Ivanovicka мила каков е тој појас може ли да набавиш слика да го видиме? и од кој пазар го набави кај го има?
Еве ме мене на 7,5месеци после породувањето, конечно почнав да добивам некоја форма. А најголема среќа е што денес влегов во старите фармерки(кои ми се мерка за слабеење) и успеав да ги закопчам Но, сепак се познава позади дека има уште за слабеење, не стојат сјајно, важно влегов во нив, односно ги закопчав(зошто за влегување и пред тоа можев). Деновиве малку ги намалив апчињата за слабеење, но од утре повторно почнувам со полна доза.
какви апчиња пиеш??? јас сакам уште 3-4кг да ослабам... не ми оди со пазење иначе сега сум 54кг а бев 72 во 9ти месец од бременоста. кога се породив бев 65кг
Леле жени дај кажувајте кои апчиња ги пиете за слабеење, диети и што ли друго правите, јас веќе не можам да се гледам ваква, не ме собираат ниту старите фармерки, ниту блузите ми се таман што си ги носев, ништо, тотално се разочарувам кога одам да пробам нешто во бутик, ништо не ми бива и не можам веќе се нервирам многу почнав да пешачам, за вежбање немам време кога да вежбам со малиот сум сама и нема кој да го чува да одам јас во теретана, а би сакала многу да почнам да вежбам за да се стегнам барем, целулит full имам, мешето ми е како каша, абе не, не и не, не можам да се гледам ваква, секој ден гледам и јас некои диети некои апчиња за побрзо слабеење оти вака не ја бива работата
Женски јас ги пијам Vitaslim, одев на среќа, тие први ми дојдоа на памет и ги зимав во аптека. Искрена да бидам малку бев скептик, но за 5дена ослабнав 3кг, додуша не се примеќаше тие денови на мене, веројатно беше некој вишок(кој насекаде го има ). Сега е подруго, веќе испив една ипол кутија, три пати на ден се пијат, но деновиве ги пиев само еднаш, малку да одморам,да не ми дојде наеднаш. Многу се изненадив денес со фармерките, ама ептен ќејф ми се направи А за целосно враќање како пред бременост има уште доста, само полека, сега веќе имам надеж дека ќе бидам старата јас Инаку и мене голем дел од гардеробата не ми е точен, посебно во делот кај градите, ништо не ме собира, дека пред тоа имав мали гради(75 градник), а сега машала 90ка сум уште, е тој дел незнам кога ќе почне да се собира.
Почнав со LIGHT , планирам два месеца со нив а после со LINE. Кај мене е многу лошо што од јадење можам да се откажам , ама од благо никако. Сега ги пијам и јадам навистина многу благо, буквално секој ден, зошто осеќам и мака ако не каснам, изгледа ми паѓа шекерот, па имам вртоглавици(ова ми се случуваше и пред апчињата, да не излезе дека ми е од нив )
епа мајки вака јас сум висока 183цм кога останав трудна имав 75кг а во девети имав 90кг и кога се породив не се мерев али бев исто голема леле немозев да се поднесам а лани беше у сред лето ништо неможев да облечам освен хеланки 2-3 маици и толку ужас и си реков ако вака бите бев спремна ништо да не јадам и да вежбам додека не постигнам резултат али мајка ми ми кажа едни вежби тибетантси и имаше успех воведов ред на јадењето на секои 4-5 саата јадев накасно до 7ч навечер и пиев вода многу и се симнав на 78 сега ми останаа уште 3кг и никако да ги симнам значи ми требаше скоро година еве линк за вежбите можеби ке си речете безвезе али верувајте дека не се има резултати http://mkd-news.com/tajnata-na-dolg...ki-rituali-za-besprekorno-zdravje-video-foto/
МеУ, колку е цената на тие Витаслим и колку има во една кутиичка ако сакаш да ми кажеш и ги има ли во сите аптеки? Утре планирам да одам до Мк па ако е прифатлива цената да земам и јас за мене...
