После 7 месеци денеска добив. Како гром од ведро небо сабајлево,а баш се чудев зошто бев толку напната деновиве и со брунки на лицето. Пред месец и пол бев на преглед матичната ми рече јајници заспани, нема најава за скоро ....али ете се разбудиле.
Значи реков на крај ќе се фалам ако сум ко манекенка. Сега еве се мислам дали да си ставам слики пред и потоа во темата Ваши резултати. Мешето скоро го нема, струкчето ми се врати, е сеа малце и цицките ги снема, ама тоа е. -3 кила сум, и со тоа официјално и послаба него пред да останам бремена. Немам коцки на стомакот, ама супер е. Работата сега е што најверојатно одма ќе удрам по старо, па ќе видиме колку долгорочно ќе задржам резултати. Ако не, после второто пак ќе запишам маратон Ти задоволна си?
Табата маратон. Истата жена што го води Маратон со бебе, нуди и поинтензивен маратон ако имаш постаро бебе. Ова е од 3 недели везбање и режим на исхрана. Ќе си ставам сега слики во резултати, еве се кандисав
За царски мора прво гинеколог да ти одобри дека смееш да вежбаш, а конкретно за ова, пиши и на mojafitnessmama на инстаграм, па она ќе ти каже дали смееш, јас баш не сум информирана кој што смее од ова да вежба. Јас сум природно породена, со бебе од 9 месеца бев кога почнав (цица само насабајле и навечер) и немам дијастаза.
Мами, не знам дали прашањето е за тука. Нормално ли е првото добивање после породување (после речиси цела година) да е многу обилно? Како да ме заклал некој... Паники кревам дури...
Нормално е, со син ми сега така беше, првото добивање ептен обилно, влошки од најголемите од ноќните по две ставав.
Сум. Без диета сум -2кг али имам на обем намалено и изгледа постегнато. Нема плочки али ако продолжам ќе има. Важно грб и гради се отцртаа одлично.
Браво и да постираш. Нема подобар филинг од задоволна жена во сопствено тело после пораѓај. Јас со килажа сум 4 кг плус од пред да останам бремена имам 54кг,но бев 22-3кг плус. Но не е исто. Како пивтија се тресам во бутки и стомак. И гради што имам поголеми,предходно само брадавици бев. И која е цената за маратонот? Тешко ли е? И дали храната е комплицирана за спремање. За јадење не ми е проблем можам и да гладувам
Како се одредува дали имаш/немаш дијастаза? Сакам за себе да видам, мада не би требало да имам, не се осеќам така.
Овој јас што бев е 1500ден, има вежби и мени за 3 недели. Јас првпат вежбам во живот, не дека е лесно, ама се навикнуваш. Јадењата не се тешки за спремање, ама состојките пола првпат ги слушнав. Вкусни се генерално јадењата, и најадуваат. Гладна не бев. Многу овошје и зеленчук, нема леб и благо. Има и јадења што се благи, колачиња, такви работи, така да не бевме со огромни рестрикции. Има на инстаграм кај неа видео мислам како се проверува. А можеш и на youtube да најдеш сигурно. Не е тешко, и јас самата си проверив за себе. Ако е голема, лесно се приметува.
и мене многу ме болат јајниците и тоа долго време,се думам на преглед да појдам некако не ми изгледа нормална оваа болка
Јас па обратно ептен малку имам, точно после 9 месеци ми дојде, еве сега ми е трет циклус пак имам помлаку, стомак не ме боли ич, за разлика од предтоа, но вчера цело тело ме болеше, посебно половината, како прекршена бев. Јас да се пофалам, без диета со самото тргнување на работа, со трчање низ дома, со чување бебе сум приослабена, дури и од страна ми велат дека сум била ослабена. Друго што придонесе за ослабување беше дијагнозата за жолчката со камчиња и замастен црн дроб не јадам пржено (иначе си јадев не јадам обилно, месо не, јајца не никако, несмеам да јадам оти одма ме боли жолчката, газирно не (не пијам никогаш) благо едно чоколатче мало или ниедно, тесто исто несмеам и така натаму...
Одморена со бебе. Што беше тоа?! Се надоврзувам. Особено откако појдов на работа, спремај доручеци, рулеви, вечери, глава не знам каде ми е, не па одморена.. Или не знам да се организирам, или ми е многу захтевно детето?!