1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Враќање и заменување на купената облека

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 10 јануари 2011.

  1. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Еее и јас се чудев и ми рекоа во шала демек, кога не треба пишти а кога треба не пишти :lol:
     
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    во БИСИ-Буњаковец скоро беше си купив чизми, навистина беа супер, ама фабричка грешка било, едната т.е. левата се одлепила, видов дома,немеле доволно лепак, ставено, па ги однесов виде продавачката и ми ги смени, ама немаше 39 таква боја, па си одбрав малку посветли ист модел непробани без никаков проблем.
     
  3. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Ретко. Речиси целосно под ренген шо се вели прегледувам па после купувам. Обично мамичка ако утне со бројче го менува таа. Мене ми е малце незгодно да враќам и заменувам,смотена сум за тие работи.Некогаш ми се случува и да си го чувам дома ново, ама нема да го вратам. Ама затоа мама си нема гајле и ме спасува кога прам некој утки со скинето или оштетено. ;)
     
  4. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    4.832
    Пол:
    Женски
    Јас никогаш немам вратено облека
    пу пу пу да не се урочам, но никогаш не сум имала потреба. Но ако нешто не чини ќе го вратам, па ќе се пресрамам. ПАри се дале :lol:
    Бројче нема шанси да утнам зашто трипати прегледувам дали е моето.
    А за Манго, Калиопе не знаев дека враќале т.е. заменувале. Се некако верував дека се бренд и дека се преценети али не било така, баш ми е мило
     
  5. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.325
    Допаѓања:
    5.840
    Имам вратено една ролка црна која беше купена од маалска продавничка. Горе беше цела со дупченца мали баш кај ролката. Тоа очите соколови на мајка ми го приметија. Отидов и си ја заменив. Ми се нема случено така да враќам, освен ова. Мајка ми што и да ми купи де мало, де големо, се нечини. Жената го враќа по неколку пати, ама веќе и не ми ни купува, ми вика Ај со мене и да си одбереш.
    Имам купено од Тера Нова само едни пантолони кои ги меркав подолго време и тоа ги имаше на попуст 500 денари, но немаа копче. Ама го средив јас тоа. Кога и да купам нешто или гледам, убаво ќе го видам цело, па ќе се исповртам, па ќе гледам да не му фали нешто.
    Имам купено чизми кремасти лани и од страна на патентот горе имаше како линија, но дури кога отидов дома ја приметив. Не беше линија туку како исечено. За малку ќе отидев ќе ги враќав, поточно ќе се обрукав. Тоа кога ќе го растегнеш има ластик тука, ваљда за оние кои имаат подебелки ноџиња.
     
  6. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Да имам вратено тоес заменето облека. Зошто да се срамам? Па тоа сепак е во моја корист..
    Пари да, не вракаат, но барем заменуваат..некаде и не заменуваат..
    Така да, ако имате било каков проблем, број, потскинато нешто итн. не се срамете да смените. :)
     
  7. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    218
    Кога купувам блузи, никогаш не пробувам, фармерки и панталони да :)
    Секогаш купувам ако нешто ми се засвиѓа, зимај, се имам неколку пати изгорено (ај на враќање и оп на враќање го нема парчето), ако има некоја мала маана сама ќе си ја средам дома (ако е возможно да ја средам). Често ми се случува од кога ќе си дојдам дома нешто да не ми се допаѓа, па или стои во архива или ако и се допаѓа на мајка ми станува нејзино :lol:
    Никогаш, ама баш никогаш не би се вратила да сменам облека па макар и да не ја облечам ниту еднаш.
     
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Прво викаш го носиш на враќање и го нема парчето а после викаш никогаш не би сменила? Или јас лошо те разбирам.
    И морам да прашам ЗОШТО не би вратиле облека?
    Мислам да вратиш ако има недостаток, ако е подарок па не ви се допаѓа, зошто да ми стои дома кога може да го заменам?
    Ич не е срамота верувајте.
    Глупаво е да ви стои дома зафрлено во некое ќоше отколку да го замените дал за поголем/помал број, дали дека има мана некоја, дали дека сте сватиле дела не ви стои добро.
    Јас сум против она купуваш што ти дојде при рака зашто те мрзи да одиш во гардероба и утредента 5 од 10 алишта ги враќаш па бараш нови, па после пак доаѓаш и враќаш уште 3 итн.
    Ама да смениш нешто поради одредена причина зашто да не.
    Па и дозволено е законски во рок од 14 дена да ја промениш гардеробата, тоа е право на купувачот. Секако да не ја носиш во тој период.
    Не најискрено си кажувам дека ми е чудно и глупо кога слушам некој дека не сака да заменува облека и боље нема да ја носи него да се потценувал пред продавач и да бара да ја смени.
    Нека му стои дома тогаш и мајка му нека си брише прозорци |(
     
