Со јака воља секако дека се намалува,јас додека ја доев малата потешко ги намалував килцата што е и нормално,млекото од самата храна се ствара ама побитно ми беше здраво дете отколку јас,затоа и ја доев 2,5 години Иако не накачив многу .Одкога престана малата да цица спуштив доста .Така да не се оптеретуvајте многу секако дека за 9 месеци качување на кила неможе одма да се намалат,треба време Најинтересно е што таман ги симнав ,еве сега трудна полека заличувам на топче
Незнам дали прашањево е за тука, ако не е преместете го, дека незнам кај да го ставам. Инаку ме интересира колку време ви требаше да ви зарасне раната од епизотомијата, јас сум малку повеќе сечена боли уште не како на почетокот, ама некако чудно ме боли и како да ме затега доле, и тоа не само кај раната туку и кај усните ме затега, како да ме тегне незнам дали е тоа нормално или да одам на гинеколог иако ми рекоа дека супер ми било сошиено и да одам после 40 дена на преглед???
И јас сум сечена и шиена доле и да ти кажам истите симптоми што ги опишуваш ги чувствував и јас. По 2 месец веќе не ги чувствував, тоа затегањето особено. И нормално е, бидејќи е шиено слој по слој. Викаат дека треба да поминат неколку месеци убаво да зарасне раната, а крварењето е до 40 дена. Јас да ти кажам уште не сум отишла на преглед, а еве 3 месеци има малиот ама планирам да одам месецов. Од толку прегледи во тек на бременоста ич не ми се оди на гинеколог ама тоа е, мора да се оди
Душички, кај секоја жена е индивидуално, јас на пр. сум со 32 конци, ги имам на сите можни страни долу , ме боли и тешко ми е , поготово одењето во тоалет , било така или така, тоа ми е ноќна мора ама си најдов една супер позиција кога седам и тогаш ми е искрено многу добро, дури и убаво па си се местам во таа позиција и нема болка нема ништо, и уживанција ми е , иначе сите други опции не доаѓаат обзир. во четвртокот бев на контрола во ГАК мојов доктор (кој требаше да ме пораѓа ) беше дежурен па ме протна да ме ѕирне, си се појавил хематом на десната страна од матката и сега ќе си го кркам, а крварењето се смири, само што има некој чуден мирис (тоа било од хематомот )ама нема лекарства нема ништо (опет код мене природно -така беше и пораѓајот затоа ме решија ) затоа што и онака нема скоро ич млеко да не секне и тоа што го има .... Имам само совет до сите мајки, колку и да боли и да е тешко, обидете се да бидете активни одма уште после пораѓај, мислам дека тоа е најдобар спас, јас кога дојдов дома, иако мм се кавгаше со мене, земав одма се фрлив на активност, се движев по стан, си исчистив нешто што не беше чисто, (според мене-иако мм направил генералка претходно) си пружав алишта, малиов ми е нонстоп во балтазар позција и во раце ,така да мислам дека тоа ми ја канализира болката ...поздравче ........
Движам и јас нонстоп и се нешто работам, ама баш тогаш кога сум поактивна почнува повеќе да боли, а за седење и одење во тоалет да не правиме муабет викам тогаш
Јас се поправив до крај на 41 недела вкупно 15 кг, а денеска после скоро 3 недели од породувањето имам 5 кг плус, 10 кг се лизнаа со породувањето и овие 2 недели со доењето. Претпоставувам дека во наредни 2-3 месеци ке ги симнам и овие 5 кг што ги имам вишок. Имав 58 кг пред да забременам, на пораѓај отидов со 73 кг, а сега имам 63 кг. Телото ми е целото исто, нозете, рацете, задникот, дури и колковите бидејќи имам тесна карлица и затоа се породив и со царски рез, ама стомакот ми стои како да сум на крај на 4 месец. Веројатно ќе спласнува допрва и градите се нешто поголеми, меѓутоа можам да ги носам градниците што си ги купив за време на бременоста. Планирам да почнам за некое време да правам стомачни секој ден колку можам толку, би требало да помогне, и си носам мидерче за да не ми биде распуштен стомакот. Имате уште некој совет за средување стомак после породувањето?
