Мајки,по колку време ви се повлече стомакот по породување?3 месеци поминаа,а стомаков ми е како 6 ти месец да сум бремена...внимавам на храна,дојам,ама стомакот си стои
Меше мало имам и јас, мојот проблем е друг од болница се вратив со 65кг за не цел месец паднав на 60 сега јадам се и сешто ама ништо не ми се фака се нервирам 60кг бев пред 5г. Баш сакав да пишам сите сакаат да ослабнат а јас мака водам со килограмите кои паѓаат, став ми е да внесувам витамини незнам на малата како ке и делуваат Почни со вежби веке можеш и сигурно ке се повлче само упорност
Богами за напуштање е Треба една група "вракање на килограми после бременост" Оди во мајчински ми треба стручно мислење од тебе Едит: во совети од 0-6м
Мене по 2 месеци. Сега веќе ми е како пред да забременам, дури и помал само млитава мускулатура. Индивидуално е. Јас мислев дека ќе бидам 70кг, уште се чудам како успеав да не се поправам. Не пазам ништо посебно, нити па мидер носев. Пробав ама не оди. Треба време да се врати матката во нормала. Иначе нема врска големината на стомакот во бременоста. Јас бев со две и бев огрооомна...
здраво мајки, јас се породив царски пред 27 дена еве денеска, но стомаков уште ми стои како 3-4 месец да сум, кога сум станата онака ми е тврд , папокот исто оптегнат како трудна да сум, ме фаќа страф да не ми остане вака, кажете искуства???
Хаха. Ме изнасмеа. И јас одам во минус, ама ако не се жалам. Само на лице пропаднав како сува слива. А стомакот ми е млитав како питулица, ако ми е скоро рамен. Си сака и вежбање.
Леле и јас сакам да сум слаба ама ова е испиена. Образи немам две дупки само и огромни подочњаци зомби хихи а каков апетит имам ама ете ништо не останува на мене
Нз дали беше менструација, или крварење од нешто друго. После скоро 5 месеци од породување , без никакви симптоми, добро малку ме подзаболуваа јајниците, видов дека имам крв,ама многу малку, немаше онака да тече,ниту пак имав на бришење, ниту чувствував кога тече,само на влошката имаше онака малку. Како пред завршување и ми траеше 3-4 дена.. А пред бременост имав ептен болна менструација која траеше 6-7 дена. Имала ли некоја вакво искуство, со толку оскудна за прво добивање? Ќе видам дали ќе добијам наредниот месец, а и ќе одам секако на доктор на контрола, ама до тогаш да знам. Се си мислев да не ми прави некој проблем шиеното,бидејќи сеуште ме боли многу при односи, ама гинекологот ми рече штом сум ти кажал на контролата на 6 недели дека е добро,нема потреба пак да те прегледувам. Инаку и јас се вратив на килажата пред забременување, стомакот скроз ми се повлече, дури ми е рамен, но на моменти знае да порасне како за 3-4 месец. Не често,ама обично навечер и трае малку издуваноста,зошто се прави така нз. Е сега консрукцијата како да се смени, исто кг, ама како пораширена во колкови, и како подебела си изгледам, веројатно сум полимбава, па треба вежбање да се затегнам. Иако не можам да се пожалам, задоволна сум со 59 кг,иако може да симнам уште 2-3 кг,висока сум 172 ваљда. Како отидов на пораѓај со 75кг, а излегов со 71 кг, супер е.
Еве и јас ќе ви се продружам. Значи постојано нешто јадам, имам многу апетит а сум ослабната ептен. Прво продолжив со премама, сега примам ц витамин и магнезиум, страв ми е да одам да испитам крв, ама морам тоа да го завршам овие денови. Инаку стомакот особено навечер ми се познава, тогаш ми рипнува.
Не е убаво ама се тешам кога пишувате дека не сум едина. Јас не земам ништо фемибиомот го прекинав два дена пред да се породам а на испуштање ми рекоа за крвта обавезно тотхема ама јас испив само 5 и прекинав и мене ми е страв да испитам крв кој знае каква е
Јас испитував крв,одличен е. Еден месец како ги пијам премама,највеќе бидејќи почна ептен да ми паѓа косата. Јадам и јас, ама онака, колку да се каже. Јадам почесто,ама помалку. Не држев диета,ама постојаното дежење на синко во раце, доењето,пиење вода, изгледа ми одговараат. Само треба затегнување/ обликување. Претходно со истава килажа изгледав подобро. Знае некој зошто одеднаш пораснува стомакот, па го снемува?
Е тоа и јас се прашувам, ама ваљда кога сме јадени или имаме повеќе течности пиено си влијае. Инаку и мене мислам колковите ми се малку проширени и сеуште ја имам линеа негра на стомакот.
Кај мене малку се гледа линеа негра 6 месеци поминаа од пораѓај. Иначе со 68кг останав бремена стигнав до 80кг сега сум 66. Не сум слаба тамам сум Јадам "ко скината" мм се смее вели поќе од мене јадиш и за цела бременост што немав апетит ич сега надохнадувам, се плашам само ко ќе престанам да дојам што ќе биди со ваков апетит. Иначе со царски бев ми се врати стомакот па одма да речам, но е мек што вели Мила како питулица, среќа стрии само 2 ми се направија и тоа 2 недели по пораѓај
Абе и мене другарките што немаат родено ми викаат дека ми е позатегнат стомакот од нивниот, ама јас не сум задоволна искрено. Цел живот одев во теретана и си имав стомачни, ако не 6 пак, 4 пак секако. Сега дека бев со целосна анестезија со неа даваат и нешто за опуштање на мускулите и буквално се чувствувам млитаво. Среќа не ми се направија стрии, можеби дека 2 недели пред термин се породив. Секој ден си велам почнувам со вежби ама освен бицепс и трицепс со бебе не вежбам ништо Добро не сум била само јас со линеа негра.
И јас вежбав во теретана па можи 7-8 год, играорка бев од мојата 10та год до 24г сега бицепс и трицепс само, и др што заборавив да кажам задникот ми е многу паднат, ослабен, слизнат...тоа ептен ме нервира најмногу од се
Има ли некоја од Битола што не вежба?Како ами пропусница за широк сокак ќе се добие И кај мене се врати стомакот веднаш али тоа не е мојот стомак и оваа карлица не е мојата и овие бутеви и капилари испукани и стрии на бутевите и гз сплескан како тава за зелник. И време се нема за вежбање и трчање ниту енергија и лето иде ќе нема ни услови и така натаму во надеж дека од септември биче боље. Со килажа сум уште кило до почетна. Али таа килажа пред и оваа различно ми стојат. Немам време да се замарам со мене иначе ќе кренам узбуна и притисок