Утре дефинитивно одам да видам што се случува со мојот циклус. Не дека ми фали, ама една годима без менструација??? Што е многу многу е. Страв ме фаќа дури.
ааа да не има нешто се шалам,провери се обавезно.Јас откако се породив ми рече гинекологот на 40тиот ден да отидам,и плус повторно на 6 месеци.Ти воопшто не си била?
Бев 3 пати. Еднаш пред 6 недели, еднаш на 9 и еднаш на 4. Нема нишш за таа работа. Само многу се издолжи.
Абе сепак мислачка ми е. Да не ми пореметија нешто со царскиот. Мада бев кај 2ца гинеколози и двајцата демек се било ок рекоа.
И јас сеуште немам добиено,10 месеци поминаа од породувањето. Нормално си бев на контрола на 6 недели и на 6 месеци по породување,се си беше во ред. Еднаш имав така нешто како крварење,кое беше само на бришење 2 дена. После тоа бев на преглед,докторот рече дека е се во ред и дека за скоро нема да добијам. Искрено и не се жалам,баш ми е убаво.
Јас не појдов на 6 м, зошто бев после 4 м и мн на брзо ми идеше. Затоа ќе си појдам утре. Поарно така, отколку да си се нервирам цело време.
И кај мене еве 7 и пол месеци ја нема. Јас бев на 6 недели и 4 месеци на преглед. Тогаш ми рекоа да не очекувам за брзо. Не дека сакам да се замарам со неа, но сакам да ми дојде и да се врате се во нормала.
Сега си идам од преглед, др ми вика се е ви ред имаш полицистични јајници. Јас вака останав. Никогаш сум немала таков проблем. Ее ми вика сега не можи на 30 години да ти се напрајле, такви ти биле. Зар е можно до сега никој да не ми кажи. Мислам дека сега нешш се пореметив. Иако овој др вика се е супер ќе одам и кај матичниот, да видам и ом шо ќе каже. Може ли после пораѓај од хормонален дисбаланс да ми се направи ова?
А од каде се најдоа тогаш. Ништо не ми е јасно. Претходните контрили никој не ми спомна за ова. Мн ми е страв
Јас имав цисти и долго време и се борев со нив. Сега ми беше исто страв да не имам пак, и кога бев скоро на контрола, докторот ми рече не може цисти да ти се појават кога немаш добиено! Значи јајниците си работат ама цисти има шанси откако ќе ти дојде мензис.. тоа е и логично според мене
Значи јас немам циста, туку според др Синдром на полицистични јајници кој веројатно сум го имала секогаш, но без никакви симптоми и проблеми со циклус. Др ми вика слаба си, затоа немаш проблеми, ама шо знам. Зш до сега никој др не ми кажал за тоа. И сама си ги имам гледано на ехо и не ми биле вакви. Мислам дека јајниците ми произвњдуваат фоликули, но поради пролактинот не растат и не пукаат. Ова така јас како лаик си го трескам. Ќе видам утре што ќе рече матичниот.
Од кога може да се почне со физичка активност после спонтано породување? Стомакот и спојлерите ми се како желе и кај вас е така? Задутре правиме 4 недели од раѓање.
Второ мислење обавезно, оти има тн доктори што не знаат што гледаат уствари. Мене ми викаа тумор дека имам на дебело црево - читај рак, и ме исплакаа за да излезе дека сум била трудна. Ама соодветен доктор го виде тоа. Ако ти е за утеха на другарка година и пол посѓе пораѓајот тек и дојде менструација.
Ни мене не ми фали, ама од кај излезе ова со полицистичните јајници. Инаку и др ми вика уживај дур немаш и дој си го детето. Секако ќе дојде, ако не ќе ти дадам апчиња и ќе се среди.