Скроз различен е кај мене циклусот пред и после пораѓај. Претходно точно знаев кога ќе ми дојде оти ме сечеше стомакот, и после саат-два ми доаѓаше. Така секогаш бев спремна со влошка. Првите два дена умирав од многу јаки менструални болки (кои многу ми помогнаа додека се пораѓав). Ми траеше околу 4 дена. Сега воопшто немам знаци дека ќе ми иде, немам никаква болка и ме фаќа неспремна па ми протекува. Многу пообилен ми е циклусот, со влошки како пелени одам и пак протекувам првите два дена. Ми трае 6-7 дена и максимално ме исцрпува. Подобро ми беше претходно.
јас пред да останам бремена со првото имав болни менструации во траење од 7-8 дена одкако се породив траењето се намали на 6 дена не крварев толку обилно ко пред бременоста циклусот ми беше редовен и немав болки
@FreeMind мене ми дојде после 2 месеца. Пред бременост многу болни циклуси. Сега скоро ништо и да не сеќавам. Некоја слаба болка во стомак и половина и тос е тоа. Првиот пат кога добив првите 2 дена беше темно кафена, докторката рече дека сум се чистела, нормално било, после тоа нормална менс. Вториот да не видев немаше да знам дека сум добила. Е сега немам болки ама затоа приметив дека првите 2 дена ми е пообилна од предходно.
Досега имам 3 пати добивано,ми доаѓа редовно на 27-8 дена,и трае обично по 5 дена.Е сега првиот пат никакви симптоми ниту болка не осетив,вториот пат имав ужасен ПМС и ми течеше доста обилно,а болки немав,и третиот последен пат исто без болки поминав,ми течеше нормално.Пред бременоста обично имав болен и обилен циклус. Во однос на килажата,јас имам обратен проблем-се трудам да не паднам многу и да ги одржам килограмите,дури мислам дека и ми фали плус некое килце,бар уште 3-4.Брзо се вратив во нормала,немам стрии такви работи,но сепак и генетика е во прашање.Полесно може да ослабам отколку да се поправам. Цел живот мака мачам да качам некое кило,си јадам се,и конечно ко ке качам едвај 2 кг,за неколку дена може да ги снема.Али тоа е,секој со своите 'маки'.
За бебче не можам да се жалам, навистина. Спие од 10 до 10 со два подои. Обожава во количка, јас сум преодморена, се тип топ, ама луѓе никако да ослабам. Еве шетам нон стоп, ручек јадам манџички, пилешко, телешко, доручек трици. Денес по не знам кој пат диета почнувам. И се супер и ќе дојде некој на гости и бајадера ќе донесе и се тресам над неа. Викам не ја јадам не не и кога ќе ја отворам ко ненормална. Џабе си готвам. Ова не се мои кила. Се потам, не изгледам средено три маици вртам немам желба да се дотерам, зошо сум прасица. Имам 15 кила вишок, подебела откако бев трудна. Се надевам набрзо ќе успеам малце од малце. Има ли надеж бе жени? Ви блазесувам што сте слаби. Ич немам дисциплина. Морам на вежбање да идам. Пред да останам трудна 3-4 години вежбав без пауза се имав стегнато (крупна градба сум) ама и енергија имав и се ми стоеше.
Чекај рано ти е. Ако добро сватив има само три месеца од кога си породена. Ние денес 4 полниме па уште немам енергија како пред да останам трудна. Башка морам да чекам 6 да поминат па да почнам да вежбам. Уште 5кг јас треба да симнам за да дојдам до стартната килажа. А овие 15 како сум ги симнала појма немам а како тебе апетит ненормален имам. Има кога да слабееш, сега и од стрес не можеш. Хормоните дивеат. Колку и да сакаме да е поинаку моментално не бива.
Јас ич ама ич не сум под стрес. Во толку лабава фаза од животот сум, уживанција. Затоа никаква дисциплина немам. А и добив. Ај некогаш ќе се вратам и јас само безнадежно ми изгледа. Да си се пожалам. ќешки само тоа да ми е проблем
Здраво, би сакала да ве прашам дали некоја од вас има вежбано за време на бременоста и каде? Вака по интернет гледам има јога за трудници ама не се редовни часовите....
Јас па почнав бременост со 60 кг се здебелив до 69 две недели после пораѓај се мерев килажа 59 значи 9 кг се зедебелив 10 ослабев
Самото тело е во „стрес“. Доживеало бременост, породување, доење... Стрвот за благо додека доиш - ќе го имаш. Јас во живот благо не сум јадела како првите 6 месеци додека бебе многу цицаше. После се стабилизирав. Ќе си дојде се на свое место.
Исто и јас со благото, после 5, 6 месеци се стабилизирав, сега еднаш на два дена јадам нешто благо, не ми бара душава
Аии и јас со благово како да немам видено. Никогаш не сум јадела толку благо. На се се стрвам, дури и ма торти што не сум ги обожавала ич. Еве 6 месеци уште јадам благо многу.
Јас мислев само мене ми се дешава леле не можам да престанам, значи мозокот ми вика не ама душа си сака
Пред да останам бремена си купив орбитрек и за дома да вежбам, плус во теретана. Ене го за закачалка служи. 2 часа откако се породив ако имам вежбано, а не во теретана да одам. А одма во комшии имам фитнес за жени, ама едвај се организирам за на работа да одам, па уште и тоа ми фали.
Да не случајно некоја од вас има користено појас за спуштен стомак, го меркам еден на Медикус хелп, потајно се надевам дека би ми помогнал да ми го стегне долниов дел од стомакот ... Ама после една година и кусур од царскиот, и не ми е верно баш ..
Сите што сакате да го намалите стомакот после породување ви ја препорачувам @mojafitnessmama, побарајте ја на инстаграм. Има специјална програма, маратон со бебе, баш за мајки после породување.
И јас го вежбав, стварно има резултат, -7цм во обем за некои 2 недели а и башка не се придржував до менито точно и стомакот некако ми спласна додека вежбав
А ние што немаме инста, може негде на друго место да ја следиме? Дали некоја користела крема за затегање на стомакот по породување и дали имало некаков ефект? Ја добив на подарок од клиниката кај што раѓав, па се мислам дали да ја почнам..