Да ти кажам доста време си бев околу 57-58 кг и си бев ок ама сега слаба си се свиѓам баш и костурка. Многу ми се свиѓаат слаби жени.
И јас сум веќе 17ти ден на UN диета, 2,5 кг симнати. Денес ми е овошен ден и ќе гризам маси и столчиња од глад . Ама не јадам само овошје на овошен ден, си правам и лесни салати (марула, цвекло, зелка). Сакам барем 8 кг да симнам. Продолжувам понатаму.
Доиш? Нема разлика во однос на млекото? Јас ун ја држев пред свадба, симнав 11кг, сега би сакала да почнам ама се двоумам. Бебе е 3месеци и само на доење, се плашам да не се зезнам. Не ми останаа многу кг од бременоста, 1-2, ама од доењево многу благо ми се јаде а и стомак имам кој би сакала да го намалам, 10г од матура ме чека во јуни
Не дојам веќе, до 6пол месеци доев. Ама апетитот ми продолжи и морав да застанам не знам дали прави разлика со доењето, најдобро е да се консултираш со нутриционист или некој кој би знаел повеќе. Добра си ти со 2 кила плус. Јас од 84 вратена дома, стасав до 96 до пред 17 дена. Ужас. Последно мерење ми беше вчера, 93,400 бев. Сакам да се вратам на 80. Ќе видиме
@SaNJaAaaAaa Јас дојам и нема разлика во млекото, дури мислам дека повеќе имав (ја почнав кога бебе имаше 6месеци) затоа што се внесува многу свежо овошје и зеленчук, па и јатки, за кои реално немам навика кога не држам диети. @mimiiiii Леле женска браво, секоја ти чест на упорноста и издржливоста. Е така се прави тоа! @TeddyGrey Ајде ајде не се мисли, дебелата дружина од Труднички масовно на диета !!! Да не биде после “лето дојде а ние згодни ко лубеници”
Јас и ти во исти ден сме ја почнале и исто имаме симнато, 2,5 кг. Само ме збуни зошто денес витамински? Мене вчера ми беше, а денес протеински. Јас имам апликација слегнато и по неа се водам. И не мора само овошје, може и салати, зеленчукови супи... @SaNJaAaaAaa јас за овие денови немам осетено никаква разлика во врска со млекото, се си е исто.
Ми се измести, мислам дека дуплирав некој ден измеѓу. Инаку не го држам течниот ден, нема шанси засега. Ќе пробам по 2 месеци. Дури и денес малку се опуштив, каснав сиренце, умрев за јадење.
Јас се навикнав на витамински ден, јадам на секои 2 часа и со тоа го потрупувам гладот. Понекогаш правам супа од тиква, неутрален зеленчук малку потпржувам со маслиново масло (пиперка,тиквичка,домат,печурки,морков,брокола) што имам тоа и ме држи сита. Пробај и ти кога ептен ќе се осетиш гладна, подобро тоа неголи да внесуваш протеини на пример а пак да си гладна. Водниот јас нема да го правам, на доење сум и неможам да гладувам цел ден ради тоа.
@kostarika и јас го делам мислењето дека Ун е за некој што има многу за симнување, инаку е исцрпувачки. И јас бев од тие што имаа малку вишок, ја држев пред 2 години и за 2 месеци симнав само 5 кила и тука застанав. А килажата што ја имав пред првата бременост никогаш не ја вратив, цело време сум барем 3 кила плус. Се надевам ти ќе успееш. Но мене тие килца не ме фрустрираат, туку лабавите мускули, а немам време за вежбање Што се однесува до мешето што останува (посебно за оние со цезареа), само вежбање помага, не диети. Ова од искуство на многу околу мене.
Чекај ,можеби многу јадам , еве 700 гр за првиот ден симнав, може ќе бидам исклучок Сабајлечки оптимизам
Еве и јас да се пријавам во клубот... Качив 18 кг во бременоста, од 55 на 73 отидов, после породување 66 кг. Од 2 ипол месеци вежбам а пред месец ипол почнав со УН диета. Стигнав до 57 кг, сакам до 52 зашто сум ниска (156 cm) и уште се осеќам како ѓуле . Не знам УН веќе дали ќе има ефект ама ќе продолжам. Среќно диеталци
А дали нас што ни е стомакот мек како перниче има шанси да ни се зацврсти еден ден? Мене ми фалат 5кг за симнување од 90 стигнав на 65 без диети, ама овие 5 никако да се симнат. Мене најмногу ми смета стомаков што ми е мек и стриите на него. Уште сега се збогував со дводелни купачи за на одмор. Кажете има лек за ова или да се помирам со судбината?
На бугарски е, има календар и од кога ќе ја почнеш диетата ти пишува кој ден каков ти е и што смееш да јадеш. @Feodora и јас се помирив дека нема да носам дводелни купачи заради стриите. Лани кога ја држев оваа диета ослабнав 5кг за 40 и некој ден тоа го пишав и предходно ама сега ќе видиме, ми се чини по бавно ќе оди. Инаку за мекото меше ќе треба вежбање ама прво да ги симнеме вишокот кг па после да се затегнеме со вежби, барем јас така си замислив. Како и да е многу се симнува во обем од Ун диета.
Ја мислам да почекаш да наполни бебето 5-6 месеци, сега му е потребно млеко така да мислам дека не е паметно да почнуваш диета, а и тебе треба организамот да ти се одмори и регенерира можеш да намалиш на грицки, благо, леб... не се брзај уживај со бебуш ќе ги симнеш килограмите... @Chanell* те чекам и тебе со успешна приказна, дури си дома искористи на работа е малку потешко да си доследен на диетата.
Има лек, како не. Само вежбање, и тоа интензивно вежбање. Кардио и вежби конкретно за стомачни мускули. Кожата можеби нема целосно да се врати, ама мускулите се средуваат. И зошто да не носиш дводелни? Јас си носам. А шарен ми е стомакот.