Јас имам 4 стрии и мачкам со крема риластил , пријателка кожен лекар ме убедуваше дека ќе сменат боја стриите и ќестанат потесни . Аза после доење имала некој апарат за терапии за стриите а пто ќе се постигне после не ми е јасно со апаратов . Јас мачкам со кремата два месеци и побели се стриите а дека се намалени не можам да кажам . Да се средам малку ќеодам и на терапиите со апарат.
More samo da oslabam.ima da nosam dvodelni pa so saka neka e. Striite ama ic ne mi smetaat. Zatoa so cickive ne mozam nisto da najdam za oblekuvanje..a prsluk mislovna imenka..ogromni se. O g r o m n i!
Кога ќе ослабеш и тие ќе се соберат. Јас со 4 кг ослабени вече сум во стар прслук иначе само тие за доење ме собираа
минус 1 кг. на вага идемо даље Прва бременост плус 13 кг. на 40 дена бев 60 кг се вратив како што почнав ,за некој месец паднав на 56. Втора бременост окус 16 кг.на 40 дена бев 63 ,6 месеци ми требаа да стигнаж до 58. Сега бев 60 ама некако многу ми се проширени бутовите малку меше ми остана после втората бременост,и доста варирам др одам до 61 па ослабнам 58 и после ќе има целулитет епа ќе има. Ќе видам уште две недели па после ќе одиме на одмор,таму пак ќе се опуштам.
После 4 ипол месеци, вратени ми се сите кг од бременоста , не беа многу 6 беа, ама имам вишок од претходно. Никако да се ставам.во ред. Мислам за УН, ми иде многу готвење некако. Пробувам сама некој режим, и тоа не бива. Преморена, некогаш јадам се пред мене,особено благо. Ама мора да се стави ред. И мене ми е за млекото страв. Ама кај да е ке почне и беба да јаде па.полесно ќе е се надевам.
Ја изгубив самодовербата, затоа... имав премногу мазна кожа, а сега не. Тежината си го направи своето.
И мене ми се смени кожата сма на сувост , рани ми се прсвеа н стапалата и рцете. На лицето красти. Мачкм со месеци со прескапи креми едвј ми се среди.
Не се секирај за се има решение , меѓу другото треба да испиташ и хормони , мене од пореметени хормони после бременост ми е сувоста. За стриите си решив , едноделни купачи и тоа е , ништо страшно , преубави модели има за да се потресувам . Почни си диета , јас и во депресија паднав од килажата и немав мерак ни за маж ми и си реков да не отиде се надвор од контрола побрзо да си се вратам во нормала . Ако ти не се чуствуваш убаво џабе е се . Ајде во другата група на ун диета , ќе добиеш сила покрај другите жени и ти.
Глупаво ми е да кукам ама се чуствувам заробена во сопственото тело, за цело време изгубени само три кг а уште 20 ми фалат да се вратам на килажа пред првата бременост. Деновиве страшно сум оптоварена со ова ми ствара нервоза, нелагодност и депресија. Пмс ме дрма солиден циклус ми дојде се надевам ќе се стабилизираат хормони па е почнам и кг да симнувам терам мој режим ама ќе мора да почнам со нешто поригорозен а богами и да спотнам гзот ако сакам да заличам на човек ама некако ми фали мотивација да ме тресне онака некој во фаца.
Мене мотивација ми е чувството на губитник, чивек што го изгубил своето јас и духовно и телесно. Животот ми се смени скрос ама на полошо, обврски еден тон , нималку време за себе и згора на се јас не личам на себе физички а тоа ме тера и лошо да се осеќам . И само ова можам да го вратам во нормала а не е малку да се осеќаш добро. Ми кркорат цревата од глад ама ќе се бапнам во минич една вечер и ќе си го вратам животот. Доста беше пижами и широки блузи , ни маж ми не ме погледнува таква. Ајде фаќај се за диета , ќе излезе сонцето и да бидеш и ти пролет во твоето семејство. Ако не се осеќаш добро сите го чувствуваат тоа. Venera.aa
Има некој решение за суви стапала? Од бременоста ми се направија лом, сега се обидувам да ги средам али и покрај се скроз се суви. Кожата на стапалата ми е изменета, како да ми остареле 20 години. Ма и јас остарев за тие девет месеци. Чаре?
Јас пишв погоре , стапалата ми беа како на ренде да сум згазнала, рацете како на нива да работев и красти по лицето. Др Горица ми препорача на риластил креми ама не можев да ги најдам иако од тестерите ми беше супер земав еуцерин и се оправив иако требаа месеци мачкање по два - три пати на ден.
Никако немој да ги стругаш стапалата, јас тоа го направив безброј пати мислејќи дека како порано ќе ги истругам со камен и се ќе биде добро ама стануваше уште полошо . И почнав да се бањам со маслена купка , препораката беше од риластил ама сепак земав на бекутан
Ете зошто ми се уште полоши Очигледно на сила сакав да го решам проблемот и со стругање дополнително ги уништив. Користам крема со уреа 10% тоа е за омекнување али само неколку саати се добри и до вечерта пак очај. И лицето ми беше катастрофа во бременост и ми остана такво. Мислам дека имам стафилокока али бидејќи дојам ќе почекам до кај шест месеци за да ја решам. Се чувствувам добро бидејќи јас во бременоста речиси бев на раб на депресија. Сега сум уште 3 кг до почетна и ќе се симнат во следниве месеци али кожава ме уништи тотално. Не можам да се поднесам.
Јас се будев навечер и покрај две бебиња уште тоа ми фалеше , ме болеа стапалата кога ќе ми фатеа на ќебе , па лепев фластери ама и тие ќе се извадеа ... ужасно беше.
И да ти кажам ниедна друга крема не ми помогна освен таа тестерот од риластил и после со еуцерин мачкав , друго се дома претходно што користев е гола вода
Иста бев со сувата кожа, се пресушив цела во бременоста. Страшно Мене ме спаси маслена купка, користев на Еуцерин и Локситан/Лоситан, како и да се вика, оној францускиот бренд. Поскапа беше вторава навистина, ама вредна за секој денар. И Еуцеринот е супер, само мирисот не го можев ич, ама ми ја опорави кожата. Веројатно е хормонски сушењето на кожата, гледам кај сите се случува. Јас од човек со мрсна кожа на лице, станав со лушпи, ужас. Стапалата ми беа гребло, ма целото тело ми беше пресуво. Не знам колку млека за тела потрошив, мислам ги пиев од што толку се мачкав. После неколку месеци од пораѓај се опоравив