си знае во каква форма бил претходно. Важно ми беше што добив зелено светло од двајца доктори, односно дека е сѐ во ред со раната. Запаление имав минимално, дури не го ни осетив. Единствено што имав како "нус појава" беше губењето на рамнотежа на одредени вежби, ама тоа првите 3-4 дена беа. И да, ми се активираше гастритисот Вчера прекинав вежбање за да повратам. Но со такви бремености, се разбира дека ќе имам и такви последици.
Тоа се вика бременост за паметење Гастритисот не е нус појава од вежбање, ами од некој стрес што ти претходел. Два саати пред вежбање не јади ништо. И не се нервирај бе не се нервирај. После бременост нема за што да се нервираш. Удри бригу на весељу. Рамнотежата ја препишувам на нула кондиција. Полека
Гастритис се активира при поголем физички напор. За рамнотежата што знам, не би рекла дека е до кондиција. Нормално е во бременост и после бременост да се јави, поради промена на тежина, држење на 'рбетот. Треба време да си се врати сѐ на место.
Мајки после колку време од пораѓај имавте однос? Породена сум природно веќе 5та недела.. Рано ми е уште или.. ?