има канал на Јутјуб и сајт. Ќе го постирам штом го најдам Да прашам нешто креми за тело користите? Мене ми е многу сува кожата на стомак
Кога се вратив од мк во моето пусто место во германија морав занимација да најдам по дома па со бебе вежбавме (читај гуде од 10кг) и на него му беше интересно, е сеа зс менито ссмо два дена готвев, после се откажав, едвај време до вц имав од мн дерење а за енергија да ти кажам со 3 саати спиење успевав пола саат да извежбам, и дур вежбав кичмата не ме болеше ич
на јутуб ги нема вежбите.И инста и е затворен профилот.Отворен е само за оние кои имаат платено за бебе маратонот.Се плаќа 1500 ден
ja imas mojafitnes mama go nemas maraton so bebe така? на маратон со бебе е концептот на исхрана и вежбите за секој ден
Сите оние кои сакаат да променат нешто во начинот на исхрана и секојдневните навики она е вистински избор. Балансирано, здраво и вкусно мени за секој оброк во денот каде не се гладува. Посебни вежби, исто секој ден, каде пола час е доволно да се постигне ефект. Навики кое ќе останат и после тие неколку недели режим. Она секогаш била пријатна, комуникативна и расположена за одговор на секое прашање. Од мене има
Јас месец дена после пораѓај сум +3 од пред бременоста. Јадам дупло повеќе од бремена но дојам. Еве слики од 1. Пред бременоста 2. 2 дена пред пораѓај 3. 10 дена после пораѓај 4. Вчера месец после пораѓај. Додека ја дојам не планирам ништо околу слабеење но потоа морам малку сум раширена во колковите. Ќе ве прашував кога може да се почне со вежби. Природно породена без шиење? Спојлер
Здраво мајки лепотици зошто се оптоварувате толку со изгледот не ми е јасно да некои кога ќе ги видиш слаби мајки буткаат количка а бебево внатре нема ни 40 дена а ти го шеташ твоето за рака и имаш меше и газенце и ти се иде да пукнеш знам поминав два пати низ ова и јас ама сега третиот буквално уживам во моето тело и што конечно сум благословена да доам претходно не доев неможев, со првото останав со 70кг бремена со 82на пораѓај, до 2 останав со 82со 92 на пораѓај со 3то со 92останав а на пораѓај со 99, висока сум 175 се мерев мин недела бев 93кг,по пораѓајот со 2ја држев ун диетата од 87 дојдов до 60 за 3месеци значи со две деца диетата и раб.во 3смени ама пак се вратија килограмите до тие што бев пред пораѓај, и генетиката има улога верувајте така да сега не сум ни помислила на диета алиштата ме собираа и бремена кога бев, сакам да сум по слаба ама здравје диети ке држам кога ќе престанам да доам.... Поздрав девојки и уживајте во улогата што ја имате бидејќи некоја во моментов само посакува бебенце в раци а не витко тело, се надевам не навредив и повредив некоја...
Денес ми е 8 ден од пораѓај. Не качив мн во бременоста, последно измерив 9 кила ама претходно имав 3-4 плус од инвитрата и бев на бед рест скоро цела бременост па последиците се гледаат во бутки, омлитавени мускули (претходно вежбав по неколку пати неделно и редовно трчав, саде мускул бев) и мешево ми е доста тврдо и подуено. За беља, после царскиот ме фати запек и еве дури денес 8 ден се олеснив. Само една дилема имам сега иако знам дека е рано да мислам на килажа ама да прашам. Откако сум вратена од болница немам некој посебен аптетит, се врткам околу бебево, возбудена сум, гледам да потсредам дур спие, да заперам нешто, мејл ова она и не мислам толку на храна - особено кога ќе се видам на огледало со мешево како 5 месец, бетер ми се одјадува. Од друга страна, страв ми е ако не јадам 2-3 оброци ко што треба, да не зезнам работа со млекото - не биризикувала. Какви искуства имате - дали користевте “гужва” да симнете некое кило или јадевте на сила за млеко? И дали некој од вас после царски има користено појас за мешето?
И јас бев царски, со самото доење слабеев цело време, почекај малку види како ќе ти биди, оти има некои "среќници" што слабееме со доење а има и обратно, што се здебелуваат, сепак рано ти е многу за се, сега е најбитно бебчето да си има квалитетно млекце
Ќе си ослабиш.Јас се поправив 20 и нешто кила сега сум -9 од стартна тежина. Равна 60кг а забременив со 69. Ниту една стрија или салце.Никогаш позгодна Еј,можеш и со сатва антицелулитна да се мачкаш.А инаку со доење се слабее.
Среќа стрии и такви глупости не ми се направија, се мачкав многу со Еуцерин масло и кокосово масло ама на бутките се собра малку целулитче од лежењето во кревет.
Јас (скоро) се вратив во првобитната состојба како што бев , дури луѓе на улица ме прашуваат предколку време се породив и како успеав да симнам кила толку брзо. Додуша не качив и многу кила во бременоста , се си одеше кај бебуш се мерев завчера - 54 кг сум , треба 2-3 да симнам за да бидам како што бев. Инаку стомакот не ми е ист - мек си е , дали треба време да се врати во првобитна состојба или по втора бременост таков си е @Yowannty на фрејзидерм да не ти дадоа креми од клиниката? Мене вакви полно ми дадоа ама искрено не верувам дека без вежбање би помогнале нешто кремиве