@Spidy саси вода ли пиеш?Мене ми беше она највкусна од се само без ѓумбир ја праев дека од него ми паѓа притисокот мн.
у несвест ли падна Епа лимон гумбир нане од тоа опаѓа притисок башка ако имаш природно низок си ебала мајката
Неее... пиев 2 дена и третиот почнав и на пола ден ме фати јака болка во желудник да неможам да мрднам, се убив од повраќање од болки и завршив на инфузии
Мислам дека може да потрае и месеци. И сето тоа е нормално. Зависи од жена до жена. И од бременост до бременост.
Пиев два дена, ме утепа глава болење, и ја баталив. А и не ми беше убава, пробав повеќе на краставица, па повеќе на лимон, никако не ми направи мерак. Од вчера пијам обична. Верувам дека е ефективна за прочистување, ама не можам да ја пијам, лошо ми е штом се напијам.
После 2 год.сњуште имам стомак,само нели не како после пораѓај ,ама си имам . Вежбам аеробик 3 пати неделно и минимално се намали. Зависи од жена до жена. Нема универзално правило
Некна ќе завршев како тебе, исфрлив и саси и храна. Само вежбам. Многу се исплашив не можев до тоалет да отидам. Ќе направев глупост голема за малку. Притисокот го мерев беше во ред али дехидрирав. Плус ѓумбир ставив малку што не го поднесувам мислев ќе умрам од гадење. Па кога ми дојде мојон ми даде и режим и саси и маси.
Храната не е лоша. Втор ден по ред рипам вечера. Најадена сум доволно и со ручекот. Вежбањето исто, напорно е, ама не е страшно. Работата е што драстично менуваме режим, нормално е и драстично да ти реагира организмот. Јас од вц не можам да излезам, споредбено што претходно 1-2 пати во неделата сум одела. За мене е драстична промена, ама на подобро.
И јас ја рипнав вечерата пред да ми се деси бидејќи немав апетит и од ручекот ми беше доволно. Плус организмов произведува млеко, малата знаеш на цицка навечер спие , плус неспана и сето тоа кулминираше со колапс. Сега сум супер се вратив на себе али тренинг не пропуштам ги уживам просто тие 30 минути мои си се. Само се хранам како што јас мислам дека треба. Не ми треба килажа надоле секако.
Јас ваљда послаб желудник имам и не ми ја поднесе... уште прв ден чудно ми беше на стомакот ама ај реков нормално дека е, ама третиот веќе ми раскопа желудник... После инфузија и ден лежење во болница мм не ја фрлил таа што не ја допив и го терав он да ја истури, неможев ни да ја мириснам Најефикасна ми се покажа Ун диета, не се гладува и брзо се слабее и со неа си доослабев А сега се спремам и да почнам пак на аеробик ама ми е страв пак да не ми пушта бешиката при вежбање... Се надевам дека бар тоа се вратило во нормала. При повеќе скокање мочнував Мада кивнав пред некој ден во одење и пуштив Оф како баба некоја сум... Има некоја друга ваков проблем?
Млекото те утепува, енергија е тоа да создадеш храна за друг човек. Јас дојам само насабајле и навечер веќе, може затоа полесно поминав. Ова сум слушнала дека е од слаби мускули после природен пораѓај. Прави кегелови вежби, би требало тоа да помогне.
-4 кила, уште 12-13 кг иако знам дека телото нема да ми биде исто. Уште кила ми требаат за да бидам колку што се вратив од болница после пораѓај. Се надевам за 5 месеци поплека ќе ги симнам. Не сум на диета класична, нешто комбинирано но морав да се средам. За вежбање сум како тетка некоја што прв пат во животот вежба. Инструкторката лево, јас десно. Исчекор ако направам има ризик да не станам. Трагично е не е смешно како изгледа. Плус цицкиве ми сметаат. Се трудам.. ќе биде. Јас не можам дома да вежбам. Ми фали социјализација, затоа во група на пилатес, колку толку... Ако треба 20 повторувања, јас 7 доста е...
Јас и ти се породивме во исто време, ден два разлика, исто со царски. Мене ме извади од памет стомакот додека си го гледав првите денови како 6-7 месец па одма почнав појасот од Чико да го носам најмногу што можам, еве уште го носам и фала му на Бога се повлече стомакот, остана уште малку да речеме ко трети месец плус малку салце што се наталожило од лежење 8 месеци. Само ради ова ми беше жал што ќе мора царски, како сега да се стегнам како порано кога мора да чекам шест месеци за вежбање И јас како @Presrekna уште пет дена по пораѓај сум 3 до 3.5 кила само плус од пред да забременам и главно ми се во цицки, огромни ми се. Се гледа и малку наталожено во бутки и стомак од лежењето. Проблемот е што јас имав качено 3-4 кила и со инвитрата претходно па му доаѓа како да сум сега 6-7 вишок наместо само 3. И вториот проблем е што иако дојам по 6-7 пати дневно, не вечерам, не грицкам, малку благо јадам, не јадам мн количински и веќе шетам со бебе колку ми дозволува време, откако сум дојдена од болница нејќе и нејќе брате ни грам надоле. А само трчам низ дома околу бебе и осеќам на моменти дури дека гладувам. Знам дека е рано, едвај месец од пораѓај ама сакам барем малку да мрдне надоле тежината да ми даде надеж дека ќе се вратам брзо на старо Не знам зошто не мрда, дали доењево нешто го штити телото не дава да намалиш чува резерви, што ли му е
Јас почнав мидер да носам. Каков појас е тој и колку го плати? Да земам и јас ако е добар. Не можам да се гледам во стомакот. Во друго ништо не сум поправена, се на се само 6кг ставив цела бременост, ама стомакот ми стои.
Не мора да значи, ама причина може да биде и ова https://www.babycenter.com/0_diastasis-recti_10419293.bc Не го пробувај ова сега, нека помине уште некој месец, најарно после 6 месец. Ништо невообичаено и неочекувано, се средува со вежбање. Башка што, не секогаш одма се враќа стомакот каков што бил. Обично кај вежбачи и многу слаби се враќа и се израмнува скоро веднаш, а кај пополнички оди побавно. Освен тоа, самиот царски рез е таков, остава минимално стомаче над раната, веројатно од резот.
Еве го: https://www.encimenci.com.mk/po-as-post-porodilen-l-chicco-116400003 Малку е мачно носењето, да си стегнат цел ден ама кај мене имаше ефект. Ми го препорача другарка, она имаше качено околу 14-15 кила и до 40 дена и се вратил целосно стомакот во нормала со појасот.
ауу да знам да не пијам. Јас летоска на работа си носев саси. Не видов мака а со низок сум. Баш ме освежуваше само ѓумбир не ставав