Јас да ви кажам со диета симнав најголем дел од кг ама заедно со мм ја држевме ух едно 2 месеци па после постите и ослабев 12кг ама ,многу се здебелив во бременоста па сега ми требаат уште 5-7 кг за да бидам во топ форма. Ама не е само да ослабеш треба телото да се зацврсти ,а без вежбање ништо ,и масажи треба да се прават ,ама време пусто ,јас и така сум изморена со малиов па небаре да се качам на орбитрек да вежбам. Гледајќи ги сите другарки на година дена од пораѓај сите се вратија во форма така да ,треба да се внимава малку и без нервози (јас во депресија паднав со вишок на кг,бидејќи многу е тешко да имаш пари да си купиш нешто а кога ќе го пробаш да се разочараш)
еве јас ги купив vitaslim light, во зегин 670 ден 30 капсули, се пијат 3 пати на ден по 1-2 капсули. незнам уште дали ќе пијам 1 или 2 капсули.... мене ми треба да намалам уште 4-5кг, се надевам ќе можам. планирам месец дена да ги пијам во звисност како ќе намалам на кг.
Многу скапо ова само за10 дена ,па ни толку ако пиеш по две ,како што разбрав или 3 на ден или 6 доручек ,ручек,вечера. Јас повеќе сум за хербалајф да пробам ама знам дека само полесен начин е ,ама краткотраен. Ај ќе ве почекам за еден месец да кажете има ли ефект или не.
скапо е бе како не е, јас цел ден се двоумев и на крајот ги зедов. ќе видам за овие 10тина дена (оти некојаш не јадам 3 пати некогаш и еднаш јадам) како ќе биди ако нема ефект не ги купувам, а ако има ќе купам, ај ќе пишам по 10тина дена, ама еве меу за 5 дена 3кг изгубила, па не се малку, за то се излажава јас. а сега ако се зафркнав и кај мене да не делуваат така..... едит од кога ја прекинав ун (со 53-54кг) сум се поправија и сега сум 56. аааааааа сега се мерев, ќе си каснам од газ*т, аааааааааааа
Јас со 55кг забременив, со 82кг отидов на пороѓај а сега по 40 дена имам 65кг. Е сега незнам како ке си ја вратам предходната килажа треба уште 10 кг да симнам.
Јас не се поправив ама ми треба уште да намалам ,може пак да ја почнам да ја држам ама убаво е во друштво сега сама ќе треба да ја држам. А за 5 дена и јас со ух изгубив одма 3 кг ама тоа се течности ,само првавилна комбинација на храна му е мајката нема што друго,и еден ден во неделата да биде слободен ден во кој можеш да си ја почастиш душичката и со благо и со омилено јадење тоа мене ми одговара а има и има ефект. А Локи.ц9 мила каде брзаш ти 40 дена сакаш одма на модна писта како Лима да бидеш,за 10 ич да не му се секираш одма ќе ги ослабеш а па сега и лето со салата и овошје уживанција.
Stefi јас пијам по 1капсула 2-3пати на ден, 2нема шанси да испијам наеднаш, страв ми е. Јас имам прилично голем вишок од 15кг за да бидам како пред породување а 20кг за 1-2месеца пред бременост ))) затоа може овие првичните така лесно се изгубија, но искрено и не јадам како порано, претежно салати, овошје, ручек без леб, е сега благото сеуште не сум го намалила ич. Ако успеам и од благото да скратам може и поголем ќе биде ефектот , здравје.
Јас забременив со 64 кила,а се породив со 70.Сега 4 месеци по породувањето имам 60 кила, ич немам апетит. Ми остана само мало меше, што со мидер не се ни познава ама ќе се ставам на диета и вежбање за и него да го снема.
браво силк ти супер си,јас стартирав со 65 а усте сега во 9та недела сум 68 до крај којзнае колкава ке се напрвам,дај кази ти внимавасе ли по колку пати јадесе на ден,колку колиЧински?
Да ти кажам не внимавав што и колку јадам,ама мене некако периоди ме фаќаа за одредено јадење.На почеток бев све на сладолед па после само компири јадев и при крај си се разјадов се и сешто, значи на количината не пазев ама многу пазев да не мешам јадења,значи само едно јадев пр.само компир. Во бременоста обично имаме голема потреба да мешаме некои вкусови кои обично не би ги мешале, па има жени што во еден сендвич ќе стават и кечап,мајонез, сенф, компир, месо, салата, па некој газиран сок...и уствари тоа е тоа што дебелее. Мој совет ти е да си јадеш се, не е време за гладување, само кога ќе јадеш да јадеш по едно јадење и салата на пр. Повеќе вода, помалку благо и нема да имаш проблеми. П.С. ЧЕСТИТКИ ЗА БРЕМЕНОСТА, најлесно да си ја поминеш и да имаш најубав пороѓај.
Јас забременив со 84кг.На порогај отидов со 103 а 10 дена по породувањето бев 93кг.Е сега незнам од каде да почнам со слабеење хеххех