Враќање на позајмените работи

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од baba Rada, 5 април 2019.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    25.459
    Пол:
    Женски
    Имав еден многу убав и скап фустан, купен од странство и незнам со кој памет(обично гардероба нејќам да позјмаувам) и го дадов на една пријателка за да оди на свадба.
    Поминаа три месеци а никако да и текне да ми го врати..ај си велам нели да го испере идр. но, и мене ми затреба за една пригода и си го побарав...но на мое огромно запрепастување, пријателкава ми вели дека фустанот несакајќи го закачила на нешто и не го испрала се уште.
    Нормално дека се наљутив и побарав да ми го среди како знае и умее или да ми купи нов.:(

    Ниту фустан добив, ниту оштета добив...се испокаравме и така заврши едно долго пријателство:?:

    Јас на една пријателка несакајќи наочарите за сонце и ги скршив, но затоа и купив исти такви нови.

    Што мислите, треба ли позајмените работи да ги враќаме како што треба, како што ни ги дале, треба ли ако ги оштетиме да се купи ново или да се платат..или да се правиме наудрени ко оваа мојава што ја мислев за другарка???
     
    На Abeja, ray-man, Luminary и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    860
    Допаѓања:
    17.714
    Пол:
    Женски
    Сум позајмувала и ми позајмувале.
    Имав другарка на која што често и давав облека и никогаш не ми ја враќаше како што сум и ја дала.
    Или искината или некаде прљава. А ја глупава ми беше незгодно да и речам па дури и кога ќе ми побараше следно не и правев проблем(facepalm) Еден ден ми пукна филмот и кога ми побара еден нов фустан само што го купив и реков дека не можам да и го дадам зашто е нов. Ми се налути:?:
    А кога мене ми позајмувале, нештото сум го пазела ко очите. И одма другиот ден откако ќе го исперам го враќам. Не сакам да чувам нешто што не е мое.
    Пред еден месец и позајмив на колешка еден предмет. Да се услужи. Еве уште ми го нема вратено. А и го побарав:!:
     
    На Hellobeautiful, Alisa22, Milobebence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    8.723
    Допаѓања:
    141.431
    Пол:
    Женски
    Ништо не давам на заем.
    Ако дадам нешто тоа веќе не го сакам назад.
     
    На Sannelaa, Martka, Јаневски и 12 други им се допаѓа ова.
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    25.459
    Пол:
    Женски
    Многу давав порано, дури и сервиси за јадење и пиење на комшиите кога правеле родендени и слави...и секогаш нешто фалело, скршиле....ама последниот пат кога ми го упропастија тенџерето за ајвар правење..е збеснав...веќе не давам ништо..

    јас сум позајмувала работи од комшикиве мои и од пријателките, па дури и пегла, усисивач, фен за коса..но секогаш сум враќала чисто, исправно и уредно...
     
    На vitamina, Elen4e_sonce, Alisa22 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    860
    Допаѓања:
    17.714
    Пол:
    Женски
    Мене ми е незгодно да ги одбијам.
    А паметно е тоа што го пиша @LiliBoz .
    Така и ми треба кога многу се замарам со тоа што ќе помисли ако не и позајмам. Дали ќе ми замери и сл.
     
    На Alisa22, Milobebence, Snowflake97 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    9.524
    За позајмување не сакам да земам туѓи работи, ама и за давање многу сум лоша, еднаш и позајмив маица на другарка, за таа после месец да ја позајми на друга нејзина другарка. И сосем случајно ја запазив маицата (со девојката не се знаевме) и ја прашав од каде и е, и кога ми кажа само и реков на сред чаршија да ја соблече. И нормално и ја зедов (не ми беше гајле дали ќе шета гола), и од тогаш веќе и другарка ми не ми побарала ништо. А вака ако ми е некоја личност при срце и ако нешто и се допадне, го соблекувам од мене и и го давам засекогаш (не сакам натиго-дајмиго) Еднаш и на сосем непозната женска во дискотека и ги дадов сандалите и дома боса си се враќав:lol: Се зависи од каков впечаток ми остава личноста:wasntme:
     
    На Milobebence, Kate Rina 93 и baba Rada им се допаѓа ова.
  7. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    3.947
    Допаѓања:
    12.798
    Пол:
    Женски
    Нешто што најмногу ме нервира е позајмување.
    Не сакам ни да зимам ни да давам. Ама ..... има безобразни личности кои сами си бараат и ми е незгодно да одбијам ќе дадам и после амин за враќање.
    Има еден куп работи кои сум ги дала за после со молење да ми ги вратат или воопшто да не ми ги вратат. Уште памтам дека имам невратени лектири, книги, облека, усб-иња (еден куп)...
    Што е најтрагично ќе ми кажат леле не можам да го најдам и така цело време.
    Срамотилаци!
     
