И јас сеуште немам, но неколку дена ме болат градите и ми се потврди, а во матката чувствувам некое чудно мрдање. Само на доење сме па баш ме интересира дали ми се ова симптоми за идење.
Со ексклузивно доење сигурно нема да добиеш брзо, јас така доев до 6м, а и потоа до година чести беа подоите особено ноќе па добив прв пат на 12 месеци,следното на 14 и после останав пак трудна
Мајки ајде која ќе почнува диета или има почнато , да си даваме подршка. Јас за два месеци ослабев 6 кг , ми фалат уште три и да се збогувам со чуството “никој не ме гледа и ништо неме собира”.
Ха ха браво да ви се живи и здрави Ооо нека почека, нека не се брза. Па и мене ми се 'собра' многу време да немам менструација. Минатиот август 2017 останав бремена па во октомври имав спонтан па имав само 4 циклуси и пак останав бремена во март 2018 и од тогаш уште немам, баш ми прија
Кога доев држев една од 7 дена , два пати ја држев со една недела пауза измеѓу и од тоа ослабев три кила. Откако престанав да дојам почнав 21 дневна и сега сум до 13ти ден и ослабев уште 2,5 кила. Имињата не им ги знам ама ако сакаш ќе ти ги објаснам и ќе ги препознаеш, познати диети се.
А што демек дека добив па затоа ми секна млекото ? Можно е бидејки 2 дена пред да добијам скроз ми снема млеко ..
1 ден овошје ( без банана) 2 ден зеленчук 3 ден овошје и зеленчук ( без банана 4 ден банана и млеко ( колку банани толку чаши млеко а најмногу до 5) 5 ден скара и салата 6 ден руба и салата 7 ден варен ориз со цеден портокал
Јас ексклузивно доев до 5 месеци, сега сме скоро 8 и уште цица. Добив после 3 месеци точно. Немав промена во млекото.
Јас ја почнав УН диета, еве го терам 6ти ден. Целта ми е да намалам 6кг да да видиме.. Инаку само на доење сме.
Јас ослабев 6 кг и ми останаа уште 3 . Ама многу ми се јаде нешто друго од диетава. Сега осеќам тежина.
Хаха па се мерев на 2-3ти ден од кога ја почнав бидејки беше слаба батеријата на вагата и не покажуваше.. сабајле кога се измерив ми покажа -400гр. Лани ми се чини повеќе ефект имав ама сега пијам и чај на Хип кој е засладен и мислам и тоа си има влијание. Се надевам ќе има добри резултати за 1месец, ако не повеќе барем 3-4кг.
Епа јас толку ослабев за еден месец , не е лесно башка и депресија кога ќе те лупне од хормони немам сила ама ајде уште малку остана .
Јас лани кога ја правев 5кг намалив за +40 дена, а сега ќе видиме. Битно на обем одма осетив разлика и за овие 6 дена. Пред малку мм отиде да пазарува и си купил нешто блачко, леле мислам лиги ми потекоа, ама тоа е ќе издржиме. Решена сум и нема откажување
Јас денес кога влегов дома , мајка ми се разготвила , страв ми беше да погледнам што готви , толку убаво мирисаше абе за малку не се откажав. А јас јадев ориз варен со јогурт , трет ден, ми идеше да повратам