  9. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    До сега не сум вратила ништо, обично убаво проверувам кога купувам нешто, а и ако приметам дома некоја маана, не ја враќам облеката. Ако е некој раб лошо сошиен ќе го поминам на машина, или што и да е ке се обидам да средам... Не си дозволувам да купам нешто на кое има видлива штета... А и ако ми се случи, не верувам дека ке одам да го заменам...
     
  10. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Кога и да отидам да си купам нешто во гардероберот ми треба многу време за размислување дали да го земам или не.Ми се има случено тоа што мајка ми ќе ми го купи да ми е мало/големо па она сама си иде и го заменува.
     
  11. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Јас си враќам ако нешто не чини,гајле си немам.Летово во една продавница за чевли 2 пати им ги вратив чевлите бидејќи се одлепуваа и на крај ми ги направија убаво :rofl: Имам враќано и облека ако не чини. Може малку ќе ми е незгодно дур влезам ама после немам гајле,гледам дека не е ништо страшно.
     
  12. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Сум се нашла и во двете ситуации-и да враќам и да ми враќат(работам како продавачка) Според мене нема ништо непријатно во целата ситауција само ако знаеш како треба да пристапиш! Си промашила број, си утнала модел, си се предомислила за боја...сеедно...ако влезеш во продавница се извиниш и прашаш дали може да замениш не би требало да се јави проблем! Ако има други муштерии би требало да се почека продавачката да заврши со другите луѓе па потоа да ви замени!
    Она што мене не ми се допаѓа кај муштериите кои заменуваат е тоа што некои се обидуваат да излажат дека не е носено а мириса на парфем, дека го земале од кај мене а таков модел воопшто немало во бутикот, дека го зеле пред 1 недела а всушност поминало цел месец, дека го купиле поскапо со цел да заменат со нешто поскапо и да не додадат пари! :fubar: Има секаков народ...
    Кога мене ми враќаат се трудам да не се измуртам :envy: и сакам да бидат задоволни муштериите и пред се опуштени за да се вратат пак ;) ! И навистина често сум добивала комплиметни дека знам да соработувам со муштериите :$ :angel:
    Ми се има случено и пари да вратам, ако она што го враќаат го заменат за нешто поефтино тогаш враќам без никаков проблем 100,200,300 денари!
    Јас ретко сум се наоѓала во ситуација да заменувам нешто купено по грешка, но сепак се случило! Не ми е непријатно бидејќи кога за нешто се двоумам најчесто се договарам со продавачот ако има проблем да заменам!
     
  13. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Немам никаков проблем да заменам некое парче облека што или има некоја фабричка грешка или е на поклон. Ама пред некое време како се изнервирав и тоа роднина ми е продавачката. Ми донесе од кај неа едно болеро за поклон и утредента забележав дека е скинато кај ракавот. Го носам кај неа да го заменам со нешто друго и таа го виде дека е скинато и ми вели: А ова? |(
    Убаво и објаснив дека не е од мене, туку дека таа си го донела такво. Се мислеше така 5 минути дали да ми го замени и на крај попушти. Од тогаш не ми е паднало на памет таму да заменувам, среќа немав повеќе ни потреба.
     
