@FreeMind @milaaa991 луѓе а јас со свекрва дома што сум што да кажам? Се готвено, месено, печено. Тешко на моето тело..
Кутра ти напатена душа.. Блазеси ти, јас се само остатоци од каши јадам и дробено овошје и житарки како за врапци ранење. Едвај чекам да појдам кај свеки да јадам како човек. Како ме гледаат како да не сум видела јадам. Па и немам манџи дома поретко
Pij svezo cedeni sokovi mn ubivaat apetit jas samo so sok znaev da go pominam denot momentalno komentiram i pojaduvam
Добро бе срцки да ве прашам, после бременоста еве ми останаа уште 6-7 кила за да се вратам , синко има 4 месеци, не се многу вака кога ќе кажам 6 кила но јас некако мислам дека и да ги симнам овие 6 нема да бидам иста како што сум била , многу сум некако дебела ??
Срцка 4 месеци бебуш стомаков уште си е тука, кај тебе дали ги снема мила, дај ми надеж кажи дека се повлекол ...
Исто и јас. И не ми се повлече стомакот уште. Ама штом престанам да дојам се ставам на диета одма. Само не знам како ќе ми влијае, никогаш не сум била дебела, а сега како мече сум.
Не губете надеж тазе мајки. Пред да се породам читав на форумите и слушав од познанички како со породување се симнувале и до 10 кг,како кога излегувале од болница облекувале стари фармерки без проблем,и си викав сигурно и јас ќе имам таква среќа Останав бремена со 58 кг,отидов на пораѓај со 75 и тоа од мнооогу малку јадење,од што се поправив толку појма немам,иако не ми се познаваше. И секако,викам сигурно бебе е големко,се породив,бебе 2800 кг.Излегувам од болница и веднаш дома застанувам на вага и....... 71 кг Само 4 кг сум изгубила. Да се чуди човек. Не памтам точно,ама за неколку месеци само 2-3 кг ослабнав.Исто многу слабо јадев,вода многу пиев,постојано бебе во раце,а вагата не мрда. Еве сега после 8 мес од породување,имам 56 кг. Како наеднаш да се стопив,кога??? И сама не сум свесна,како преку ноќ. И како и сите,се осеќам многу олабавено. Стомакот ми е рамен,раце затегнати од бебе,газот го нема,а и она што го има паднал,а чудни,треба затегање. И во карлица како потпроширенка Се надевав дека пак ке си дојде во нормала,ама не. Среќа,влегувам во поголем дел од фармерки и панталони кои ги носев пред бременост,освен оние кои ич немаат стреч. И,за крај,иако сме родиле,и не сме веќе девојки,треба да сме задоволни од изгледот,првенствено заради себе.
Се цитирам од една друга тема во која веќе пишав дел од она што сакам тука да го кажам. Мораме да си дадеме време на организмот да се "врати во форма" после бременоста и породувањето. Значи не е едноставно како што ни се сервира од медиуми за војвотката Кејт или не знам си Бијонсе или кој и да е. Се работи за хормони кои драстично се измениле во периодот и се работи за различни метаболизми. Некои од нас ќе изгледаат веднаш фит, некои од над подолги време ќе се борат со вишок, некои од нас ќе имаат повеќе кила но ќе изгледаат затегнато, некои од нас ќе имаат помалку и од претходно но ќе изгледаат "опуштено". И сето тоа е нормално. И не значи дека во првите 3 месеци морало да се симне или да се биде фит. Муабетот ми е дека се доволни грижите за бебето што ги имаме, а не ретко се справуваме со хроничен умор, потење, крварење месец дена, а некои од нас и со постпородилна депресија... За уште да си додаваме нервози на душата за тоа задникот дали ни бил затегнат. Мора да се избега од тој тренд дека од нас се очекува да сме "исто ко да не сме родиле" после 5 минути. А и зошто да сакам да сум "исто ко да не сум родила". Сум родила, и тоа е факт. И наместо притисоци да се вклопам некако во некој временски рок и да се доведам "во ред", очекувам разбирање и почит за она низ кое сум поминала. Далеку од тоа дека не треба да се грижиме за себеси. Но, нереални рокови и очекувања доведуваат само до разочарување и демотивација.
Те бркам по темиве за да те прочитам @Kaetana а морам да признаам некогаш истото мислење го читам повеќе пати. Многу реално и истовремено смирувачки делуваш со писанкиве, алал на енергијата што ја шириш.
