Женички некоја рецепт за слабеење и намалување на целулит? Бев слабичка како девојка 54-56кг 170цм Сега си имам стомаче и целулит за извоз Бебка има 6м. Почнав со поздрава храна, без шеќери, брза храна, повеќе вода .. Наредно? Крема за целулит, вежбање? Некоја да ми сподели искуство. Абе кога се погледнав во огледало потполно друга нога видов Знам дека е нормално по пороѓај, но знам и дека може да се врати во нормала.
Јас кога дојдов од пораѓај бев само +3 кг. но што викаш друго тело со целулит, малку меше. Тешко ми одеше со млекото па мајка ми и свекрва ми викаа слаба си не јадеш затоа немаш млеко, па си ја почнав песната со јадење кога пред месец и пол бев +6 од пред да забременам. Па си почнав здрава храна. Леб и благо исфрлив скроз, само овошје зеленчук јогурт Манџи месо јадам. Почнав да вежбам со помош на апликација на тел по 30 мин на ден и ослабнав 3-4 кг. Па сега сум пак +2-3 но многу поинаку изгледа телото. Поцврсто, стомакот штица, а гледам дека и целулитот го снемува. Спојлер Еве сум лево во август лани пред да забременам и десно вчера. Пробај со вежби и пиј многу течности поточно вода.
Ваууу супер си!!!!! Топ! Значи успеал новиот режим. Има надеж и за мене. Јас сега сум 60кг. Значи сите ми велат дека сум сега таман, баш најдобра од секогаш, ни слаба ни дебела. И да, така е, ама целучитчето не ми го гледат под тренерките хахахахаха Фала мила за искуството. И баш е така. А која апликација за вежби? И какви вежби?
Ти благодарам на комплиментот. Према што сум 37 год и 2 деца не е лошо Плус како девојче бев дебелка. Пред се здрави да сме. Инаку Let's burn е апликацијата. Имаш повеќе можности со неа. Акцент да ставиш на раце, меше, бутови или нозе по желба. Плус брои изгубени калории.
Дај Боже и јас на 37 да изгледам како тебе Фала уште еднаш, ја спуштам и се фрлам во акција. Па ќе ти пишам како ми оди
Фала ти. Пред 4 месеци сум породена. Ајде само полека ќе биде. Најважна е исхраната. Неколку години наназад практикувам здрава и редовна исхрана и има ефект. Дури и во бременоста. На пораѓај отидов со +9-10 кг. Но пред се само здравје. Кога ќе проодуваат малишаниве знам ќе се стопиме сите.  За синко бев +18 и после си накачив уште некое килце. До 3-4 месец од што не спиеше бев -20. Кога проодуваше бев најслаба во живот. Поздрав
Пиј многу течности.Најмалце 4 литри на ден. Јас правев детокс со чај од китка магданос, 1л вода и еден лимон. Така пет дена. Од сабајле на гладно обавезно две јабојки јади, или направи смути од јаболки.И кардио вежби.Земи тоа бебето во раце и шетај низ куќа и стомак, и спојлери, и целулит ке стопиш. Јас така стопив се.
Охх мила, 4л не ми се верва дека ќе испијам. Можи до кај 2.5 А за јаболка да и шетање со бебка да Фала Среќиче за совет
може да споделиш која апликација ја користиш? Јас почнав бременост со 60 качив 68 сега сум 58. Ама не внимавам толку што јадам односно јадам и здраво и нездраво а дојам тешко на бебе со благото без кое не можам јас одсекогаш вежбав зумба дома ама со зумба само согориваш калории и се забавуваш. Јас сакам малку да се стегнам. Џабе 58 кг ако изгледам растресена со кожа и сало на сите страни.
Јас се поправив во бременоста 25кг а цел живот бев слаба . Од кога се породив бев -10кг и веќе од тогаш (2.5 месеци ) во место стојам но бебушот е само на доење . Незнам што да јадам ем да намалам на кг ама да не ми се намали млекото . Никогаш несум била толку голема и кога се гледам ептен се нервирам, башка ниедно алиштенце не ме собира од пред бременоста. Мн сум разочарана значи
@marchi-cool мене во коментар ми ја напиша апликацијата- Let's burn се вика. @macence994 Пробај со сите совети од погоре. Ќе биде нешто. Упорност и дисциплина само
Feel the burn е апликацијата. Let's burn пишува кога ја отвараш па затоа ме збуни и грешно пишав. Најгоре на сликата е
И 2,5 литри е супер. Пиј чај за доилки, напуни си во шише вода, стави на маса кај што ке го гледаш, и помини - замини пиј си. Сокови немој, никакви. Благо ок е, можеш, сепак се троши многу енергија. Јас јадам она за готвење чоколадо. @macence994 и јас на бокс бев со 25 кг плус од стартна тежина Мечка бев жими се После трети наеднаш се изгубиа килограмите. Само упорност
Лелее кај спомна благо. 3 дена немам ништо благо пробано. Ама издржвам, не ми ни текнува.... И без благо ќе е ова моето. Има да се вратам во топ форма
Секој ден се гледав во огледало и плачев. Фрлив се од алиштата што ги носев пред да останам бремена. Мислев никогаш нема да ослабам. Сега ке си гризнам од газот
@srekice браво за стопени 25 кг. Тоа е воља. Јас за синко 20 ги стопив но имав 22-23 години. Сега се плашев поради 37 год но лесно поминав. И како што велиш после 3 месец сами се топат. И јас со бебе во раце си шеткам по дома, си играме валцери, ора, диско, посебно од 18-19:30 часот пред капење и легнување. @macence994 мислам скоро си породена не губи надеж. Девет месеци си "ставала" Не може преку ноќ да заминат. Пред се е бебето посебно ако доиш. Јас ослабнав но исхраната ми е исклучиво разновидна и здрава со 2-3 пати овошје зеленчук во денот, супи, Манџи, млечни производи (јогурт, козјо сирење урда,) месо само пилешко и посно телешко, често риба. . . Од течности само вода и чајот за доилки и анасон. Некогаш си цедам портокал и јаболка.
Да ви се здрави и живи бебушите и сите да го дочекаме тој ден со лесно Мене мн ме интересира дали сексот е болен после пораѓај, колку време треба да помине за да се опуштите? Прво дете ќе ми е и сеа секакви мисли ме мачат, па дури и тоа пошо некако тешко ми е третово тримесечје, влегов во 8ми и бегам од маж ми