А по колку време пап тест? Јас сакав одма, ама и матичниот и тојбшто ме породи ми рекоа да почекам. И да појдам кога ќе почнам да добивам. И патронажната сестра последно кога беше истото ми го рече. Не знам што врска има. Јас веќе 1 ипол година немам правено и некако мн ми се издолжи.
Матката ти ја проверуваат дали е во ред и на место. И крвната слика со уринарен статус. Ако се е во ред, бременоста е завршена
Кога бев на контрола по породувањето докторот ми кажа кога бебе ќе наполни 6 месеци да одам за пап тест.
После 2 и пол месеци, пак направив, ок беше се, вратена матката. Мила991 и јас немам сеуште менструација 5 месеци
Со првото добив после месец дена, со второто после десет месеци. А ПАП после вторава бременост правев одма, на првата контрола после породување, матичната ми кажа дека и така сум дошла, да направиме. Немав добиено, и не ни крварев веќе од породувањето.
Дали некоја тренирала со струја оние ЕМС?? При тоа да дои. Дали некоја има искуство? Дали може да е нешто штетно за бебето?
Бебе е 4 месеци на доење Минатиот месец добив менструација и ми траеше нормално како предходно, овој месец не добив (не сум бремена ) Некој слична ситуација? Инаку предходно редовна
Исто. Прв пат добив после 4 месеци, па наредните три воопшто не добив. После тоа се стабилизира но доаѓаше различно, некогаш на 24 дена, некогаш на 30...
Појма неам. Таков ти бил циклусот и пред да родиш? Во секој случај се менува. Кај мене се скрати. Од 28 дена циклус, се скрати на 24-25 дена.
Апсолутно не. 28-31-32 дена. Сега не ни знам кога ќе добијам. И знаеш што се случува кога ќе добијам лом!
Б Баш се понадевав дека конечно ке се вратат хормони у нормала Сеа работава да се чудиш коа ке добиеш
Да не има промени и на кожата на лицето? Јас сеуште немам добиено 4 месеци. Не ни треба да иде нека ме одмори малку.