Враќање назад во Македонија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од macedonia.timeless, 5 април 2015.

  1. macedonia.timeless

    macedonia.timeless Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    136
    Девојки, јас живеам во Швајцарија веќе 7 години со моето семејство, собрав многу искуства тука но не можам да го свикнам животот тука и не ми се допаѓа воопшто. Јас решив да поднесам барање и да ми ја поништат дозволата за престој и да се вратам во Македонија . но татко ми и мајка ми никако не го доѕволуват тоа многу се лути и татко ми рече дека не смеам да се вратам во нашата куќа во МК. . Имам 21, уште малку 22, сметам дека имам право сама на одлука.
    ми треба и туѓо мислење.
     
    На crazylady, veren и zekzeki им се допаѓа ова.
  2. Katerina94

    Katerina94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    76
    Послушај си ги родителите дете. Сите млади денес бегаат од овде, ти ќе се враќаш. Освен ако имаш факултет и добри врски овде, некој да ти најде убаво работно место. Онака нема што да бараш тука, само ќе се разочараш. Инаку да сум на твое место, не би ни размислувала за враќање.
    Во Македонија убаво живеат само богатите. Сите други или трпат за леб или врзуваат крај со крај со кредити и сметки.
    Се надевам ќе го направиш правилниот избор.
    Поздрав
     
    На Idedemja и evangelina.ina им се допаѓа ова.
  3. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.472
    Пол:
    Женски
    @macedonia.timeless немој погрешно да ме свакаш , ама мислам дека твоите родители се во право , ако можеш земи си одмор на лето или на есен па види како живеат во МК и самата ке се разочараш , немаш никаков просперитет тука , шанси за вработување минимални , мн тешко дека ке имаш добар живот овде , идеј си ти овде на одмор , нека мк ти биде место за полнење на батериите , да се преселиш од Швајцарија во Македонија , како од авион да си слегла на коњска приколка , жално али вистинито .....
     
    На evangelina.ina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    5.492
    Пол:
    Женски
    Оф леле, девојче, размисли убаво. Немој да направиш грешка за која ќе се каеш цел живот. Ние сите гледаме да избегаме од Македонија, ти ќе се враќаш. Не знам како навистина ти е таму, иако сигурна сум дека ви е добро. По седум години изминати таму, сигурно веќе одлично сте се снашле. Само претпоставувам. Како и да е, ако имаш добри услови, ако ти и твоите работите, ако имаш отворени можности итн, тогаш мој совет ти е да си седиш кај што си зашто овде од ден на ден се' полошо и се' полошо е. Верувај дека навистина е така. Размисли што би правела овде. И да имаш факултет, премногу тешко се наоѓа работа. И да најдеш работа, ќе работиш за 200 евра. Како би се издржувала? Имаш размислувано? Многу е лошо овде. Ако толку имаш желба да дојдеш, тогаш дојди на некое време, еве летово, поседи малку, види се со пријатели, разменете искуства, па одлучи. Не си единствена, многу наши имале ваква желба, па кога ќе дојдат на одреден период и кога ќе видат како е тука, со трчање бегаат назад.
     
    На evangelina.ina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    2.522
    Допаѓања:
    28.608
    Пол:
    Женски
    Убаво те посоветувале феминките погоре, не се будали да се враќаш. Веќе си изградила нов живот таму, верувај ни подобро е за тебе да си останеш. Ние едвај чекаме да си заминеме од тука, ти сакаш да се враќаш. Не си играј играчки, седи си кај што си.
     
  6. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.209
    Допаѓања:
    7.445
    Ова сакав да го кажам.

    Верувам дека те јаде помислата на тоа дека можеби во Македонија ќе ти било поубаво, не си единствена што била љубопитна што е тоа што го оставила. Можеби и ќе ти биде поубаво, кој може со сигурност да знае, но не прави избрзани одлуки за коишто ќе се каеш цел живот ако погрешиш.
    Од она јас што сум видела од мои пријатели и познаници кои заминале од државава пред многу години го имам извадено истиот заклучок. Прво ги копка како е „дома“ и трошат грдни пари да дојдат до тука од Канада, Австралија, Нов Зеланд. Потоа трошат уште толку за да поседат тука и да се видат со тие што им биле блиски на времето, се додека не почнат да се судираат во секојдневието на ова тло и со сите оние работи што одамна ги оставиле позади себе, па после тоа некое кратко време што им е интересно и забавно, одеднаш сфаќаат каде се и усвет фаќаат пат назад бацувајќи го тлото кога ќе слетаат.

