Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Враќање назад во Македонија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од macedonia.timeless, 5 април 2015.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.913
    Допаѓања:
    177.274
    Пол:
    Женски
    Јас пак би ти кажала да се вратиш. Ама да си размислиш добро за ризикот кој би го презела доколку би се вратила. Земјава ни е гнила и тоа е општо познато. Тежок е животот тука. Тука не се живее, тука се преживува. Далеку сме ние од тие стандарди што ти моментално ги уживаш и се надевам дека тоа ти е јасно. И ако се ова ти е јасно и ти пак сакаш да се вратиш тука имаш моја поддршка. Зошто? Затоа што јас верувам дека силата е во младите. Дека младите можат да рушат системи и да менуваат закони. Да, од сите страни сме притиснати во ќош, ама верувам дека народов почнува да се свести. Малку од малку. Еден...по еден. Кога ќе стигнеш на дното, единствениот пат е на горе. Ќе поминат години додека да се опоравиме, ние што сме тука веќе премногу изгубивме, ама даваме жртва за следните генерации, сега се изгледа малку, ама од негде и некако мора да се почне. Некој некогаш се борел за нас без да глеа за себе, изглеа и ние сме тие пресудни генерации...
    Јас би била среќна кога сите би сакале да се вратат назад и да вложуваат и придонесуваат во себе си овде, а патем со самото тоа и во ова парче земја. Од друга страна примањата се минимални па затоа не ги осудувам ниту оние кои си заминале, кои сакаат да заминат и кои допрва ќе си одат. А можеби и ја еден ден ќе бидам приморана....
    За да се вратиш тука ти треба и психичка припрема. Животот ќе те бутка, шутира, гази на многу различни начини и на многу различни левели.
    И ако покрај се, се чувствуваш доволно подготвена и сакаш да се вратиш, јас пак ќе ти кажам, те поддржувам. :)
    А и без разлика колку е труло овде, чувството дома е единствено, ама некогаш само тоа не е доволно.
     
    На veren му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Врати се, врати се..
    Ако ти е прифатлива идејата едвај да спајаш крај со крај, и чудиш како да го поминеш месецот слободно, тука сме. ;)

    Не се глупирај, камо ние да ја имаме твојата прилика, при првото одобрување на документи фаќаме магла.
     
    На Sunshine.Sunshine му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sanimk1

    Sanimk1 Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Да, силата е во младите, ама не во нашава држава. За жал.
    Менталитетот е тој и тешко дека ќе се промени.

    Ќе напоменам некои работи кои можеби изгледаат како да се надвор од темава, но се клучен проблем во нашиот систем и составен дел на менталитетот (познато ви е и на вас). Но, ете не можам, а да не спомнам. :)

    Мито и корупција. Па да, знаеме дека зема замав секаде во светот, но и покрај тоа животот таму не е како кај нас и Балканот. Значи нешто не е во ред со нашата држава.
    Ајде ќе речеме дека станува збор за земја во развој, да но Господ знае кога ќе се оправи. Затоа што се додека проблемот лежи во политизацијата и непотизмот нема оправање и младите ќе бегаат.
    Експлоатација, да не правиме муабет. Секој гледа да заработи на твојот труд.
    Горенаведеното се сведува на нашиот Балкански менталитет што е случај и во земјите од соседството.

    "Силата на младите" во нашава држава:

    Се' е засновано на политичките партии и препукувања за власт. И овие младиве што протестираат гледаат да постигнат некои политички поени на сметка на опозицијата, а оние пак што се припадници на власта ќутат затоа што добиле нешто или сеуште живеат во надеж дека ќе добијат. Многу малку останаа што ја имаат силата во вистинска смисла на зборот. И се додека има поделби, а нема единство тешко дека ќе ја добијат силата во вистинска смисла на зборот.

    Значи, се додека сме со вакви размислувања и гледање на нештата (што тешко се менува во држава која веќе се навикнала на тоа), нема промени и напредок.
     
