1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Враќање и заменување на купената облека

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 10 јануари 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Ви се случило ова сигурно.
    Или сте предомислите сеедно дали во однос на бројче помало или поголемо или комплетно да направите промена и купите нешто друго.
    Враќате и заменувате облека која вие сте ја купиле? Мајкави, сестра ви ви ја купила? Или знаете и поклони да враќате?

    Се срамите кога враќате? Има некои луѓе дури знам не ни враќаат, нема да носат нешто ама не го враќаат. :!:

    Дури има и жени кои не пробуваат облека, купуваат и потоа дома ќе пробат па што не е добро враќаат и го заменуваат со друго.

    И порано имаше и пари враќаа, сега само со друга гардероба да си смениш, штета :D
     
  2. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.087
    Ми се десило неколку пати да вратам нешто затоа што очите и паметот не ми биле тука кога сум купувала,па сум купила дефект нешто со фабричка грешка..
    Нешто да купам,па да се предомислам заради бројче или моделче не ми се случило зошто кога купувам душата им ја вадам на сите околу мене и додека не сум 100% сигурна НЕ купувам! :!:
    Не ми е срам да го вратам(па дури и да се поткарам со продавачката ако е арогантна :D )кога знам дека сум во право.
    Последно летово сменав римјанки затоа што ѓонот после една недела носење пукна на пола :fubar:
    Секако ми дадоа нови :D
     
  3. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    па да ми се случило повеке пати да вратам нешто што сум купила и тоа беше поодамна ама е имало скинати блузи,расипани патенти можно е и некоја фабричка грешка и се заради тоа што сум немала време да проверам и не ми е срам да го вратам бидејки сум давала пари за тоа и срека што наидувам на продавачки кои не се бунат за тоа.ама сега кога купувам обично прегледувам дали има некој дефект бидејки во некои дукани кај нас стои натпис дека купената роба не се врака.
     
  4. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Многу ретко ми се случува да вратам облека. Е да, штета што не можат да ти ги вратат парите ама тоа е... А не сум имала проблем кога сум враќала така да, ич не е интересно моето casual мислење на темава :D
    А поклон кога ќе ми утнат не враќам. Го чувам за следни родендени :D
     
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Jaс летово што помина додека купував од Голден Поинт купачи присуствував на скандал.
    Дојде една пуфла и сакаше да врати купачи од пред 3 недели купени така нешто.
    А според законот правилата за купувачите 15 дена е рокот. Нејзе и беше поминат. Уште и ги враќаше и на плоштад и тврдеше дека од таму ги купила, за на крај да испадне од Рамстор. Па се бранеше со тоа дека и рекле тука да ги врати на плоштад во тој Голден Поинт.
    И најбитното кога ги извади купачите среќа имаше останато од истите во продавницата... нејзините беа бледи. Таа си се сончала, си ги носела, баш и рекоа девојко ти мирисаат на прашок, на омекнувач.
    А оваа се бламира и се дере низ цела продавница. Луѓе мислам дека цел центар ја слушаше како вика.
    Не им е лесно на продавачиве.
    Иначе сакаше нови да си земе, се предомислила за овие |(
     
  6. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    ^^ :o се надевам дека не ги ставиле пак на продажба :puke:

    инаку често купувам без да пробам и после да видам дека не ми стои нешто, ама никогаш не сум вратила, никој не ми е крив, самата си сум, а инаку враќам само нешто на пример што сум му купила на брат ми и сум му го згрешила бројот, и секогаш во истиот ден го враќам, ама и тоа се случува еднаш во милион години :!:
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Ретко враќам нешто.
    Ретко враќам било што, не само облека.
    Не купувам импулсивно, се опаметив последниве неколку години.
    Убаво ќе си го разгледам, ќе го пробам, ќе се погледнам во огледало.
    Евентуално би сменила боја на парчето, ама и тоа ретко се случува.

    Би вратила само доколку е нешто скинато, отпарано, оштетено, но таму ја праќам мајка ми - нејзе тоа и е специјалност, јас искрено немам трпение да се објаснувам и да трпам нечии превртливи очиња кога враќам или заменувам нешто во продавница.
     
  8. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.057
    Пол:
    Женски
    Ретко враќам и заменувам нешто, едноставно срам ми е. Кога купувам за мене обавено пробувам и се гледам на огледало пола саат пред да го земам. Последно враќав еден каиш што го купив на дечко ми, го вратив еднаш зошто беше мал, пак го проба пак мал, пак го вратив, и на 3тиот пат го водев и него со мене и зашто немаше таков за него си зема парфем. И му кажав веќе ништо не му купувам без него, јас неможам да се срамам...
    А поклоните што не ми се допаѓаат ги чувам и ги препоклонувам, само гледам да не ги поклонам на тој што ми го подарил.
     
