И ја сум со низок цел живот. Додека бев бремена има 120/80, за 1 саат од кога се породив си се врати на 90/60 како што беше претходно и еве уште е така. Не знам дали глава ме болеше од саси водата, ама умрев вториот ден кога ја пиев, сега си пијам обична вода, и супер ми е. Јас само лимон и краставица ставив во водата и пак ми беше мачно. Може е до составот, ама и кога живееш со низок притисок и внесеш повеќе течности може да ти биде лошо од покачен притисок, иако тој притисок е нормален за останатите. @FreeMind имаш резултати само со вежбање? Немам ништо против храната, убава си е, ама ме интересира колку можам да забушавам
мене па ми велеше матичната цел живот многу течности секогаш кока кола носи со тебе и солено. Јас па додека бев бремена исто ми беше 80/60 или 90/70 некогаш до 100 одеше. На 130/100 имам инекции примарно тоа за мене е висок.
Значи да не се надевам дека ќе ми се врати стомакот штица како пред царскиот. Во кила сум минус од пред бременост, ама меше мало остана над царскиот, не е рамнно иако пимина 1 г. Значи до тоа било и нема надеж да го снема.
Минус 2ипол кила, 2см на гради, 5 на стомак, ич на задник освен кафе со млеко и шеќер што пиев 2 пати, ниедна друга отстапка не направив од режимот. Добро е што има ефект. Се мислев од кога ке заврши ова да продолжам со вежби повремени, па ме интересираше колкав ефект има храната. Си ја сакам кока колата назад И за мене е висок 80/120, оној нормалниот, ама еве во бременост толку ми беше не ми сметаше. Ама одма се врати назад после порагај, дури морав да и кажам на сестрата што ме мереше да не дига паники, мислеше нешто крварам штом нагло почна да паѓа. Мислам дека на 140/90 се добива терапија во бременост, ако добро се сеќавам, ваљда заради долниот притисок ти дале инекции.
Оддамна не сум им дала толку туража. Листовите ќе ми прснеа. Јас со кардио имам проблем горе доле како да немам здив и многу се уморувам. Кондиција испод нула тоа значи.
Ниту вежбање ниту диета, кога бебе наполна 5 месеци бев вратена во килажа како пред бременост. А си качив убави 20 кг ама сега ги нема
6 недели по породување вчера. Се вратив од болница -3 од пред бременост. Сега сум +2.. 5 кила качени. Почело је пак. 6 недели неспиење... доење на 2-3 часа.. пумпање... Плус уште едно дете кое го сака исто вниманието од мајка. Јадам благо ко будала. Само тоа ме држи да постојам. Инстант енергија. Во спротивно ќе колабирам. Башка еден апетит отворен, мислам дека можам светот да го изедам. Морам со време да престанам, инаку пак ко првиот пат ќе си терам нагоре...
Јас бев речиси 20+. За пет месеци дојдов на 0. Благо никогаш не сум јадела, едно чоколадо една година. После породување ако не каснам благо не сум јас. По еден сладолед и пудинг на ден задолжително. Али пак јадев само леб и кашкавал со месеци, го изгубив апетитот. Пробај еднолична храна јади, минимизирај ги вкусовите ќе намалиш на апетит. А без благо на тој стресен ден кој го имаш со две не знам како би поминала. Нека заврши фазата доење ќе се вратиш, сепак изглед не е битен битно е како се чувствуваш во себе нели. Јас кога вежбам сум баш ваква: https://twitter.com/savasavanovich/status/1184415354283540482?s=20
Бременоста ја стартував со 46 се поправив 9 кг за 8 месеци се породив пред две недели сега сум 48 стомакот ми е даска дури сега ми е чудно
)))))) Знам дека не е лесно ама ај.. Со оглед дека имам јас многу вишок, сигурно не ме пукна од овие 5 кила.. ама некако си бев среќна дека во бременост не се здебелив дополнително многу, качив 8.5 кила, а од болница се вратив минус 11.5 кила.. па бев некако весела демек.. иако знаев дека ќе качам нешто земајќи во предвид дека се враќав од царски и бев малце така отепана. Секако приоритет ми е доењето и бебето, па овие килца на моите милион плус не менуваат. Ама муабетот ми е да се сопрам некако со време да не ги прераснам во 15+... А без благо не бива. Не се зафркавам. Вака во ноќта ем ми дава инстант енергија, ем после тоа водата е најубава и се хидрирам со задоволство.. а и осеќам додека јадам чоколадце (и ронам врз детето) заради поголема продукција на окситоцин (жива среќна и задоволна од благото) на бебето побрзо му доаѓа млазот на млеко..
Ова со благото дефинитивно сите не дрма. Во животот не сум јадела толку благо. Секогаш бирав солено пред благо, торта не пробував на никој роденден. Сега не си одам додека не каснам торта .
Има ли некоја со мака како мојава? Јас мака мачам да качам некое кило. Скоро три недели има како се породив, со царски. Бебе цица. Со 63 отидов на пороѓај, сега сум 52.5. Кога ќе се видам во огледало, дури не ми делува здраво толку што сум слаба. За јадење, си јадам нормално, и повеќе од претходно. Благо обавезно, навечер додека бебе цица, јас грицкам нешто. Сокови со литри пијам и пак не мрдам...
Доењето исцрпува да знаеш.... земај додатно витамини. Доколку се чуствуваш исцрпено испитај и кс. Внесувај си храна кокку што ѕи е потребно. Настанат е и хормонален дисбаланс,па ти си една од оние среќнички што брзо слабеат. А има и такви што одат нагоре во килажа
Јас бев исто како тебе после царскиот ослебев многу килограми. Но од кога наполни бебе 7-8 месеци почнав да се враќам во нормала