    На evangelina.ina и anakonda88 им се допаѓа ова.
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.913
    Допаѓања:
    177.274
    Пол:
    Женски
    И јас тука во целост се согласувам со тебе. Ти совршено ја отслика моменталната ситуација во земјава и во последниве неколку години. Ама вака ниту слично на ова не било пред 20 години, ниту се можело да се замисли дека до тука ќе стигнеме. Од таа причина верувам во будење и верувам во свест. Како што кажав и претходно, ќе требаат долги години рехабилитација, ама јас верувам во тоа. Ништо на светов не е статично па дури ни менталитетот, и тој е променлива категорија, а посебно во услови на забрзан развој на разно разни технологии и широка достапност до едукација во светски рамки, кон кои сите целиме. Затоа сакам и да останам позитивна. На крајот на краиштата, ова е само мое мислење. :)
     
    Последна измена: 7 април 2015
    На veren му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sanimk1

    Sanimk1 Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Не верувам баш, можеби затоа што сум тотално разочарана од случувањата. Како машината да не зела во неа и нема излез.
    Kако и да е, трпение спасение :) Па ќе видиме. ;)
     
  6. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    Никогаш нема да се опорави нашата држава , ако можете бегајте од овде , спасетеси го животот , дури сте помлади тоа подобро ...
     
    На Sanimk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Најубаво е да дојдеш и да си видиш самата. Ќе се вратиш назад кај твоите по неколку дена !
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Нормално дека имаш право на одлука но колку е зрела?!?! Остај ти тоа враќање не враќање туку размислувај да се осамосталуваш сама да заработуваш за себе. Незнам како мислиш да живееш понатаму во животот но на 22 ако не учиш/студираш би требало да работиш. Јас да сум на твое место би студирала таму на некој појак и признат факс да утре што се вели имам повеќе опции во животот. Таму а и низ ЕУ бар се цени диплома а овдека и покрај тоа што ги штанцаат пак тешко се наоѓа работа.
    Знам дека и таму не е лесен животот, живееш под шема и роботски од-до но ете можда ти ќе си жртвена генерација за да создадеш подобро нешто за твои поколенија.
    А за РМ не се секирај нема да ти избега, како ја остави така и ќе ја најдеш. Битно имаш опција и шанса а твое е дали ќе ја искористиш. Лесно се пакуваат куфери за назад но за натаму е потешко.
     
    На evangelina.ina му/ѝ се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.300
    Дозволите за престој се најчесто поврзани со отсуство од тамошната држава до 6 месеци.

    Така да не знам зошто толку драстичност во одлуката и поднесување некаков вид на барање за поништување на истата и за враќање во државата чиј државјанин си сеуште. Ако толку си решила купи си билет и тргни.
    Ќе му додје како продолжен одмор, само што истата сума на пари ќе треба наместо 3 недели, да ти трае барем 3-6 месеци и види си каков е животот.
    Ако ти се заарни толку тука остани си, а дозволата покасно автоматски ќе ти ја одземат.

    Мое мислење е дека немаш престава што те чека.
    Си била на возраст од 14-15 кога си ја напуштила државата и сеуште во фазата на безгрижно детство со одредена мера на изолираност од вистинските економско/политички/финансиски состојби на државата.

    И сега кога идеш на посета тоа е најчесто со полн новчаник со пари заработени од надвор и си уживаш во времето поминато со фамилија, друштво на поседенки и дружење.

    А назад таму те чека суровата реалност, односно фазата во која едно лице е потребно да студира
    (а верувам дека со јазикот не ти било лесно бидејќи 14-15 е крајната граница за негово безболно изучување), да работи и да се осамостали(да си плаќа сметки па се како дошло така ошло на крајот на месецот).
    Муабетов од пензионер на пример немаше да ме чуди.
    Си знае дека секој месец ќе му иде чекчето од странство и во Македонија ќе си ужива во домот кој долго и трпеливо го градел и околината на сета блиска фамилија.
    Ама од млада личност на која и се отворени вратите на сите академски инстутуции или програми за млади за патување и работа низ цел свет, има пред себе понуди на работни позиции од кои можеш да живееш а не да преживуваш...
    Претпоставувам дека си сеуште зависна од своите родители, дали финансиски или под нивни кров штом толку драстично се спротиставуваат на твојата одлука а и ти не си ја истерала истата до крај.
    И во македонија може убаво да се живее секако. Али борбата додека се дојде до убавото е далеку подолга и поисцрпувачка од таа во Швајцарија.
    Ама како што некој пиша, доколку имаш или си при крај со фак. кој е перспективен и веруваш дека можеш да живееш со истиот(уште подобро некој да ти обезбеди работно место), или разработено некаков бизнис план...супер.
    Се надевам дека дружбите со пријателите не се одлучувачкиот фактор, во тој случај ми е само детски крик за внимание.
    Размисли да не имаш поголеми егзистенцијални проблеми од сегашниот проблем на свикнување.
     