Јас имав отоци огромни на нозете додека бев трудна немав притисок и затоа само ме следа мокрачата беше чиста . Дури и сега ги имам особено левата нога не можам д с и ги облечам кондурите кои претходно ги носев се ми за еден број помало затоа не смеам да носам мидер додека не направам доплер ама ич баш ич не ми се иде да иследувам за оваа работа
После царски 6месеци не смее да се има поголема физичка активност, а потоа до 1година може малку вежбање. И јас се ставив во ред, малку од малку, намалив ептен со јадење, здравје на лето ќе почнам и со вежбање по малку, зошто стомакот дефинитивно има многу додека да се врати во нормала. Што викаш Мицика и кај мене е така голем, како 4месец дури се плашам дека никогаш нема да ми биде како претходно.
Како викаат 9 месеци расте бебето во меше , потребно е 9 месеци да се врати телото во нормала Со тек на времето ке се намалат килограмите , секако ако се храните здраво А и богами ке има и трчање по маливе по цел ден :geek:
Јас да викажам мрднав од мртва точка,-3кг со УН диета од понеделникот сум тоа е се вода знам тек почнува борбата но се мора неможев да се гледам ,додуша тоа сеуште трае но сега имам инспирација за слабеење до кога ќе видиме. Од следнава недела и почнувам да вежбам на орбитрек и вежби за стомак ,бидејќи стомаков сам по себе не исчезнува .Јас почнав на орбитрек на 4 месец но бидејќи сум и јас царски др ме искара да чекам до 6 па еве го дојде и 6 така да нема бегање. Без нема форма за мене тоа ми е.
кај мене изгледа има многу вишок па затоа одма се лизнале 3 кг А и ти си за пофалба и 4 кг не се малку битно да се намалува па макар и 1 кг .
Јас ако се нафатам за диета, имам контра ефект, бидејќи психолошкиот момент дека не треба да јадам, ме провоцира да ми се јадат работи што ни до крај на памет не ми биле доколку не сум на диета. Затоа ќе причекам да ми се стабилизира организмот уште некое време, па после ќе му ја мислам. А минатата недела кога го носев син ми на контрола на педијатар, во ходник ја сретнав сестрата што ми го местеше цтг-то неколку пати и кога ме виде ми рече, еј извини ќе почекаш 5 минутки, да заврши друга трудница Јас го донесов син ми на педијатар, не сум за цтг... и она ми рече, оф леле извини не ни видов во стомакот... ама нешто не ми беше убедлива, можеби сеуште изгледам бааги трудно, или само туниката ми беше преширока?!?
Кај мене незнам како сум со бројките , ама битно знам дека појасчето што ми го донесе мм во болница, ги има и на -пазар и во аптека (ако ви текнува оние сините со лепенки што се за стомак ) ми заврши работа и еве две недели по пораѓањето немам стомак воопшто исто како да не сум се пораѓала а буце си бев и пред да останам бремена, така да сега изгледа само како да сум си буце, а не да сум го носела ѕверчево мое во мешето .Останува сега уште малку да се фрлиме на шетање и активности со буцето и се надевам дека до летоска ќе личиме веќе на супер мамичка
do sega -6kg .. mozev i poveke, ja drzam un ama poslabo vezbam sega sepak jas sum zadovolna . inaku ne mi se ni poznava mnogu zosto ovie mi se od bremenosta .. ima uste mnogu do celta. 20 minimum
За 3 месеци а не дојам ослабнав 7 т.е ги ослабнав до 40 денаи до сеа не сум мрдната дефинитивно морам да почнам диета искрено ун диетата не знам дали би можела да ја издржам мада повеќе би се свртела кон здрава храна да можев да готвам малава е 300 на саат
јас имав 90 кг кога бев трудна а висока сум183 на почеток на трудноча имав 77 сега имам исто толку 77 вечбав http://www.youtube.com/watch?v=1_jSnv1gjykнавидум лесни али не и само нив екстра се и јадев на размак од 4-5 саати
прашањето незнам дали е за тука ама ај ке го поставам. Дали додека се дои е штетно да се вежба? Прашувам дали ако почнам да вежбам ке ми се намали количината на млекото? Треба да ослабнам и јас уште намалку 8кг ама вака како што сум тргната пак ке изгледам како трудна да сум. И како да ослабнам а млекото да не го загубам?
јас останав бремена со 60кг, а отидов на пораѓај со 74 кг мислам дека беа, а верувајте дека сега после 3 ндели имам 57кг... ослабев на начин кој не ви го посакувам на никој Спојлер ослабев од нервоза, од тага, жал, татко ми починал денот кога јас се породив, а дознав дури откако излегов од болница кога бев бремена се мислев како ке ослабам кога ке се породам, си мислев ке држам диети и слично, ама ете ослабев без диети...