Неколку пати ми се случи траги на хартија по 1-2 дена, за завчера конечно да добијам и да крварам убаво. Породена сум пред 4 месеци.
И јас имам кила, породена сум пред дваипол месеци. Ми се појави во втората бременост ама после третава е поизразита и повеќе видлива. Немам болки ама ме нервира што ја гледам. Сега за сега ке мора да остане така, за операција ке видиме понатаму.
Не ми е повлечен ама и пред оваа бременост го имав. Се вратив на килажата пред бременост ама стомак имам. Сакам да се оперирам ама незнам кога е најдобро. И после втората бременост бев на лекар, ми рече ако не прави проблем не ја вадиме. Потоа останав бремена со третово детенце и на мисла сум да ја вадам само незнам како ке биде со мало дете, другите ми се големи ама ова ке сака во раце
Дали вежбањето делува врз квалитетот на млекото? Изначитав разни искуства и не знам на што сум. Вежбам наутро и навечер по 15 мин после подој, во количина нема промена. А и бебе си цица нареден подој без проблем. Искуства?
Јас вежбав кога бебето имаше 9 месеца. Цицаше 4 пати на ден, не видов некаква разлика во тоа колку млеко имам. После тоа намалив подои, само 2, другите 2 преку ден беа вештачко млеко (припрема за идење на работа) и ми натежнуваа градите исто како претходно, без разлика што вежбав, и тоа интензивни вежби беа.
Имам едно прашање па мислам дека ова е соодветна тема. Не знам точно по кои форуми сум читала. Мајки споделуваа искуства за мешање на Д капки со Павловичева маст и со тоа се мачкаше на стомак демек зацврстува кожа а при бременост спречува стрии. Има тука некоја да сподели искуство? Чисто да ме потсети како беше процедурата
Јас се мачкав со тоа во бременост. Почнав од 10та недела, ама врска нема. Во бременост ми излегоа 5-6, а две недели после пораѓај стомакот ми испука цел. Страшно изгледаше. Сега се смирени, не се толку црвени. Така да зависи од кожата. Другарка моја со ништо не се мачкаше, па ни една стрија нема.
Нема врска, се е генетика. Јас мачкав масло, немам ни една стрија ниту сало на стомак. Дури и подобро ми изгледа стомакот сега, него пред бременоста Јатрва ми ја правеше таа комбинација со павловиќева, три пати на ден се мачкаше. Едно мало стомаче имаше дур беше трудна а еве ја цела со стрии е. Се е генетика. Јас до сега веќе четири пати добив, а мали нема оолни 7 а докторот викаше влегувам во менопауза. Е неќе моќи, још је рано
Исто и јас ретко се мачкав, со што ќе најдев не купив ништо против стрии, немам ниту една рецка, а бев огромна.
Генерацио бебуши родени после 15 август дали добивте менструација? Јас абер немам За синко добив вториот месец и малку ми е чудно. Скоро 4 и пол месеци сме. Може мене климакс е фаќа?
Хахахаха...климакс сигурно не те фаќа. Ке добиеш не се брзај, штом се средат хормоните. Инаку да, јас немам спас од влошки добив.
Мене точно после 9 месеци ми дојде, а уште цица сега е 13м, јас па уште сакав да не ми иди шо убо ми беше, чиста цело време
Ви благодарам девојки. Дека ми фали циклусот воопшто не ми фали. Нека почека уште 1 год. Само ми беше чудно бидејќи за првото дете веднаш добив. И плус сеуште немам појдено на преглед после пораѓај па затоа се мислев.
Синко ќе полни година сега на 6ти,и јас немам добиено сеуште,моето е на 24часовно доење па можеби затоа и сум поштедена. И фала и на тоа. Кај со влошки за гради,да се расправам уште и со таквите
јас на 3 месеци после породувањето појдов. Ми рече докторот добро е јајници мируваат нема добивање во скоро време, за малку ќе викнев yess пред него и ми рече ако не добијам на 6тиот месец пак контрола.