Почнав со 62кг паднав на 58кг првиот месец па на крај качив 75кг од болница излегов со 65кг а сега сум 62кг
Јас после 2 дена висока ТТ и помалку апетит, плачливо бебе и неспиење за 1 недела од 69 на 67.5 сум, без никаква диета. Пред за останам бремена имав 68кг.
јас ви се придружувам во клубот,ја почнав УН диета,пред една недела ама за викенд се опуштив, @kostarika ,@Mimmi39 i @Chanell*
Сите се опуштаме, не се плаши Јас де ќе почнам па ќе згрешам па си продолжувам.. Ама не се откажувам. Не ми е убаво телото,немам самодоверба и не си го сакам вакво, и дур не го сменам ќе си диетувам.
исто самодоверба нула,после втора бременост телото ми се смени не е исто,немам многу вишок 3-4 кг.ама ми сметат се оди во бутовите,де ослабнат се пак се поправам па па и целулит ај ај
Ајде и јас да се пофалам.. 16ти ден ми е од УН диетата и сум -2кг Одиме напред.. целта ми е уште 4 да симнам за да бидам како пред бременоста па да видиме.
Мамички, ун диета не ја знаев каква е ,ама од што ја зборите ја прочитав и топ ми изгледа. Мислам дека ќе ја почнам неа и еден месец валда ќе биде доста за 5 кг.
Јас првиот месец 6 ослабев, сега пак наново почнав нели, и се си мислам и овој месец ќе оди брзо и ќе симнам уште 5-6, па пак пауза можам да направам, па пак уште еден месец... Целта ми е до роденденот на бебе (јули) да бидам под 70кг, со помал задник,стомак и послаби раце и нозе ! И ќе бидам!!! Нај топ диета е УН, пишувај и таму во темата, ќе си се тешиме и бодриме, сите сме на иста мака таму
За да биде ефикасна,оваа диета се држи 3 месеци, а во наредните 3 месеци треба да ти остане доручекот со две овошја. Мислам дека со 1 месец нема многу да постигнеш. И да намалиш 5 кг, после може ќе ги вратиш. Јас имав (едно време ) најдобри резултати со оваа диета, во комбинација со фитнес. Ако си решена, почнувај ја, имаш се’ за јадење, и солено и блашко.
На ефиксна мислев, да ослабеш и после да си ја задржиш постигнатата тежина. Јас имам 10кг за симнување.
Ун не ти ја бива за ваква килажа, нема да има некој ефект и јас сум ја држела порано за да отидам под 60 кг ама ефект 0 кг за 1 месец. УН е за повеќе вишок, јас сега ја завршив и краен резултат ми е - 13 кг, односно 66 кг, и ја сум 170 см висока ама 55 кг бев во средно и бев костур на батерии. Мислам дека имаш супер килажа, мој совет е да не ја почнуваш, удри на фитнес малце. Ако веќе толку сакаш диета пробај со хроно...
Ма фитнес со децава, денес и се укочив од што ги дигам цело време , од сабајле до 12 по три пати сереедниот три пати другиот и 6 пати мијам газе а по 8 кг имаат веќе и не можам да издржам таков физички напор дополнително.
Верувам дека ти е напорно јас со едно сум клапната. Во ун имаш доста јадење, јас ја држев пред 3- 4 години и вагата не мрдна оти реално со таа висина немаш вишок кг. Ти пишав ако сакаш диета пробај со хроно, повеќе е на протеини така да се слабее...
Кај мене делува само кога има конкретни примери што да се јаде иначе си давам слобода многу и се заборавам