Mider ne oblekov prodolziv da go nosam pojasot sto go nosev i vo tekot na bremenosta toj mi bese bas pogoden ne deka nesto stegase tuku onaka dodeka si pridojdov.
Демек има надеж? Не мора одма да е, не брзам, ма да ништо не ме собира.. само нека биде Иначе и ја сум ко издишана. Ве зачитав за г’зот, сега ми е страв да си го погледнам мојов во огледало.
Која форма после породување? Коса не можам да си измијам чоечки вејѓи гајтан ми се сторија, за депилирање секаде сум среќа па имам припомош барем да се истуширам. а менекенка да будем е рано. луѓенца за јадење едвај време наоѓам. Поголема диета здравје. Околу килажата почнав со 60 кг дотуркав до термин 69 со слабеење стагнирање дебелеење.. После 9 дена од породување се мерев кај матичниот 60кг. Си се вратив како на почеток 9кг автоматски ги снема. Е сега ко завршив "под нож" докторот си играл со мене. После 3 дена кога ми ја извадија лепенката вика докторот супер ти е резот правев нешто пластика. како?? А вика не ми се свиѓаше претходниот рез што го имаше па ја отстранив лузната,кожата ја одлепив ја одстранив па после породувањето ја досредив кожата и пак ласерски те сошив. знам се сеќавам со првото ко се породив кожата тутки ми беше дека растегната,се буцкам сега далеку е од тоа,само беше омекната. Ми вика ќе користиш креми за зацврстување па после 6 месеци ќе може да вежбаш. Си викам браво докторе со 2 родени деца ја манекенка чу да будем и згора на се ем породена ем средена естетски на крај ништо не платив.
Еве и јас сум во тие што си останаа дебели, со 56-7 останав трудна со 82 на пораѓај и сега под 67 не мрднувам. 71 имав после пораѓај. 4кг за 6 месеци срамота е. Мене ми е срам од сама себе, не знам како ќе одам на одмор А дојам, и уште менструација немам добиено, си реков после одмор се фрлам на диета. Најлошо е кога сам себе не се сакаш како изгледаш
Јас се вратив на килажа пред бременост по 1 месец. А се здебелив 10кг за 6 месеци ради доењето. Престанав да дојам, килажата остана. Ама и си сакам да си јадам. Чат пат со по некој мал режим знам да симнам 2, 3кг ама не се радувам на тоа. Со 81 кг останав бремена, сега имам 92. Прекрасно.
Majka ne se nerviraj ima da se stopis ke prolazi bebe pa ke dojde vreme da prooduva nema da zastanis celo vreme ke rcas po nego. E togas duri se slabee.
Секогаш бев дебела. Останав и трудна на сред диета па продолжив да сум дебела. Качив 18 кила вкупно. Од болница се вратив -12. После 2 недели скоро бев на килажа пред бременост - што пак беше многу ама ете, да ја исклучиме бременоста како фактор. Е со доењето заебав работа. Првиот месец се борев многу за лактација да одржам, па почнав сѐ и сешто да пробувам. И додека доев кркав пивски квасец таблети, кои ми отворија апетит на ламја. Си се здебелив доста. Едно 10-12 кила си вратив. Па следеше селењето кое продолжи да биде стрес и нервоза. Јас под стрес сум од оние што јадат цело чоколадо пред да си легнат како единствен извор на среќа пред легнување после хаотичен ден.. и така си качив уште едно 7-8 во 2.5 години. Па ги слабеев, па ги враќав.. и така. Цело време. Сѐ додека не останав бремена за второво. Со килажа со која отидов да се пораѓам за првото плус 2 кила. Ужас. Многу бев во паника. Ама среќа се држам доста ок, од утре почнувам 37 недела а имам качено 5.5 кила. После второво, веќе сериозно ќе се симнува. Ама сериозно. Ветувам. (Не знам дали и самата си верувам на ова што го пишав)...
А женски како во топ форма кога ќе ти се отвори апетит? ама сериозно последниве 2 дена како проширен желудник и црева да имам многу апетит ми се отвори.
Јас после породување бев со апетит 300 насто, врв на тоа ги читав америчките мајки кои имаа пампинг снекс и тоа цели барови исполнети со брускети, колачи, сокови, грицки, чоколатца и јас се нафурав, имав наполнето 2 пластични со солено и благо за ус молзење пошто на почетокот имав една глупа пумпа и молзев по 2 саати. Е се фино ама јас се напраив слон. Отидов да раѓам со 98, излегов со 92 и не се мерев ама сигурна сум дека дојдов до 100 тој период. Не читајте, не слушајте, не пробувајте да пратите никој! Многу течности, ниедна храна нема да ви помогне за млеко како течности и знам дека ви се јаде ама пробајте со течности помага. Јас конечно се вратив на килажа од пред да останам бремена (после 4г) и одам надоле пошто нејќам пак со иста килажа да труднувам. Јас ги изедов сите можни благи додека не сфатив дека од благото бебе има грчеви, ама јадев по 2 големи чоколади (300г) па и дека маж беше повеќе на работа од дома, оу тоа беше масакар. Со овој памет сега ќе се наоружам со круши, јаболки, интегрални грицки и многу вода и така ќе терам. Факт, молзење/доење дехидрира, ама тоа не значи дека треба да се препуштиме. А и не дека за 1м од породување сите ќе бидеме манекенки, 2 од 10 може ќе бидат, ама останатите 8 и по 6м нема да се вратат на старо.
Ја немам ич апетит. Првите 2 дена откако си дојдов од болница многу бев гладна и јадев, а сега воопшто глад не осеќам. Имам 2 оброка, доручек и ручек и тоа количински малку јадам. Измеѓу ќе изедам праска или банана и чај од камилица, и многу вода. Чат пат, не секој ден, јадам по еден мал сладолед. Мене ми е страв да не ми се изгуби млекото...
ајде бе никој нема да не бендисува жени ссме деца сме родиле не ќе бидеме манекенки. Јади си тука. Како викаат душа кога ти бара нешто грев е да не и дадеш.
и мене ми е за млекото. Сокови вода и чај имам во секое време,ги пијам тие прегназон комплит витаминските што ми останаа од периодот на бременост а за јадење имам апетит ама време малку послабо така да само два пати јадам.
Нема да го изгубите, само бебе на цицка ставајте почесто, тоа е најбитно, од 2 месеци еве сме скоро 9 ни пијам нешто ехтра ни ништо, само вода пијам јас и тоа 1-2 л во денот, а до кај 4месеци пиев и сок од јаболко.
Не е баш така, ако сме родиле не ни прекинува животот. Не е грев да одбиеш храна, грев е да се здебелиш до не препознавање пошто дебелината е болест, а на детето му треба здрава мајка. Умереноста е сѐ.
Исто. И газ пивтија. Одвратен изглед. Сокот од јаболко и јас го прекинав на една чаша наутро ради килажа. Немам некоја промена со и без него, иако е полн со шеќери. Чудно јадам повеќе али со килажа идам надоле. Оти секој ден речиси исто јадев. Се додека мајка ми не дојде и одма се крева вагата +2.
добро сега одржување на здравјето ок некој и си внимава на исхраната јас не,немам чести оброци 2 пати на ден ама не внимавам здраво - нездраво. Нормално дека никој не би сакал да има 100+ кила. Не за килажата за здравјето е.