13 месеци поминаа од царскиот и стомакот уште ми стои. Полека се намалува, матката си се повлече после еден месец, но стомакот околу и над папок стои. Сеуште ме прашуваат дали сум бремена....веќе не се лутам. Трпеливо, остај го стомакот, ќе си дојде на место, но треба време.
Кај да најдам појас? Мидер нема шанси да носам на жешково, ни со раната доле. Имам мачку стомак, ме нервира Ама имам и невиден апетит. Да помине уште некое време се ставам на режим.
6 дена поминаа, природно родив, имам малку стомак, ама имам и многууу апетит. Ноќе станувам јадам што треба и не треба. Немам алишта, не за друго кој ќе троши пари сеа на тоа.
Ја мислев се за царски се спремаш. Јас исто ради жешко не носев ништо лани, се повлече. Мислам, си дојде на свое де ...
По мојот гинеколог, после 6 мес. може да вежбам а до 6 мес одговара пливање. Со првото носев мидер (зима беше) и ја прашав и за сега и таа слатко се насмеа и ми рече врска нема тоа - бабини деветини. Генски предиспозиции се тоа, мускулатура на тело, хормони ... Еве поминаа 2,5 месеци и јас сум истата без стомак иако имам малку висната вишок кожа (се надевам дека ке се повлече малку со тек на време). Ништо посебно не правам освен што пазам што јадам поради грчевите и бебо си го носам како кенгурче врзан за мене кога не сака да лежи и пред бањање пуштаме музика и скокаме . Лето е, жешко е и помалку се јаде а повеќе течности и по некој сладолед . Си треба време да си дојде се на свое место, нормално.
Купив појас, и ене го сега стои на стол во дневна демек да го гледам за да го ставам ама 5 пати максимум ако сум го ставила. Ме боцка
Еве сум царски и јас 6 и пол месеци поминаа, ни појас носев ни ништо, одма ми се врати стомакот, да имам кожа отповеќе ама не се замарам ич. Јадам многу бидејќи го дојам бебето и ми се јади, со 68кг останав бремена сега сум 66кг без никакви диети, само со синчето в раце тоа тешко и трчање низ дома по цел ден, време немам за вежбање.
Јас мислам треба да се направи тема како изгледаме по породувањето чисто за мотивација или за утеха. На кој како му одговара. Мала шала
Некоја има искуство со некоја крема, масло, гел за стрии веќе направени? Не дека би се изгубиле, но за ублажување малце да се поднамалат. Над папок сум ренде
Јас добив по година и два месец. Ич не се замарав и не сакав брзо да ми дојде. И сеуште заборавам влошки да купам и се неспремна ме фаќа.
Кога да правам ехо на градите и каде? Престанав да дојам пред 4месеци. Исто и друго специфично прашање имам... Намалување на гради? Имате чуено нешто поконкретно? Дали прават само приватните или и на клиника? Катастрофа гради за 2м доење добив.
Јас кога бев поради грутка на градите, ми рекоа да појдам 6, 8 или 10 м после престанок со доење. Бев на приватни, нз како оди на државно, ама прашај на радиологија.
Има и на клиника. Само не знам како оди преку фонд или приватно за градите корекција. Од систина се фалат од пластична хирургија. Пиши и цени ако прашаш.
Леле јас сватив дали прават ехо само на привтно. Се обрукав. Немам искуство со намалување, уште млку ако ги намалам мм ќе има поголеми од мене. Хахаха За мене може едно зголемување.
Ако имаш потреба од ехо, може да одиш, ама препорачуваат после 6 месеци од прекин на доење. Но ако се мора, ќе одиш и порано. Или гинекологот што ти е матичен да ти направи ехо, или пак кај радиолог. На клиника не знам дали има термини, јас одам во Ремедика. За намалување на гради, имај предвид дека е прилично комплицирана интервенција, многу потешка од голем број стандардни хируршки интервенции и мора да одбереш навистина добар стручњак, а не знам дали такви имаме во Македонија.
Јас имав големи гради 95ка носев прслук, сега 105ка ми се слизнати од доењето ама на оперција после царскиот No way во никој случај, болка е голема, сечено, лепено нека си стојат така како што се.
И кај мене е иста ситуација скрос ама од градите изгледам 3 пати покрупна од што реално сум. Друга работа истушени паднати никакви се направени, ниеден прслук не ги оправа за под маичка/кошула а за на плажа пак неможам да замислам. Тежам исто како пред да останам бремена, стомакот ми е ист како 3м бремена, а градите ми се како да сум доела близнаци изминативе 3 години. Од вчера пак се направи како топче на едната града, изгледа како мозолче, мм вели било масно ткиво.. Утре ќе одам на лекар.. Во цел хаос уште некоја беља да ме фати сега ми треба @lackygirl демек риплај па на крај испадна да си поприкажам