Индивидуално е. Најчесто се чека првиот преглед после пораѓај, докторот да даде зелено светло, но не секогаш. Јас немав проблеми.
Кај мене беше болен и имав крварење , сеа чекам докторкава да се врати од одмор па да видам што ќе каже . Кај секој различно е ,може нема да имаш болки . Сепак не мисли уште сега на тоа имаш уште мн време
Не мора да значи дека ќе е болен односот. Јас едвај чекав да престанам да крварам за да се фатам за "работа", никаков проблем немав.
Дали откако добивте прв пат после си добивавте нормално секој месец? Јас минатиот добив прв пат после 13 м и еве овој месец пак ми доцни скоро 2 недели. Деновите кога требаше да добијам имав менструални болки како секој миг да ќе ми пробие и зголемен секрет и сега ништо. Скроз ми ги снема симптомите и повторно сахара. Можно е да ме зеза од доењево или да одам пак на гинеколог? Пред два месеци бев кај двајци различни др рекоа се е ок, но дека од хормонот пролактин не добивам и ми открија ПЦО за кои до сега никој др не ми спомнал дека ги имам.
Може да ти доцни од пролактинот. Но не мора да значи. Најубаво ќе види доктор. Не знам дали од ПЦО доцни. Јас добив после 3 месеци, а доев до 13 месеци. Кај мене пролактинот немаше врска. Млеко за извоз имав.
Јас до пред бременост имав прилично уреден циклус и затоа ми рекоа дека не се посомневале дека имам полицистични, а како не виделе не знам. А како причина што не добивав 13 м после пораѓај баш пролактинот ми го наведоа, бидејќи се др било уредно. Дури матичниот ме советуваше и да ја одбијам ама по 2 недели од прегледот добив. Но знам дека со полицистични немаат уреден циклус, но мене ми рекоа дека штом досега не ми правеле проблем не би требало ни од сега. Башка немам акни, влакна Таман се израдував дека конечно ќе се стабилизирам, пак ја нема вештерката.
Зошто сокови не? Јас пијам 3 месеци природен сок од јаболко,нели тој се препорачува за лактација... Се согласувам,и јас едвај чекав да ми престане крварењето,хормоните работат како луди Се осетив спремна после 4 недели, ама сепак почекав преглед на 6 недели па тогаш се пуштивме во акција. Ми беше страв заради раната првиот пат,ама воопшто не помислив на неа во моментот кога се случи не болеше и подобро беше од претходно
Оти се полниш само со шеќер. Не дека сокот од јаболко има нешто посебно влијание на лактацијата, туку е битно да се внесуваат течности. И ништо да не јадеш и да пиеш само вода, млеко ќе си имаш. Нема потреба од сокови, водата е доволна.
Можно е менструација после 2 ипол месеца? Не можеше да ме скокне, демек дојам па се порадуваав ќе одморам . И за разлика од порано кога имав обилни и болни менструации, сега немам јака болка и некако многу помалку. @Sofi.ja сок не се препорачува ради шеќерите, ама ја ептен пијам сок. И цела бременост и сега по литар сок пијам.
@Sofi.ja, ако под природен подразбираш свежо цеден, тогаш е ок. Инаку тетрапак е полн со шеќери, а членката праша како да ослаби. Јас споделив искуство како јас се вратив во топ форма.
Јас не. Преку два месеца добивам сега.. Да не знае човек дали е трудноча или не Секој месец тестови купувам.
Јас пиев сок од јаболко додека доев мин литро на ден првите месеци, после сведов само на една чаша на ден. Немав апетит никаков и со +20 се вратив на нула за 5 месеци. Се разбира никакво спиење дење ноќе будна Туку од кога прекинав да дојам еве две плус. Алкохолов маме ебава во килажа, дојте си Почињам со џогинг од Март дефинитивно.
Замисли уште не. Не сум сеуште физички стабилна ми се вратија вртоглавици па ми фали уште цигара и сами да се чуваат по дома.
А ти се љуљаше се пред тебе од алкохолот? Или само јас се понашам како прва средно чудо како човек заборава да пуши цигари. Да не сум офф,бев 23+ за 3 месеци се вратив да бидам само 3+. И менструација добив тогаш,и месец дена не дојам и никако да не паднам уште 3кг.. Внимавам не јадам леб,не пијам газирано,благо јадам на два дена мин. И пак вага исто кажувааа,може расипана ми е. Иначее,ништо не е исто,имам раширени колкови што никогаш сум ги немала,и кожа вишок за која треба да се спотнам убаво. Но не ми се вежбааа ама ич. После доење дефинитивно имам само брадавици. Тоа е имав едно време и гради. Еве ме
@Happyinlove не ти одговорив првата ракија кога ја испив бев замелушена како литро да сум испила. Втор ден две, трет ден три. До таму ми е кондиција. Две чаши вино, третата ме бутка сеуште. Коктели најслабиот мохито бројам до еден. Виски бројам до една чаша. Узо една, мастика една. Џин еден. Иначе трпев алкохол ова е виц да се замелушам. Права тинејџерка сега сум од две тапан.