Ти се шалиш, ама сурова вистина е. Сите кошули ги фрлив, ниедна не можам да закопчам преку цицките, а едвај 2 кила потешка сум од пред бременоста. Душа ме боли за трите најнови што ги купив 1 месец пред да останам бремена и не се носечи скоро ич. Ниеден прслук не ме фаќа, и тие сите отидоа во канта. Во сите бои, шари и чипки имав. Сега сум со 1 крем и 1 црн прслук, и само памучни блузи. Се претворив во мајка ми...
@Spidy како за прв ден, како помина? Многу тешко ми оди вежбањето после две години речиси пауза. Како прв пат да вежбам се осеќам закржлавена скроз. Али како е добро она разглибавање како што сум цела укочина мерак. И сум готвела. И сега сум гладна па ќе си легнам оти ќе го заебам денов
со Фитнес мама ли вежбаш? и мене со неа ми беа претешки првите два дена после влегов у шема ама со тегови јас без бебе
Да, без бебе групата. Ти шампионски со тег ) Не можам јас толку со тег, слаба сум станата сите мускули ми исчезнале. Разочарувачки делува, а трчав по 12 км пред да останам бремена. И ова цицкиве ми иде да ги фрлам жими се како бардаци големи и тешки ниту се вежба со нив ни ништо.
Како смо се надали, добро смо се провели Очекував потешко да ми биде, ама единствено видов мака од неорганизација. Тргнав да правам риба за ручек, имав во замрзнувач, испадна со поминат рок била, па на пола правење ручек трчав до продавница да купувам риба Така ми е кога не проверувам. Со исклучок на зеленчукот во вечерата, ми се погодија јадењата, не сум гладна. Водата не ми прави кејф, едвај 1 литро испив со сила. Маж ми рече повеќе ме сакал сега зошто од овие три јадења денес не јадел поубаво во животот. За вежбање, очекував потешко да биде. Маж ми вика не сум вежбала правилно чим лесно ми се видело. Извежбав 8 минути, комотно можев уште 8 да терам. Јас никогаш немам вежбано, возев точак редовно едно време, ама и тоа одамна не правам. Кондиција не сум имала никогаш, ама ете не ми се виде страшно. Ќе видиме утре, ќе пробам побрзо да се движам, може бавна бев, не знам што друго може да грешам. Се на се, супер почнав. Ќе видиме утре, може ова беше само почетничка среќа.
Мажот ти до тебе да те кара за правилно да ги правиш. Иначе чим ти се видело лесно може си набила кондиција месециве може и до тоа да е. Ми се јаде ми се лае.
Хахаха во право си. До оглед на тоа што пред бременоста немав гради. 75 Прилук пуш ап носев А сега но комент.
Утре ќе го чекам од работа да дојде, па да вежбам, па ќе видиме што ќе каже. Он вежба по 30 минути, ама сум го гледала, жива вода се прави. Јас ништо. Срце само ми лупаше малце, ама не бев испотена скоро ич. Нема шанси да сум толку јака
Ова со цицкиве додека сме тука...ке се вратат во нормала после доење? Прашувам бидејќи пред да останам бремена имав само ознаки каде треба да се има града,а сега смешна сум,како придодадени ми се,не ми одговараат на висина и градбаштрчат. Башка што се шетам со еден бел и еден црн прслук за доење нема шанси со корпа да е. Во глобала се вратив имам вишка од 4 кг,но останав бремена со 49/50кг. Со 73 се породив на 3 месеци се вратив 55 кг и сега на 6м сум 54 кг,но ништо не е исто,се е лабаво, меко,растресено а и јас сум мрза не ми се вежба ама ич
Да, ќе се вратат виснати , еве мене второто дете уште малку да ми ги доизвлече и ќе затворам ,,цицачка фаза од животот мој,, Јас си ја вратив старата кг ( 60 кг) но си имам троа повеќе целулит НО чекам бебе да прооди и така со трчкање по него и тоа ќе си го средам . Се нервирам што никогаш у живот не сум вечерала а сега вечерам за да имам енергија цела ноќ да правам млеко
Женски ај ве молам за малку подршка Во бременоста качив 14 килограми, се породив пред еден месец и дома се вратив само со 6 кг помалку. Сега после еден месец имам 8кг помалку. Нејадам благо и леб еве една недела веќе и плус дојам ама неможам ниту грам да симнам повеќе. Какви се вашите искуства? Има ли надеж за мене? 80 кг сум сега во моментот и се осеќам како тенк.
Како јас да сум го пишала ова Со 49/50 останав бремена, со 73 н пораѓај. Бебе е 1 месец јас имам 58,5 кила. Никогаш не сум вежбала мрза сум за тоа а секогаш имав рамен стомак и се друго ок. Е сега стомак и грб ми се со спратови и млитави, и поправена сум во бутките и газот .
Има надеж секако. Не се брзај, уште не е поминато време да се среди организмот и матката да се врати и хормонално да се опоравиш.
Не баш. Јас кога ослабев и престанав да дојам со првото ми се намалија.. и виснаа ко кожинки (море како издишан балон). А носев 85 90 пред прва бременост, гради полни убави, во доење (со првото) беа бетер огромни, носев огромни прслуци кои сите ги испофрлав... Како ослабев така ги снема, па второ доев 5м само и сега носам 75ка пуш ап На ехо кога бев за градиве таа ми вика што си направила бе немаш грааам салце во градава Една нед пред да добијам ми се убави полни и тогаш ми се можеби 80ка, инаку 75 и меки никакви Јас па во фаза на поправање сум, јадам, вежбам, морам да качам малку нагоре
Девојки, после колку време се повлекува стомакот? Се породив пред еден месец со царски, стомакот многу малку ми е повлечен. Изгледам како во 5ти месец да сум, а само 6кг се здебелив во бременоста т.е само во стомакот се поправив.
Ве читам за цицките, моите се речиси истите, еве скоро завршувам со доенечки стаж, второ дете. Носев 80В, во бременост и доење носев 85В, и сега се вратив на старите прслуци, дорма и големина речиси иста, не сум разочарана. Значи не е задолжително дека на сите им виснуваат
Нема правила. Но колку што ме држи сеќавање, а и по слики веќе на 40дена и немам меше, а она баш убаво вовлечен, вратен у нормала по 3-4м. Блазе тебе, среќница си
Јас почнав на пилатес. И на режим сум за храна. Дојам да, ама не се поднесувам. Уште шетам во една маица што ја купив. Пробав панталони за на работа што ги носев, до колена идат. Знам како да ослабам ама уште не можам немам кондиција. Лежев година дена.
Ти 85ка? Озбилно мислев помали имаш На тие со поголеми обично им се случува ова, а и што ослабеле нагло како мене. Ти иста си беше цело време немаше драстична разлика, па може затоа Јас кога доев со првото носев 100,105