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Само еднаш вратив балетанки во кои беше невозможно да се оди. Ама не беа носени и ги вратив другиот ден, во замена за други. Кога ги пробав во продавница на столчето беа убави и меки, ама не поодев таму со нив. Бељата е што и новите што ги зедов ми прават проблеми, ама веќе ми беше срам да се враќам, па ги носев да се растегне кожата (што никогашш не успеа :doh: ).
     
  10. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Досега ми се има случено да вратам само облека која ми ја подарил некој, па бројот или моделот не ми одговара. Прилично сум претпазлива кога купувам било што, па не сум имала проблеми.
    Другарка ми за нова година си купи туника, ама беше во фрки па ја купила тек на 31ви. Не забележала дека има дупка од задната страна, зошто таква беше туниката малку набрана. И тек вечерта гледаме дека е скината. Отиде да ја врати, ама не и ја примија, и рекоа дека ја изгорела со цигара |(
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.991
    Пол:
    Женски
    Па обично не ми се случило да вратам нешто што сум купила, освен сандали. Пред неколку години купив едни штосни сандалчиња, два пати ако ги облеков, отидоа флеклиците на штикличките, ги вратив, ми ги средија. Следното облекување истите сандали, едната пукна на половина. Пак отидов во продавницата, рекоа дека можам да си земам за истите пари друг модел, оти од овој веќе немале. Ништо не ми се допаѓаше од понудата, а пари не ми враќаа, па морав да си одберам некои. Зедов едни на плута и со нитни на ремчињата, уште од прво носење, нитните почнаа да паѓаат. Уште еднаш во таа продавница не влегов, ниту пак ќе влезам.
    Инаку, не сум шопинг манијак, купувам кога нешто навистина ми треба, и обично немам проблеми со боја и големина, секогаш пробувам. И отворам 4 очи да видам да не е нешто некаде оштетено, скинато, распарано, и слично. Ако е оштетено, не го купувам, а ако на пример е распарано (значи да може да се среди со машина, т.е дефектот да не е непоправлив) ќе го купам, ама за пониска цена, обично така ми ги даваат за 200-300 ден. поефтино. Може не е многу, ама некогаш значи.
     
  12. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Секогаш кога купувам многу време ми треба да се одлучам, сакам се да испробам, секое деталче на облеката да го погледнам.
    Затоа и не ми се случило да имам проблеми и да треба да заменувам нешто.
    А во врска со поклони, никогаш не враќам, какви ми одбрале такви па мое е дали ќе ги носам после :lol: :lol: :lol:
     
  13. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Кога купувам облека многу внимавам. Редовно пробувам и убаво си проверувам пред огледало дали е се како што треба. После тоа вршам детален преглед да не има нешто оштетено, скинато, некоја флека и сл. и на крај го купувам. Е сега некогаш се случува да ми промакне нешто и не се срамам да одам и да го заменам. Последно ми се случи кога си купував џемпер. Црн е и плетен и таму не забележав дека некој најверојатно го зафатил и го отпарал. Веднаш се вратив и ми го заменија без проблем.
    Кога некој ми подари нешто што ми се допаѓа, а големината е утната, доколку ми каже од која продавница е купено одам и го заменувам. Ако не ми се допаѓа го подарувам.
     
  14. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Јас последно купив џемперче од Calliope и кога доаѓам дома гледам не се извадило алармчето и до него имаше две ситни дупчиња, еее се пукнав од мака зошто ептен ми беше по ќеиф џемперчето и викам ништо утре ќе одам да го заменам, среќа ја чував фискалната сметка. И утредента сабајлето отидов, и и кажувам на касиерката вака и вака, провери и ми кажа нема проблем, да си најдам исто такво и ќе ми направат замена, или нешто за истата цена. И не најдов од истата боја и земав кремаво, кога гледам на кукла ставено иста боја како што сакав, претопоставував дека тоа гарант е S, и ѕиркам, гледам S е, и и кажувам на продавачката има исто такво ама на кукла е... и без проблем ми го дадоа тоа, и си завршив работа без проблем. Инаку ми рекоа добро е што алармчето не сум се обидувала дома да го извадам, ми кажа дека скоро нема шанса да го извадам а ако пробувам може да се оштети блузата и тоа многу. Па да си знаете ако ви се случи, не пробувајте ништо на своја рака.
     