    На SummerGirl, imelda, NoellePage и 7 други им се допаѓа ова.
  10. macedonia.timeless

    macedonia.timeless Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    137
    Си мислев јас ќе барам работа некаде во мк, имам овде завршено но еве сега ѕа две недели ќе се вратам на одмор 3 недели и ке разгледам како стојат работите ќе прошетам и пошироко од мојата околина.. бијдеки кога живеев таму бев дете и не е исто дете и воѕрасен како дете немаш многу грижи па можеби и затоа мислам така дека ќе ми биде подобро. Инаку од кога дојдов тука ми се случија мене и моето семејство доста лоши работи, почнавме да се караме многу, ја изгубивме хармонијата во домот секој на работа се враќаме еден по еден понекогаш не се ни гледаме а кога сме сите дома е кавга. тоа е.
     
  11. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.015
    Допаѓања:
    51.991
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека зависи и од твоето образование таму, работно искуство, можност за вработување тука.
    И со најмалку платените професии во Швајцарија можеш да живееш сосема пристоен живот, додека во Македонија ќе бидеш во мизерија. Ако немаш точно испланирано кај би работела и живеела тука, би ти рекла да останеш таму, барем додека не ги решиш тие две прашања.
     
  12. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Да избегаш од родителите дури до овде поради кавги,не е решението.Такви работи не се решаваат со бегање,а ако толку сакаш да се осамостоиш од нив,можеш да собираш пари за стан за друг град во Швајцарија или друг дел од градот(како што прочитав имаш работа).
    А овде е тешко,претешко.Ако планираш да седиш кај роднини,нема да бидеш добредојдена цел живот,ќе мора одма да бараш работа.Рачунај нашиов народ пола и повеќе се невработени,па барањето работа ќе биде долг,исцрпен и неуспешен поход.
    Дојди на одмор неколку недели,направи самата процена и ќе видиш дали вреди.

    ПС:Ако сепак планираш да дојдеш,прашај ги твоите дали сакаат да примат една будала со години колку тебе,мене Швајцарија ми е земја од соништата и заради системот и заради образованието,целокупен џекпот:D
    Шала настрана,секаде е поубаво отколку овде,ете тврдам.
     
    На crazylady, ArmaniCode, bittersweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Вие сите зборувате да не се враќа, а сами не знаете колку е тешко да живее човек далеку од дома. Јас те советувам да си дојдеш, ама не за секогаш. Дојси си на одмор ова лето, па повторно врати се. Човек си и залужуваш одмор. Знам дека ти фалат твоите и пријателите, па најдобро ќе ти биде да се вратиш. Ако можеш тука да си најдеш добро платена работа, остани. :)
     
  14. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Инаку таа живее со нејзините во Швајцарија,а таму е веќе 7 години,па поголема е веројатноста таму да и се сите пријатели,а не овде :)
     
    На Hija.de.la.luna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Hija.de.la.luna

    Hija.de.la.luna Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2015
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Само што сакав да го кажам ова :)

    Јас би те посоветувала да се вратиш тука само ако имаш одлична бизнис идеја и ако можеш одма да ја спроведеш, во друг случај не ја гледам причината за враќање. Мислев дека и од авион се гледа каква е состојбата во нашава држава.. :?: ама ете, ќе си дојдеш на одмор и ќе се увериш сама.
     
  16. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.208
    Допаѓања:
    77.483
    Пол:
    Женски
    Ако толку многу сакаш да се вратиш, врати се. Не земај ни денар од твоите, смогни сили и врати се сама. Со рачен багаж само.
    Најди работа, плаќај си стан, сметки, купи си облека, покуќнина.... И тогаш ке видиш дали требало да се вратиш или не.
    Немој да мислиш дека кога ке се вратиш, твоите бивши пријатели ке те пречекаат со раширени раце... Максимум недела до две, излегување, ова, она... После секој се држи на дистанца, дали еднаш во две недели ке излезеш на кафе-муабет.

    Исто и мене еден период ме фати она, homesick...
    Пакувај куфери и назад. На почетокот сите кога ке ме видеа, ајде да се видиме, нема проблем. После едно видување, толку. На телефон не креваат. Во град ако случајно ги сретнеш, се некои изговори.....безврска.
    17 дена по ред, од дома не излегов. Немаше со кој. А претходно сум одела на по 3-4 кафиња во денот. Викенд-кафана и после диско. Немав време да спијам дури.