    На Luminary, Shmizla94, vitamina и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Alishan30

    Alishan30 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.846
    Пол:
    Женски
    Позајмувам и во исто време подарувам, назад нека не ми враќаат.полесно ми е така на душичката:)
     
    На Milobebence, LiliBoz, Kate Rina 93 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    6.087
    Пол:
    Женски
    Ретко ми бараат на заем, а на најблиските другарки и сестри би дала. Но многу ретко е тоа, а и јас ретко барам.

    Е единствено што не давам се книги. Порано давав и така давајќи ми фалат неколку, а немам појма кај кого се, ниту некој ги враќа. И кажав книги више никад на никого, освен на сестра ми.
    Пре би позајмила некој партал него книга.
     
    На Bozica1980, Milobebence и baba Rada им се допаѓа ова.
  10. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    9.382
    Пол:
    Женски
    Не позајмувам, ниту пак сакам да давам на позајмување. Немам проблем со подарување, баш ми е мило и често се трудам да подарувам, ама позајмување :shake:
     
    На blackwave, Youknow, WildMk и 6 други им се допаѓа ова.
  11. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    3.660
    Допаѓања:
    18.521
    Пол:
    Женски
    Позајмувам и ми позајмуваат , но само на сестра ми, золва ми и најдобрата другарка. Мал круг на луѓе на кои им верувам имам околу мене, и затоа е тоа така. Кога беше золва ми помала , и било срам да ми побара облека и сама се услужуваше директ од шкафот, кога не бев дома. Но кога го приметив тоа , направив кафе за двете, ја викнав и ѝ кажав :" **** кога ќе ти треба облека на заем, побарај ми. Немој да се срамиш од мене. Денес ти си ми побарала , утре јас ќе побарам на заем. Тоа е нормално за мене, се додека е " легално " позајмено. Не е за облеката, ама еве јас знам дека блузата сум ја оставила од лева страна , но никаде ја нема. За да не се измешаат работите ми е ". Мило ми е што тоа го разбра на позитивен начин, не се навреди, и денес си позајмуваме облека кога имаме потреба од тоа.
     
    На RainbowButterfly и baba Rada им се допаѓа ова.
  12. Caci55

    Caci55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2018
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    519
    Пол:
    Женски
    @baba Rada гардероба ич не се позајмува ама ако си решила на секој не се дава се:D
    Позајмувам само на сестра ми, ама откако почна да дели со другарките сум и пререкла.
    На не толку блиски другарки не позајмувам затоа што не ни очекувам да вратат или ако решиле да вратат им велам слободно штом се послужиле да не се срамат да го задржат позајменото.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.404
    Допаѓања:
    18.471
    Пол:
    Женски
    Сум позајмувала и ми позајмувале.Машки маици и дуксери имам на лагер ама тие не ги враќам :inlove:
    Вака од ,,туѓа” облека најчесто зимам дуксери ако ми е ладно, ги перам и гледам да ги вратам во кратко време.
    Еднаш ми даде другарка кроп-топ за на журка, јас и го дадов на друга она мене ми даде едно на прерамки и го снема кроп-топот.
    Каков идиот сум..и се понудив на другаркава да и дадам кеш да си земе бар некој друг ама неќеше.
    Гледам да не правам дај ми -на ти освен ако не е неопходно.
     
    На Elen4e_sonce и baba Rada им се допаѓа ова.
  14. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    5.421
    Jas vo princip ne sakam nekomu da pozajmuvam nitu pak baram za pozajmuvanje.
    Na bliski retko koga ke dadam za nosenje no posle ne go oblekuvam.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  15. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    5.464
    Допаѓања:
    20.659
    Пол:
    Женски
    Кога бев девојка со никого не сум делела облека, само со мајка ми. А многу години веќе ни со неа.

