Ми дадоа еден куп креми ама поишето се за бебе. За мене имаше 2 креми за брадавици, гел за интимна хигиена (патем ми се свиѓа) и крема за затегнување на стомакот која уште не најдов време да ја пробам.. не ми текнува дал имаше уште нешто за мене.. мислам дека другите креми беа за бебе... И мене стомакот ми е мек, а прво ми е.. уште ми е језиво кога се допирам на бањање околу резот оти намб ми е местото и малку како потечено.. и ми се чини највеќе ради тоа не сум ја пробала кремата.. не ми се свиѓа како стомакот ми изгледа и избегнувам воопшто да го допрам па и видам... Одвреме навреме маж го викам да ми го погледне резот и дали е се ок, вчера го прашував дали можам да се бричам, не знам дали смеам да се депилирам.. вели ок му изгледало се ја уште не сакам и не можам да се погледнам таму.
Не се јаде за млекото, се јаде зашто доењето исцрпува и треба да имаш сила. Јадеш за тебе, за да бидеш како што треба. Јади почесто по помали оброци и чувај се. Пиј течности многу, тоа е најважно.
Се пријавив на Маратон со бебе. Со килажа иста сум како пред бременост, ама мешево ми е дупло поголемо. Не дека немав меше и претходно, ама ме нервира. Бебе ќе прави 9 месеца за некој ден, полека намалувам со доење, така да време е да се активирам.
Со оглед на тоа што моментално менито ми се состои од тестенини и мачкан леб, добредојдено ми е да имам идеи за храна. Сега готвам само за бебето, јас што има тоа јадам, што најчесто воопшто не е здрава храна.
Епа спреми се да готвиш секој ден и за тебе мене тоа па мачно ми беше кај за бебе и маж и уште посебно за мене ама убаво се осеќав и повеќе енергија некако имав иако не спиев скоро ич.
Не ми останало време да се пријавам, кога почнува? Ќе ти правам друштво малку да се стегнеме време за во фитнес студио њама.
Маратон табата почнува од 21.10. Бидејќи бебе е скоро 9 месеца, тој ми го препорачаа. Јас сега само за бебе готвам. Маж ми не јаде манџи, сам си готви што сака зошто стално е на некој режим (си вежба Insanity), и сега ми рече ако добро мени ми дадат, да сум готвела за него. Баш повеќе мотивација ќе ми биде ако спремам за двајцата, вака само за мене може да забушавам. Башка при маж со коцки на стомакот срамота е јас со мешево
^И пишав сега на девојката ќе ме информира. Ќе готвам ако е нешто некомплицирно. Сендвичи у стомак ми пораснаа.
Доите? Мислам дека табата не беше за доилки. Инаку маратонот (со бебе го вежбав јас), т.е. вежбите се супер, ама мене ме утепа готвењето. Готвење три пати на ден, па плус за бебе, среќа мм ми правеше друштво па не готвев за него посебно.
Јас сум на пола пат да откажам доење. Пие млеко 4 пати, од кои еднаш обавезно е АД, и моментално работам на замена на второто цицање. Значи цица насабајле и навечер само. Затоа сега се решив да почнам, зошто знам дека вежбање и диети влијаат на млекото, таман ми е сега да почнам. А кога зборев со таа што го води вежбањето не ме праша дали дојам. Ни јас не се заинтересирав зошто не ми значи, секако скоро планирав да ја одбијам малата пред да тргнам на работа. Едит: За сантимите и мене ми е, иначе килажата ми е таман. Ако симнам некое кило не е страшно, ама исто бев и пред да останам бремена. 63кг на 168см.
И јас сакам да пробам табата да го вежбам, за маратонсо бебе ,бебе веќе тежи 10кг и мислам дека не сум спремна да вежбам со него минатиот пат беше полесен, едино со тегчиња.
Ајмо пријавувај се да направиме една екипа. Уплатив за средина на Ноември, табата се вика. Има и за доилки али и јас како Спиди не сум многу загрижена и сум во фаза на одвикнување али немам среќа како неа да пие ад.
Коа ќе не стаи у група на инста ќе се разоткриеме сите од форумовјас во мк сум уште, на 29ти ќе се враќам па мислев тогаш да се пријавам, најверојатно ќе се погодиме заедно
Баш вчера таа постираше дека ова е последен маратон за 2019, и си викам Фри нешто утнала. Јас се спремам да јадам ко што пишува, маж ми рече ќе јаде со мене, па ќе видиме. За благо и леб немам мака, ама кока кола и вегета ми плаче душава уште од сега
Дали некој знае колку активност е дозволена/препорачлива после царски рез? Знам дека класично вежбање не смее 3-4 месеци, стомачни после 6 месеци ама што е ставот за пешачење? Денес ми е 22 ден од пораѓај и од вчера почнав да пешачам ама денес се замислив дека никој не ми го одобри тоа па се прашувам да не не смее