Ништо! Само почесто одмивање со вода, и ќе исушиш со тапкање. Побрзо ми помина вака отколку кога шприцав Бивацин.
Јас првата недела со вода, подоцна почнав да се мијам со камилица и набрзо почнав да користам интимен гел.
Јас сакам да почнам со вежбање,а малово е 5 недели. Со раната сум супер,немав никакви проблем и општо после царскиот. Поминав прилично лесно и се чуствувам како да не сум родила. Многу сакам да вежбам,верувајте ми се плачи за вежбање ама ми е страв да не е рано да почнувам нешто полесно или да почнам со шетање со количка?
Јас ја имам истата килажа, ама сакам стомакот уште малце да го затегнам бар. Не сум научена вака, цел живот имав јака мускулатура, мидер не поднесyвам. Од кога смее стомачни со царски? Или бар појас за слабеење додека пешачам (мислам на стани-седни) со бебе?
После шести месец. До тогаш Петранче мидерче. Особено сега во Август месец немој да го соблечиш И јас се чувствував фит и се чувствувам спремна за вежбање арно ама мускулатурава доле не се соглсувала со мене. Докторката ми рече први три никако, потоа постепено. Толку биле сензитивни тие делчиња. За природен три, за царски е дупло.
Слободно може да се миеш со хипермаган само немој мн јак да го направиш може да те изгори. Водата розе светла треба да биде. И др со бетадин може да правиш дезинфекција
Мене докторот што ме породи, после контролата на 6 недели ми кажа почекај уште една недела после можеш што сакаш да правиш. А матичната ми кажа можеш да вежбаш ама стомачни после 6ти месец. Така да најдобро ти е да се консултираш со лекар, да видат како ти заздравува и раната и матката.
Женски поминаа 6 м одкако се породив и сеуште не добивам мензис? 2 пати бев на гинеколог, вратена си е матката и тогаш добив одговор дека не добивам бидејќи сме на ексклузивно доење. Но некако многу ми се издоожи? Кога добивте вие?
Јас добив 10 месеци по породувањето. И уште немам редовна менструација.. Матичната доењето ми го наведе како можна причина.