    И кога ме удри реалноста во глава, ајде пак, куферот и враќај се назад.
    А тоа што се карате дома фамилијарно... Голема работа. Да сте сите живи и здрави. Мора и кавги да има. Период е тоа.
    Подобро седни и разговарај со нив, отколку таква фатална грешка да направиш да се вратиш во МК.
    А за поништувањето на дозвола за престој, нема да коментирам. Еднакво на самоубиство е.
     
    На Herrera, Elen4e_sonce, koritsaki и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.991
    Допаѓања:
    135.277
    Пол:
    Женски
    Не е исто да дојдеш тука на еден месец со плата што одговара на стандардот на некоја развиена европска земја и да протуркаш тука еден месец со плата заработена тука. Не си се гледала со фамилиајта. Епа и тука ако навистина сакаш да заработиш нема да се гледаш со фамилијата. Јас татко ми го глеам на пример еднаш во три дена иако живееме во иста куќа.
    Не дај боже да треба да отидеш во болница. Верувај дека не сакаш да ја видиш таа мизерија, ма да штом си живеела тука 14-15 години ваљда јасна ти е сликата, ништо не е сменето на подобро, а поголема е веројатноста за закачиш плус некоја бактерија него ли да се излечиш. Еве некоја слика, толку успеав да најдам,
    [​IMG] [​IMG]
    Твоите родители сигурно мака мачеле да те изнесат од тука и да ти пружат подобар живот од тој што би можела да го имаш тука, и ти сеа сакаш да се вратиш... нема смислам.
    А тоа дека имате караници дома ... реално која фамилија нема, судирот на генерации, судирот на карактери си го прави своето.
     
    На srhsejbsk, Marossa, ArmaniCode и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Машки
    Не верувам дека лице без пречки во развојот може да размислува за вакво нешто. Друга можност е дека се работи од оние кои немаат друга работа и си прават виртуелни заебанции т.е. ``тролови``.
     
    На Аргентина *, N.Kety, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.015
    Допаѓања:
    51.991
    Пол:
    Женски
    Не е толку чудно, знам многу луѓе што размислуваат да се вратат, ама тие луѓе се подоцна заминати во странство.

    На крај се сведува на тоа дали има некој план за што би правела тука.
     
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Главните прашање кои би требало да си ги поставиш е: Што очекувам од животот во Македонија? Како треба тој да изгледа? Како и дали во моментов и во иднина можеш тоа да го реализираш?

    Според твојот ник @macedonia.timeless имам впечаток дека можеби си наседнала на некоја од истоимените реклами (Visit Macedonia & Macedonia Timeless) за промовирање на туризмот во Македонија. Тие реклами всушност и не се лага, но само доколку доаѓаш со доволно пари на краток престој и тоа како турист на шетање, искачање, јадење и пиење.

    Во Македонија со околу 1000CHF месечно (околу 59000МКД) може многу убаво да се живее ако немаш семејство, но повеќето луѓе заработуваат околу 200-250CHF месечно а за да нормално преживеат потребни се околу 500CHF месечно. (под претпоставка да немаат деца)
    Искористи ги тие искуства и познавањето јазик/јазици - претпоставувам си научила германски или француски перфектно, да побараш и добиеш некоја стипендија во земјите на ЕУ или подалеку... па спореди каков е таму животот. Можеби за тебе не е швајцарија туку Австрија или Германија, или пак Франција или Чешка, можеби Грција или Шпанија??? и тн.
    Како би било да се стрпиш уште некоја година (или месец?) дур да го добиеш во целост швајцарското државјанство а со тоа автоматски стекнеш и право на швајцарски пасош? Според информациите од интернет, Швајцарија уште од јануари 1992 год. го дозволува двојното државјанство - што значи ќе можеш слободно да си го задржиш и македонското. Лесно е тогаш да дојдеш и повторно да се вратиш во Швајцарија ако ти преседне Македонија. Но ако ти се поништи дозволата за постојан престој таму, тогаш тешко дека ќе можеш повторно да ја извадиш.

    Исто имај во предвид дека со швајцарски пасош како турист освен во МК, без виза можеш да одиш и во САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд, цела Јужна Америка и југоисточна Азија. Со македонскиот пасош тоа не е случај. Што мислиш, зошто пола македонци се „потепаа„ да извадат грчки и бугарски (па и хрватски) пасоши?

    Во меѓувреме евентуално доаѓај си на одмор во Македонија за да се одмориш психички и физички. Природна е потребата за повремена промена на средината, не си ја одземај можноста тоа да го правиш и во иднина.