9 месеци растел, не може преку ноќ да го снема. Имаш дупка меѓу стомачните мускули, таа мора да се затвори, а тој процес не оди брзо. Ако не си вежбала, оди побавно. Инаку, и да се повлече целосно, може малку кожа да остане.
Јас пак да си се пожалам, еве 40 дена по пораѓај , стомаков уште си стои, леле почна депресија да ме фаќа, па и поправена дека сум неможам да се гледам во огледало
Срце што бидна со твојот стомак, дали ти се намали, значи ние нешто слични сме , и на мене не ми се намалува???
Растел 9 месеци, не може преку ноќ да го снема. Мускулите на стомакот се отворени, не се затвораат одма, ќе се повлече со тек на време. Само кај активни вежбачи (значи жени кои активно вежбале и спортувале пред бременоста) може да се повлече побрзо, бидејќи кај нив мускулите се поцврсти.
Чисто информативно, што има врска вежбањето? Јас вежбав активно додека не останав трудна. Еве месец и некој ден од царскиот, ама мешево тука ми е исто како 3-4 месец да сум некаде. А колку што сватив 6 месеци не смеам да вежбам, мислам тоа од читањево по нет. На контрола наредна недела планирам да одам.
Поради ова Не се јавува кај сите, ама сепак мускулите се раздвојуваат, во помала или поголема мера. Кај активните вежбачи се поцврсти и помалку се отвораат.
Еве ме 7 м после пораѓај и иако сите ми викаат блазеси ти уште во првите 2 месеци немаш стомак јас си го знам и не ми е вратен се уште. Дека со царски почнв на 6 м и да вежбам. Правам по 5 серии по 20 стомачни и возам орбитрек. Претходно активно вежбав во теретана и секогаш имав тврд и тониран стомак. Ама 9 м сум растела човек во мене и факт е дека не може одма да се врати. Минимум 9 м треба да поминат и да не се лажеме без вежбање и посветеност никогаш нема да е ист. Со чесни искчучоци секако. Ама тиука и генетика и метаболизам играат клучна улога и секако најважното исхраната. Мада јас се сомневам дека некогаш ќе ми биде стомкот како пред пораѓај.
Не можам да го гледам стомаков веќе. Кога излегов од болница бев како да не сум родила, како уште бебе да има во мене. Сега после 3 месеци сум како 5ти, 6ти месец трудна. Доле кај раната ми е како пресечен и виснат над неа. Носам и мидер, ама нема никакво подобрување. И многу ми испука после пораѓај. Додека да излезам од болница веќе имав нови стрии, а после една недела веќе под папокот цел ми испука со хоризонтални и вертикални стрии.
Мене друго ме загрижува. Еве 7 месеци уште не добивам. Бев кај 2ца гинеколози откако се породив рекоа се е супер. Да одам пак? Можно е од доењето толку да не добивам?
Можно е, но не мора да значи. Со првото добив после еден месец од породувањето, со второто после десет месеци. Штом е се во ред, ќе добиеш кога организмот ќе е спремен за тоа.
Другарка ми година и пол немаше добиено со објаснување дека дои. Кај некои едноставно е така. Ама тоа не значи дека не можеш да забремениш.
Кај се брзаш Мила? Стомакот кај мене е скроз повлечен како пред бременост и со килажата официјално сум на стартна позиција. Породена пред четири и пол месеци. Очекував подолго бидејќи бев речиси 20 кг плус. Телото пред и по породување не е исто. Килажата е во ред, но изгледам различно. Почнав со брзо одење па после лето здравје и со трчање ако малата се смилува и почне да спие навечер. Ако не кога ќе има 15 години ќе се средам
Абе што е до мене уште 1 година ич нека не иди. Штубаво ми е вака либерте. Само сите што се породија пред и после мене добија, па се загрижив да не не е со мене нешто во ред. Јас со килажа и во минус сум 2 кг одамна, ама така е, телото не е исто. Но, сега има нова димензија во моите очи и поубаво е на некој чуден начин. Ова тело направи нешто неверојатно, создаде човек. И се уште го создава и храни. Секој ден се чудам како бев способна за тоа и горда сум и благодарна сум му. Иако тоа е нешто толку исконско и натурално мене ме воодушевува. Секогаш кога ја гледам лузната од царскиот рез за која мислев дека ќе ја мразам се чувствувам гордо. Лузната која на почетокот ми беше потсетник дека телото ме издало и не сум успеала, сега ја обожавам и ја гледам како врата кон новиот живот кој ми даде една нова и света улога на мајка. И да имав стрии, вишок килограми па и рогови со гордост на истиот начин ќе ги носев. Затоа мајки уживајте во своето тело, тоа било 9 м храм на новиот живот. Сакајте се такви какви што сте и бедете горди. Но секако работете да се подобрите за себе и за своите малечки пред се, па потоа и за сите на кои им требате.
Љубам кога пишуваш опширно со емоции Јас немам лузни, имам стрии на бутови али можам да ги камуфлирам за лето. Градиве сеуште се единствен извор на храна и чинот на доење сеуште ме фасцинира и оној поглед еј мои се! Освен после полноќ до 5 наутро. Изгледаат чудно, а ми беа најголем атрибут. Ќе идат на операција после доење ако не го изгубат оној крушкест облик тоа е веќе решено. Останува уште овој комплет од тело кој мене лично не ми се допаѓа да го вратам во првобитен изглед со џогинг и вежби. Ако не го вратам ќе кукам на секое и ќе ме фрлат од тераса па ќе идам на целосна операција Јас сум горда на себе што воопшто го издржав целиот овој процес. Не беше лесно. Не е ни сега лесно. Али телото си го сакам повторно назад. И ќе направам се да си го вратам. Ради мене и ради неа утре во школо да се фали со мене
@Milaаа991 Со тебе е се во ред 11 месеци поминаа од пораѓај, воедно и 11 месеци како дојам, циклус немам добиено. Бев два пати на контрола, се си е во ред, поради доењето не добивам. Минатиот месец ми кажа докторката као за еден месец би требало да добијам.. Ама не, нема абер @momomo Зошто се депремираш? На кој би требало да се докажуваш со твоето тело? Твоето тело 9 месеци било дом за твоето бебе, растело и се развивало внатре! Зошто очекуваш магично да го снема стомакот кој со месеци растел и се растегал? Ова е реалноста. Вака изгледа телото по пораѓај. Не треба да се докажуваме и покажуваме пред никој дека тоа е нешто што не е нормално. Нормално е и те како. Уживај си со бебето и почни да си го сакаш телото онакво какво што ти е. Многу малку време поминало за да се врати се во нормала. Кај мене после скоро една година, килограмите се помалку отколку што беа пред бременост. Стриите избледнуваат полека, задникот се намали и зацврсти Од XXL облека сега носам L! Си дадов време едноставно...