Стварно сакам да сум реална и да пробам да бидам поддршка во одредени моменти во кои сметам дека малку сме забегале како општество пред сѐ. Затоа што не е фер понекогаш како функционираме и што сѐ се очекува од нас. И уште полошо е што самите од сите тие надворешни фактори сме толку заслепени што не си даваме оддишка себеси која е потребна за да "закрепне" човек емотивно. И затоа кога ќе прочитам дека после 2 или 3 месеци мајка се обвинува дека не успеала да симне сѐ, одма се мислам колку ли жени на светот навистина се занимаваат со тоа како проблем. Колку ли жени на светот се на некој начин "приморани" да размислуваат на таа тема па дури и од сопрузите.. кај родила дете, (некои жени многу тешко се соочуваат со хормонските промени без разлика дали породувањето било лесно или тешко) па уште на послужавник треба да имаат и грижи дали ќе им се привлечни на сопрузите... Или колку често во светот при шиења од епизиотомија "патат" жените заради начинот на шиење на докторите по желбата на мажот да му е "тесно и фино како порано"... да, тоа не е случај кај нас во болници, ама е проблем на светско ниво. Знам дека се замарам понекогаш со теми кои можеби директ не нѐ засегаат, но станувањето свесен дека раѓањето е процес кој не е едноставен колку и јас лично да сум поминала едноставно и после 5 минути да сум била со иста килажа дури и помала и да сум изгледала затегнато - не сум правило и не сум норма. И морам да имам разбирање и емпатија. Дури и да немам лично искуство. А не ретко осудите за изгледот доаѓаат од други жени. Тоа е тоа што ми смета. Ко да не е доволно што околината ни сервира норми кои не се во ред за нас и за нашето психичко здравје, уште па сами треба да си одмагаме.
Потполно се согласувам со тебе. Кај нас посебно на балканот многу се замараат со килограмите. Никој нема да те праша како си? Дали си среќна? Да ти даде некој убав комплимент, да те охрабри нее одма почнуваат со лелее си се здебелила, како така уште си дебела поминале толку месеци од породување и сл. Некој па ми честита мене, мисли пак сум бремена зошто имам стомак Кај мене исто помина скоро година од породување, но јас 25кг се поправив. Цел живот сум била слаба и витка, сега не сум имам хормонален дисбаланс(шок) плус дојам така да, луѓето тоа не го гледаат, гледаат одма да ми кажат бремена си пак? Или леле не те познав поправена си.... Не сфаќаат дека тоа е толку некултурно да се каже на некој што се соочува со вишок килограми
Пред да ви дојде за прв пат се истите симптоми како претходно или изменете ви се? Мене само половината ме болеше многу малку и градите. Сега градите и онака ми се полни али јајниците денес многу ме болат како менструални болки да чувствувам чудно чувство. И наеднаш ли иде или со “најава” ?Кафено, како што беше и претходно.
И мене ова ме интересира. Неколку дена и правам растојание од 5 часа дење помеѓу подои со цел да ми дојде. Некако забележав неколку мали мозолчиња на лице, па се прашувам што да очекувам. Инаку во врска со враќање на телото после пораѓај и на прашањето кога планирте да си го вратите телото назад едноставно одговорете дека никогаш не го ни изгубивте. Можеби се сменивме, повеќе емоционално, отколку физички. Но ние сме тие, пораснати, созреани и горди мами. Само напред и не дозволувајте машкиот шовинизам да ве претвори во робови на сопствените нереални очекувања како треба да изгледа едно пост партум тело. Затоа што не постои репер, модел или мостра. Секоја жена е уникатно ремек дело на природата со секоја облина и не совршеност. Перфекционизмот лежи во не совршената совршеност. Кој не може да го види тоа и му се восхитува на малечкото совршено бебе без притоа да го возвиши креаторот е ништожен и не вреди да се спомнува. Вреди да работиме на подобрување на своето теле, не дека не е веќе совршено, ниту пак дека сме го изгубиле, туку за себе. Во смисла здрава храна и вежбање. Тоа на никој не му штети. Но не за исполнување на туѓи очекувања и рокови
Јас претходно имав болни менструации, а сега, прв пат ми дојде претходниот месец, 7м после породување, не осетив ништо. Сеа чекам да видам овој месец како ќе биде.
Пред оваа бременост има спонтан, цел живот имав болни менс со кетонал се смирував само, после абортусот 4 циклуси ни б од болка, воопшто не ме болеше стомакот,сега еве 9 месеци е бебко, немам уште добиено се надевам дека пак нема да ме боли