И јас се вратив, ме убеди слоганот ,, Дијаспоро добредојде дома,,. Мислам првенствено за ова, второ оти нема добра зелка за расол по Германија, а ме мрзи самам да си ставам по две буриња на балкон . Сега малку вака воздухот што ме гребе и ми горчи и очи ме печат од чадот овде, ама се друго е супер .
Специјално дојдов тебе да те прочитам, пошто знам дека се врати. Џабе се убедувавме, слоганот победи Вчера гледам некое си директорче на не-знам-шо на мк телевизија. Си реков, и крајот на светот да доаѓа, само во мк да не дојде, ќе размислам дали ќе се вратам.
И јас ќе се враќам, доста викаа дека не сум била домаќинка, сакам да си запалам ќумбето, ајварче да си напраам, да закадам малку да замириса пола град. Исто сакам и гаќите на балкон да си ги сушам. Епа не сум будала да јадам казни во странство за едни гаќи.... кои се они на мене да ми кажат кај ќе ги сушам.... пфффф
Парите се битни но во заблуда сте ако мислите дека во тие високоразвиени земји среќни се луѓето. Не е до парите, до многу други ствари е. Али тоа може само некој кој ги искусил и двата статуси да каже.
Ја се вратив пред месец дена, едвај чекам да најдам нова работа за било каде во странство (тука не ни прифаќам понуди) и да си идам пак, било каде, тотално небитно ми е. Ова не е држава за жал и колку си понормален/почесен/покултурен, толку повеќе го јадеш. На сите полиња. Едит: Во странство зависи повеќе од тоа каков тип на човек си.. Лично за мене, пошто сум апла екстроверт, немам проблеми за наоѓање луѓе за да не бидам *осамен* било каде. Е сега какви луѓе обично погодувам, сам сум крив
Мене ми влијае атмосферата на психа. Јас сакам зима али зима кај нас како што е, знаеш какво е зима во Скандинавија, Германија, Холандија? Да посакаш да се килнеш. На улици нема никој, они немаат навика да шетаат као кај нас пешки, нема никаква динамика, мрачно ептен, апокалиптично сценарио. Многу и од нив што се таму израснати се у даун ради времето.
Прв пат слушам за такво сценарио во Германија . Сигурно не е така. Или можеби си била во некое мало место па затоа. Тука кај мене и на бура и на дожд и на снег и на се живо шетаат. Нонстоп има луѓе денски. И не е многу ладно, дури можам да кажам дека во Мк е поладно.
А не ти влијае на психа опкружувањето во Македонија ))? Не знам, и не судам или солам памет! Мене ми е одвратно тука, на секое поле.
Тоа за шетање на Холандија мислев а Германија има гужви али мрачно е, Бамберг и Хамбург ги имам посетено.
Па тука исто е ужас али таму полошо мене ми е ради тоа што наброив. Ќе барам летна земја, ми треба светлина.
Јас не ни помислувам, моментално сум тука, се вратив од Холандија се до свадба и после свадба терам накај Скандинавија, Шведска. Искрено сум помислила да се вратам пошто убавина е тука, од 365, 360 денови имаш сонце, топлина, држба, ама џабе кога системот не го бидува, од златна држава ја направија банана држава.
Колку не е точно ова, и колку не е за сите земји исто, апсолутно на улица има луге, одат со точаци, Амстердам е лето зима полн туристи дури на глава им се качени на жителите. Врска нема, има активен живот, полни кафичи. Да , во селата е ваљда мирно. Ниту е ладно како во мк зима, ниту лето е прежешко. Ако Холандија нема места за шетање лето зима, не знам која земја има. Е сега нема планини за скијање, ама ете ги Германија и Франција се блиску. Или јас сум некаков фрик, мене искрено климата во Холандија ми е подобра од климата во Македонија. Нема онакви втурачки дождови со поплави на сообраќајници ко во ск, нема снегишта раскашавени, нема пеколи со пожари. Дождовите се ситни и кратки. Е сега, помалку сончеви денови има, ама еве надвор моментално е сонце не е дека вечно сивило. Па ни Англија не е таква одвратна со дожд ко што слушаме како деца на школо во лекции по англиски. Е сега, треба обавезно Д витамин, ама патуваат и шетаат и излегуваат холанѓаните, повеќе од просечен македонец се нашетани. Или ко што реков, фрик сум, ама овде повеќе ми се допаѓа, ја сакам земјава и убава ми е, не дека е без мани, ама па катастрофа ни под разно не е.
Што не е точно? Ок Амстердам е полн со туристи и Ротердам во центарот и Бреда видов многу раздвиженост многу ми се допадна градчето, а Хаг? Дордрехт, Звајндрехт и другите помали градови? Многу депресивна атмосфера, тоа може да е и индивидуално не секој сака пост апокалиптично да е, што е најјако јас порано сакав такво време али се сменив сега повеќе сакам светло и сончево да ми е а и тие Холанѓани со кои што имам комуницирано се жалат од времето дека им влијае на психа, исто и Скандинавците.
Шо знам, индивидуално е изгледа. Хаг и Дордрехт исто не се пусти. Звејндрехт не сум била. Не знам. И Венло и градовите на граница со Германија доста имаат туристи. Велосипедски тури, многу вода ако имаш чамец или бродче, многу зеленило. Многу култура и уметност. Музика, спорт, концерти. Дека мк е поинтересна земја со настани, мало сутра. Али еве. Се сложувам дека не секој ја вари Холандија. Знам македонци на кои не им се свиѓа. Ама по ѓаволите, се чудам зошто уопште се овде. Мене ми е многу убава. За жал, или за среќа, поубава од мк која исто ја сакам. Баш моментално е сончево.. И не е дека е ко од Dark серијата климата. Сивилото е привремено, не сме северен пол
Не зборам за настани, далеку повеќе избор има Холандија али генерално атмосферата мене лично ми е мрачна у повеќето делови.
Сега баш напишав: 11°е и надвор сончево. Но се сложувам дека знае да зафали сонце. Ама далеку од тоа дека го нема. не знам дали примети, овде на 13, 14 степени, веќе носат кратки ракави. Ради влагата, филингот е дека е потопло. Хаг дува повеќе ради морето, Амстердам е повлечен нели како залив, ама и најсив кога е, мене ми е искрено убав. Си зобаме редовно витамин Д