    Како и да е, пробај и види ако толку ти е ќеф, но не преземај радикални мерки уште од одма.
     
    На Daydream и Viki693 им се допаѓа ова.
  7. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.001
    Допаѓања:
    45.797
    Off majkoo moja zar vamu sakas da dojs. Nemoj te molam, dojdisi na odmor kako si ti velat pogore a za sekogas nemoj, kamo jas da sum na tvoe mesto.
     
    На crazylady и mackica1 им се допаѓа ова.
  8. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    14.327
    Пол:
    Женски
    Лелеее Швајцарија е земја и пол!
    Кога би можела јас да одам таму...
    И јас се согласувам со сите нагоре, знам дека сигурно чувствуваш одредена носталгија, ама верувај не е така како што си го замислуваш...
    Ако се вратиш ќе ти биде интересно одредено време и после ќе завршиш како сите нас- разочарана!
    Врати си се на одмор поседи колку што можеш подолгоо и така и послатко ќе ти биде...
     
    На crazylady, Marossa и veren им се допаѓа ова.
  9. MamaYette

    MamaYette Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2013
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    616
    Зошто мислиш дека во Македонија ќе ти е подобро? Чим веќе не ти се свиѓа Швајцарија, зошто не пробаш во друга држава? Ако си студент (сметам според годините), пробај најди некоја размена, интерншип (како се преведува чудово?), или ако не си, работа најди некаде ете барем во соседните држави, блиску ќе си до твоите, а сепак нема да си на истото место, плус ќе се осамостоиш малку... Во секој случај, враќањето во Македонија би ти била најлошата одлука.
     
    На evangelina.ina и Viki693 им се допаѓа ова.
  10. ilenaki

    ilenaki Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2012
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    601
    Епа еве да ти кажам што мислам и јас. Нормално е да осеќаш дека нешто пропушташ со тоа што живееш таму и дека многу поубаво би ти било да се вратиш назад. Тешко е да се навикнеш на почеток и секогаш има нешто што ти фали и те тера постојано да споредуваш како е во Швајцарија ,а како кај нас. Некои работи што ги има кај нас нема никогаш да ги има во Швајцарија и тоа е факт. Многу пати сум рекла не постои земја каде баш се е погодено и онака како што сакаш. Нормално е дека во Македонија има некои предности (иако Швајцарија би имала милион предности кога ќе споредиш со Македонија) и како и сите што живееле во својата земја па емигрирале ова секогаш ќе ти биде проблем. Кога би се родила таму и би израснала никогаш не би сакала да живееш кај нас. Но, ти бидејќи си видела како е да живееш кај нас и ти недостасуваат некои работи нормално ти е тешко да се навикнеш.
    Е сега треба да знаеш дека и кога ќе се вратиш во Македонија тебе нема да ти биде исто и ќе ти фалат сите оние предности што ги има во Швајцарија. Мислам дека треба да знаеш дека нема да гледаш на ист начин како порано затоа што сакала или не ти се навикнала на Швајцарија (иако не во целост). Ти си била во Македонија пред 7 години и тоа што било тогаш веќе го нема.
    Јас би ти препорачала многу убаво да размислиш пред да се одлучиш на нешто такво. Најголема предност кај тебе е што твоето семејство е таму , а евентуално ќе сватиш еден ден дека сакаш да бидеш таму кај што е твоето семејство и дека таму е твојот дом.
    На крај да знаеш дека многу добро те разбирам ама сакам да те натерам да расмислуваш малку поинаку зашто само така ќе си помогнеш себеси. И нормално ти си одлучуваш каде сакаш да бидеш и каде мислиш дека ќе бидеш среќна.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  11. fairy90

    fairy90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Imam 24 god. edna godina sum vo Germanija i sum sama so mazot mi tuka. Jas ti zaviduvam sto se tvoite pokraj tebe sestra mi i majka mi gi nemam videno 8 meseci ama ne mi teknuva da se vratam.Tesko e koga si vo stranstvo se snaogjas sam,ama bidi srekjna sto ima nekoj povozrasen do tebe i tvoite sakani se so tebe.Tolku od mene,sega ti razmisli.
     