  15. thatsmysecret

    thatsmysecret Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    215
    Сум немала ваков проблем, но другарка ми има. И тоа ќе купи пример џемперче со дупче, а не го приметила во бутикот, и не сака да оди да го врати или да го замени. Се срамела. И облеката ќе и стои така не чепната во плакар :^)
     
  16. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    767
    Често ми се има случувано ова :$ :D Ама скоро секогаш поради некој дефект |( А,исто ми се има случено и поради бројче да одам да сменам или мамичка да ај пуштам.Никогаш не сум имала проблеми во некои бутичиња малечки,ама во овие големиве кога купувам нешто внимавам пошто незнам ни дали ќе ми ја вратат робата (посебно оние кренатите од Васидора |( ) Ама не знам пред две-три недели кога беше,онака занесена ми се бендиса едно џемперче од Теранова и го пробав,и ајде готово си велам :) Го зедов и одам дома и се фалам на мајка ми.Таа ме гледа вака :^) Што си го зела ова скинатото ми вели,а мене свста ми се зеде па.Гледам едно мало,мало дупче на ракавот долу,ама не бев да го враќам.Срам ми беше за една точка малечка да одам а у плус не знам дали менуваат во Теранова :?:
    Инаку мајка ми е голем паничар за вакви работи.За некој малечок дефект одма оди и бара замена :) Ама само гардероба нормално,нешто поскапо,секако дека нема да оди да замени лак за нокти :lol:
     
  17. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Ќе то сменат, зошто да не? Ако ја чуваш фискалната си требала веднаш да појдеш. Мене во Calliope никаков проблем не ми правеа, веднаш ми завршија работа, ептен беа љубезни девојките.

    едит: Пред некој ден додека бев на каса во Манго, дојде една женичка за рекламација за некоја чанта, и исто не и правеа проблем, ја погледнаа чантата и увидоа што е проблемот, и рекоа за истата вредност по која е купена, може да ја замени за што било. Така да не се срамете да вратите нешто кога ќе купите, па тоа не е ништо страшно, се случува.
     
  18. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.136
    Допаѓања:
    88.489
    Пол:
    Женски
    Внимателно избирам што купувам, па поради тоа немам проблеми за да морам да враќам нешто. Но, имам една продавничка кај мене во маало и секогаш прво си земам неколку парчиња за дома да си ги пробам, па после што ми се допаѓа купувам, што не и враќам :lol: .
    А да сега се сетив пред 2,3 години си купив од таа продавничка една маичка, ама не пробана. Си дојдов дома и мајка ми почна да вришти дека ми била ко вреќа и ја вратив без проблем.
     
  19. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Се сеќавам сестра ми последниот пат кога си купуваше чизми. Ја проба само едната и ги купи. Дома кога ги проба другата чизма беше поголем број. Но не згрешила продавачката туку фабричка грешка било. Мораше да се врати и тоа во Штип да ги смени. Инаку друга облека тешко да вратам. Ако ми се допаѓа го земам ако не, не фрлам пари безвеза.
     
  20. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Па како искочи не пиштеше алармот на врата?
    Мене еднаш ми заборавија дека доста купив на попуст и искачам и тоа ечи на врата ама фино културно ме вратија и заборавиле едно. Изгубени се тие :lol:

    Манго се многу фини за тие работи. 2 пати имам враќано :lol:
    Прв пат блуза и беше распарана на едно место, си отидов ми рекоа види дали има друга, среќа имаше и си ја заменив.
    А втор пат летово ми купија за роденден колегите сите од манго фустанче кое ужасно ми стоеше! И сега да го чувам дома за џабе не иде. Ми ја дадоа фискалната си отидов ама имав проблем, беше попуст и речиси се распродадено. И им викам до кога можам да сменам? Ми рекоа 15 дена од купувањето. Ги прашав дали за тоа време ќе стигне нова роба да почекам и ми објаснија дека 50-50 се шансите. Па за да не ми се распродаде се земав друго фустанче и панталончиња кратки и дури ми останаа некои 100 денари и ми ги вратија :)
    А испадна добија за недела дена после тоа нова роба, ама и онака ќе требаше за таа пари да додавам, знаеме цените колку ненормални им се кога ќе добијат роба :D

    Иначе обично враќам ако нешто не е во ред. Мада преретко е тоа.
    Мајка ми некад нешто ми купува па стално греши, така да она си ги враќа работите гајле нема :lol: