Враќање на кредит за починато лице

Discussion in 'Правни совети' started by jomabo, Jul 19, 2016.

  1. jomabo

    jomabo Истакнат член

    Joined:
    Aug 16, 2011
    Messages:
    3
    Likes Received:
    0
    Почитувани. Мајка ми пензионерка почина со голем долг за враќање кредит во банка. Дали долгот по пат на автоматизам се префрла на сопругот нејзин со негова пензија или на мене како дете иако не правиме оставинска постапка затоа што ништо нема на нејзино име и нема што да се дели, или пак може долгот во банка да згасне?
     
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Joined:
    Feb 3, 2011
    Messages:
    3,391
    Likes Received:
    87,674
    Банката ќе го пренесе долгот на наследниците.
    Според Законот, како што се наследува имот, се наследува и долг.
    Но, прочитај по нет...
    Ќе се обратиш до нотар.
    Читав дека постои начин да се заобиколи законот, со тоа што ќе се одкажеш од наследник.
    Во тој случај ништо не ти следува и за ништо немаш обврска.

    Совет барај од добар адвокат и нотар....по можност да ти се познати.
     
    rose60 and danichap like this.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Joined:
    Dec 21, 2010
    Messages:
    19,180
    Likes Received:
    124,315
    Gender:
    Female
    Банката на овај или онај начин ќе си го наплати долгот. Зависи што има ставено како обезбедување и дали има жиранти. Ако има жиранти оди кај жирантот.
     
  4. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Joined:
    Jun 11, 2015
    Messages:
    794
    Likes Received:
    9,191
    Кредитот се префрла на другиот родител,ако он не го враќа го враќаат неговите деца.

    Но види има нов закон за бришете на кредитот некој проект беше на владата,незнам точно за што стануваше збор отвори на интернет барај имаше опција некоја.
     
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Joined:
    Dec 21, 2010
    Messages:
    19,180
    Likes Received:
    124,315
    Gender:
    Female
    Тоа помина. Тоа беше отпис на долгови за ранливи категории.
     
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Joined:
    Aug 14, 2012
    Messages:
    20,056
    Likes Received:
    328,382
    Gender:
    Female
    kaj majka mi osiguritelnata kompanija go pokri celiot iznos na kreditot
     
  7. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Joined:
    Feb 3, 2011
    Messages:
    3,391
    Likes Received:
    87,674
    50% од имотот/долгот го наследува брачниот другар
    50% децата

    И како што кажа @nena2010 ако има жиранти, а вие дигнете раце., ќе ги заглавите луѓето кои некогаш ви излегле во пресрет
     
  8. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Joined:
    Jun 11, 2015
    Messages:
    794
    Likes Received:
    9,191
    Е можно е затоа пишав дека не сум доволно упатен,затоа што имаше такво нешто.

    Тогаш во случајов кредитот ке го исплаќа нејзиниот сопруг.
     
    nena2010 likes this.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Joined:
    Dec 21, 2010
    Messages:
    19,180
    Likes Received:
    124,315
    Gender:
    Female
    Најубаво е @jomabo да си се обрати до правната служба на банката од каде го земала кредитот.
     
  10. Forca

    Forca Популарен член

    Joined:
    Feb 21, 2016
    Messages:
    774
    Likes Received:
    2,125
    Gender:
    Male
    Наследниците одговараат за обврските на оставителот до рамки на наследниот дел. Ако нема оставина, нема да може да си наплати банката, доколку кредитот веќе не бил обезбеден на пример со хипотека или друго средство за обезбедување на побарувањата, а во никој случај наследниците со својот имот не одговараат за долговите на оставителот.
    За повеќе информации како да го спроведете горе наведеното контактирај ме во порака.
     
    Gulliver, Ljupco1982, Cka and 2 others like this.
  11. baba_kata

    baba_kata Активен член

    Joined:
    Aug 21, 2015
    Messages:
    55
    Likes Received:
    24
    Gender:
    Female
    Согласно член 83 став 1 од Законот за сопственост и други стварни права, наследникот одговара за долговите на оставителот до висина на наследениот имот, а согласно став 2 од истиот член, наследникот кој се откажал од наследство не одговара за долговите на оставителот.
    Тоа практично значи дека не може да се наследат само обврски.
    Доколку кредитот е реално обезбеден (залог, хипотека), банката може по доспеаноста да се намири од заложената ствар без оглед на промената на сопственикот на стварта, но доколку е само лично обезбеден (читај - плата, меница), во тој случај бидејќи должникот е починат банката ќе треба да ги бара наследниците. па (доколку ги најде, и доколку истите наследиле нешто) ќе може да побарува од нив, доколку се откажале од наследството на оставителот, банката нема да може да побарува ништо од нив, но во најголем број на случаи банките ги обезбедуваат реално своите побарувања.
     
    Victorian likes this.
  12. jomabo

    jomabo Истакнат член

    Joined:
    Aug 16, 2011
    Messages:
    3
    Likes Received:
    0
    Ви благодарам на сите. Да појаснам. Се работи за починато лице пензионерка со сопствена инвалидска пензија. Нема жиранти и нема никакви хипотеки или залози на нејзино име. Кредитот е земен од банката од која прима пензија на 3 години и половина е отплатен преку рати секој месец со земање пензија. Сега прилив на средства за пензија запира. Со оглед на тоа дека нема ни никаков имот или сопственост на нејзино име нема ни да покренуваме оставинска. Татко ми како нејзин сопруг си има своја старосна пензија. Дали законски автоматски се пренесува долг за наплата на татко ми како нејзин сопруг, сеедно што тој не ни знаел за кредитот?
     
  13. baba_kata

    baba_kata Активен член

    Joined:
    Aug 21, 2015
    Messages:
    55
    Likes Received:
    24
    Gender:
    Female
    не не, нема ништо "автоматски" тука, со оглед да тој НЕ бил обврзан како жирант, нити пак потпишал меница.Банка нема никакво побарување спрема него.
     
  14. Jasminkabibibi

    Jasminkabibibi Активен член

    Joined:
    Jul 13, 2016
    Messages:
    84
    Likes Received:
    124
    Gender:
    Female
    Se izvinuvam malku ke skrsnam od.temata:(
    Долг направен за вода кој се води сеуште на татково име,но и мајка ми е почината ....во куката никој не живее водомерот укочен и стигаат статички сметки и опомениза исклучуване...дали е апознаен некој со ваков проблем и дали има некое солидно решение...
     
  15. Evripigi

    Evripigi Истакнат член

    Joined:
    Jun 21, 2016
    Messages:
    125
    Likes Received:
    1,143
    Gender:
    Female
    Ќе одиш во водовод да расчистиш ама долгот не се поништува го наследуваат наследниците, така да се ќе мораат тие да платат без разлика што никој не живее таму.
     
  16. Jasminkabibibi

    Jasminkabibibi Активен член

    Joined:
    Jul 13, 2016
    Messages:
    84
    Likes Received:
    124
    Gender:
    Female
    Ти благодарам
     
  17. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Joined:
    Apr 15, 2012
    Messages:
    3,123
    Likes Received:
    9,434
    Gender:
    Female
    Ако не можеш дома да го најдеш договорот појди си во банката. Банките не простуваат долгове, само ќе ти се трупаат камати после ќе ти биде потешко. договори се со банката со време да не биде полошо.
     
  18. irenna

    irenna Популарен член

    Joined:
    Dec 1, 2009
    Messages:
    3,098
    Likes Received:
    4,462
    Gender:
    Female
    Во сметката за вода има и друга такса, мислам дека беше за комунални услуги и таа е фиксна, се пресметува по квадрат и трошеле вода или не сепак ќе ви стига сметка со таа сума. Ке си покренете оставинска постсапка, кој ќе ја наследи куќата ќе ги подмири трошоците во Водовод, ако има повеќе наследници ќе поделат сумата што треба да се плати. Мој совет е да плаќате во банка преку трансакциска затоа што секогаш може да извадите извод како доказ за платен долг, ако плаќате во пошта мора да ја чувате сметката. Со наследното решение ќе отидете во Водовод, таму ќе извршат промена на податоци и сметките ќе стигаат на име на наследникот на куќата.
     
  19. JonyBravo

    JonyBravo Популарен член

    Joined:
    Mar 14, 2015
    Messages:
    548
    Likes Received:
    2,142
    Gender:
    Male
    По смртта на твојата мајка, во случај да имало имот, наследувате по една половина со твојот татко. Доколку имаш браќа и сестри или прибраќа или присестри, имото се дели на онолку делови колку што има наследници. Покрај наследувањето права, се наследуваат и обврски така што доколку нема права(читај и имот) а има само обврски, си ги наследувате подеднакво обврските. Во случајот, не може автоматски, банката да ја префрли наплатата на кредитот на вас како законски наследници.
    За тоа треба да има оставинско решение од нотар(во оставинската постапка не верувам дека ќе има спорни прашања па за тоа да постапува судот па тој да донесе оставинско решение).
     
  20. Anon

    Anon Популарен член

    Joined:
    Sep 24, 2011
    Messages:
    830
    Likes Received:
    1,792
    Gender:
    Male
    А тие па што ќе и кажат право... што да ти расправам. Во нивен интерес е да платиш не да се спасиш од долгот.
    Ништо не се пренесува по автоматизам. Можеш и ако сакаш да спроведеш оставинска ќе те кошта 600 денари кај нотарот.
    Најбитно не можат да извршуваат долг што е на нејзино име од ваш имот ако не се прифатиш за наследник во оставинска постапка. Така да уживај.
     
    baba_kata and Victorian like this.