  14. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    47.735
    Пол:
    Женски
    Многу пати ми се има случено да треба да вракам односно да заменувам нешто.Јас кога купувам ,никогаш не ни пробувам(само кондури нормално) па така ми се има случено нешто да купам,и после дома да согледам дака нештото не ми е добро.Со фискална сметка,уредно си ја заменувам купената стока.
    А кога купувам за децата,(не ги носам со мене по продавници)се случува нешто да е помало или поголемо,тогаш заменувам за број.
    Многу пати имам менувано облека купена во Грција,таму рокот за замена е еден месец,и скоро секое одење знам по нешто (најчесто купено импулсивно) да заменам,нормално со сметка ,дури и парчиња на кои им е извадена декларацијата.
    Инаку еве една интересна случка.Видов во Марела кај нас еден фустан,кој многу ми се допадна,но за жал немаше број,и кога мажот ми отиде на пат во Белград,му го порачав од таму да ми го купи.Ама маж ко маж( :lol: Срце мое),разбрал каков,го купил и кога ми го донесе ,се убаво ама ја згрешил бојата.(жолта ми купил јас порачав сива).Тогаш отидов во нашата Марела и со фискална сметка,го заменив фустанот,вработените не правеа проблем што е купен во странство.(за сосема друга работа,џемпер).
     
  15. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Е јас неможам да разберам како некои од вас, читам купуваат облека без да пробаат... Па како да купам фармерки ако не ги пробам? Добро си знам кој број си носам, ама пак, друго е кога ќе облечеш на тебе и ќе видиш како ти стои. Зарем не е подобро да знаеш што купуваш, отколку да го носиш дома, да го пробуваш, па да го враќаш... Мене срам би ми било. Кога веќе даваш пари за нешто, прво пробај го да видиш дали одговара, а не да го шеташ фустанот до дома и назад.. Па после кога ќе земеш нешто друго, и тоа ако не одговара па пак враќање... Башка си го ускратувате задоволството при пробување во бутикот, кога имаш шанса да пробаш повеќе парчиња и така да го избереш она што најмногу ти одговара...
     
    На Ema.Sk и rossonerka им се допаѓа ова.
  16. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    Јас до сега никогаш неам вратено. Не дека се срамам или незнам што, туку сум немала потреба. Инаку да дојдам дома и да видам оштетено, одма назад, не ми е гајле ич :) Во средно додека бев често си зимав ставри од еден бутик и не ги пробував, дома ќе видам не ми стое или грешка бројче па ги враќам, па пак нови....ама тоа дека на мајка ми и е блиска пријателка газдарицата и мајка ми се раздужуваше со неа, јас само поминував и си зимав така по нешто, ќе земев куп ставри да пробам дома, па враќам што не ми се свиѓа :)
    Инаку и јас понекогаш купувам без да пробам, ама тоа се некои маички или хеланки, ствари што неможам да промашам, сигурно нема да идам у гардероба рамовки да пробувам :) А фармерки, фустанчиња, се останато нормално дека ќе пробам. И среќа до сеа не ми се десило да утнам за да морам да враќам
     
  17. Queen-Nefertiti

    Queen-Nefertiti Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    46
    Ми се има и мене случено да ја вратам/заменам гардеробата во случај да се предомислам се што сум пробувала во бутикот на крај земам нешто и си доаѓам дома и сваќам дека претходното што сум го пробувала подобро ми стои,и уште истиот ден го заменувам,ама тоа ми се има случено неколку пати само кога сум неодлучна пред изборот и уште пред да го земам си ги прашувам продавачките дали ако се предомислам ќе ми го заменат со друго :)
     
  18. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Сум заменувала само ако нешто ми е мало или големо, иако тоа многу ретко се случува (само мајка ми ако ми купи нешто без да го пробам) бидејќи секогаш пред да купам нешто го пробувам истото. Или враќам ако нешто фали, на пример копче или ако нешто е скинато, а не сум приметила. За премислување, никогаш не сум се премислила, бидејќи го купувам тоа што сум сто проценти сигурна дека ми се допаѓа. Се премислувам после една година. :D И не ми е срам, бидејќи на секого може да му се случи да го утнал бројчето или да земал нешто што е фалично, а не треба ни да прават проблеми со враќање и заменување на гардероба.
     
    На Queen-Nefertiti му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Miss.Waldorf

    Miss.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    16
    Купив еднаш зимска јакна три броја поголема под сугестија на мајка ми но вечерта пред да затвори бутикот брзо отидов и си зедов помала =)
     
  20. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    6.151
    навистина ми е многу криво што кај нас не важи правилото дека купувачот секогаш е во право...
    навистина е ужасно што во македонија во некои продавници не ти ги заменуваат работите што си ги купил