    Последна измена: 6 април 2015
    На bombona23, Abrakadabra, Viki693 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.561
    Допаѓања:
    93.815
    @macedonia.timeless
    Јaс дa сум нa местoтo нa твoите рoдители ќе те пуштaм, aмa сaмo сo пaри зa пaт и нештo ситнo зa првите месеци. Нели вoзрaснa си, сaмa oдлучувaш, пa нaјди си рaбoтa вo Мaкедoнијa и живеј oд плaтaтa без спoнзoрствo oд мaмa и тaтo. Акo не ти се урне сoнoт штo гo имaш зa Мк и тoгaш кaжеш декa ти е дoбрo и декa Швaјцaријa не е зa тебе, oк, штoм е љубoв вo прaшaње некa е сo среќa.
     
    На imelda, daylight, crazylady и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Sanimk1

    Sanimk1 Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Се' е кажано од феминкиве погоре.
    Камо да сум на твое место!
    Учам Германски и мозоков ми прска. Гледам само како да заминам од оваа луда држава.
    Изборот е твој!
    Поздрав :)
     
    На Sunshine.Sunshine му/ѝ се допаѓа ова.
  14. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    4.709
    Допаѓања:
    75.154
    Пол:
    Женски
    Најголемата грешка ќе ја направиш ако се вратиш...немој.
    Може ти е тешко ама сигурно е само период. Ќе помине. Ќе ти биде криво ако се вратиш.
    Овде што се случува не сакаш да знаеш. Катастрофа е во државата, бегај подалеку.
    Плус не си сама, ете цело семејство ти е таму.
     
  15. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.266
    нееееее! :headbang::drunk::)
     
  16. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.191
    Допаѓања:
    9.091
    Пол:
    Женски
    Ма какво враќање?Седи таму и ќути, уживај, како што ти кажаа погоре можеш овде на одмор да дојдеш, нека не те тера ѓавол ове да живееш и работиш, немој, катастрофа е :)
     
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.968
    И од мене категорично НЕ! Нема никаква споредба на животот во Швајцарија со ова тука. Хм, знам тебе најмногу што ти фали. Забава, секојдневно шетање со друштво, ноќен живот и сл што тука е и префорсирано. Знам, таму е сосем поинаку, ама добро размисли дали само тој дел од живот ти фали?? Не е лошо, дојди на некој месец тука, осети како се животари во МК, дека нема средено секојдневие како земјата кај што си. Плус не можеш да си дозволиш доста работи како што можеш со тој стандард во Швајцарија која е една од првите пет земји со највисок стандард. Забавата и таму можеш да ја имаш, но животниот стандард на ниво како во Швајцарија, тука го нема.
    Ќе ти помине овој кризен период, сигурно нема да посакаш во МК да се доселиш за секогаш.
     
  18. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.196
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Од Швајцарија да се вратиш во Македонија?
    Штом 7 години живеете во Швајцарија, сигурно сте финансиски добро обезбедени. Не гледам потреба зошто би се вратила назад. Сигурна сум дека ја знаеш ситуацијава во нашата ни мила држава.

    Да сум на твое место, ниту на крај памет не би ми паднало враќање назад.
     
  19. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.092
    @macedonia.timeless би сакал да ги слушнам кои ти се плановите откако ке дојдеш во мкд, иначе јас секогаш сум за тоа доколку имам можност да си реализирам некоја желба да ја реализирам :wasntme:

    остај шо ти викаат луда си да се враќаш и остали работи, сигурен сум кога ке посакаш ке можеш да се вратиш назад а и овде не е лошо доколку си имаш парички, особено ако имаш можност да си тераш некој бизнис, затоа шепни ми ги плановите :P

    за сите вас што сте запнале за финансиите ете ви доказ дека не значи ако си финансиски јак дека ке си и среќен :)
     
  20. Triumf

    Triumf Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Машки
    macedonia.timeless Немој ни да си помислила да ги вратиш документите ,не се доаѓа лесно до нив не поготово Швајцарски. Животот во Македонија е поинаков за разлика од европскиве земји но во која смисла ( Полош е ) Не е исто да дојдиш две недели или месец во Македонија и да живеечшво Македонија.
    И јас сум во странство и планирам да се вратам во Македонија но кај мене е друга ситуација , јас сум само две години надвор а имам и сигурна работа во Македонија . Не се некои големи примања тами но се нешто пововеќе од просечна плата.
    Ако се вратиш ти што ќе работиш и што ке правиш,а плус јас не планирам да се одкажам од моиве овдешни документи за секој случај.