    Ниту барам ниту давам на заем, без врска ми е тоа. Тоа што имам, тоа користам. Ако ми треба нешто, ќе го купам, а исто така ако некој ми побара нешто, побрзо би му купила отколку што би му позајмила. Свои работи не давам.
    Додуша, ниту луѓето од мојата околина не се такви, исклучиво секој своето :whew:
    Банален пример. Ми се случило да поднакиснам на дожд само за да не земам чадор на заем. Поголемо малтретирање ми е да го мислам чадорот дали го вратив отколку да накиснам.

    Има бе луѓе како пијавици се. На мајка ми една комшивка, а бе бог да чува. Зема на заем и се прави дека никогаш не зела, а ако го видиш кај неа и спомнеш да ти го врати, вели тоа мое си е, како да го враќам :fubar:
     
    На blackwave, Elen4e_sonce, Hellobeautiful и 6 други им се допаѓа ова.
  16. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    2.985
    Допаѓања:
    24.351
    Пол:
    Женски
    Не позајмувам ниту сакам да позајмам.
    Не сакам да носам туѓа облека ниту мојата да ја носи друг.

    Единствено со кого сум разменала облека е сестра ми и сум зела облека од мајка ми.
    Од други лица не. Нема шанси да носам туѓа облека а уште помалку сакам некој друг да ја носи мојата.
     
    На Youknow, Hellobeautiful, Alisa22 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    1.041
    Пол:
    Женски
    Мајка ми уште од мала ме учела дека туѓа облека не треба да позајмувам, доволно си имам своја. Многу ми беше кул во средно кога гледав најдобри другарки како си менуваат облека и гледаш есни исти панталони носат 5 девојчиња во иста недела. Ни денес не разбирам што било кул во тоа :D
    И имам дадено неколку работи на најдобрата другарка и се ми има изгубено, еднаш дури пари ми даде, ама не ми беше за парите туку за стварта.
    Крстко кажано, ниту давам ниту барам. Ретко, многу ретко знаев да побарам накит или ташна и тоа било тоа
     
    На WarriorMind, Elen4e_sonce и baba Rada им се допаѓа ова.
  18. Ava.84

    Ava.84 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    2.105
    Допаѓања:
    20.430
    Пол:
    Женски
    Кога бев основно и средно ,да си позајмувавме со другарка.Секогаш исправно враќавме и двете.Дури кога си планиравме за искачање ќе кажевме планирам во твојата суќна да одам и така .Не беше облеката важна колку среќата и насмевката.
    Имам позајмено и најнов апарат на колешка.Моите за дипломска ми го купија 9000 денари.Јас им го дадов не постар од месец дена.Ми го вратија се во ред. Тогаш бев во фаза и уште сум де се што се купува и поправа е ефтино, само луѓето и пријателствата се бесценети.Колешката остана тогаш запрепастена како и го дадов.А зошто да не ќе одеше со дечко и на одмор.
    А книги од факс ,дома немам ни една сите ми се по колеги колешки.Штом положев ќе означев што ми се паднало и го давав на друг. Немам проблем за давање, ама поретко зимам.
     
    На WarriorMind, RainbowButterfly и baba Rada им се допаѓа ова.
  19. Emma2

    Emma2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.266
    Допаѓања:
    5.639
    Пол:
    Женски
    Многу ми е глупаво позајмувањето, порано ко помлада другарки знаеа да ми бараат гардероба и сум давала ама никогаш одма не ми враќаа и кога на крај ќе си го добиев позајменото парче, беше толку излитено што ми беше шубе да го облекувам. А и дека знаев дека сите тела се различни и дека ниеден прашок не пере целосно нечиј мирис или бактерии и така си правев филмови и не ги облакав. Мене многу ретко знаело да ми се случи само фустани за свадба да барам на заем декс сепак е свадба и не секогаш можеш да си приуштиш нов фустан. Сега веќе ни тоа не го правам, си купувам или носам што имам. Е со мајками уште ми е останато На ти го, дај ми го, дека она ретко носи класика гардероба, се и е да речам некоја младалачка варијанта на работи во кои и ја би се нашла , па така знам да се подновам и од неа од време на време...
     
    На WarriorMind, Elen4e_sonce и baba Rada им се допаѓа ова.
  20. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.486
    Допаѓања:
    30.037
    Пол:
    Женски
    Во однос на темата, мојата парола е мое не давам, а туѓо не сакам. Никогаш не сум практикувала некому да позајмувам или да имам потреба да позајмам.
    Специфична сум за многу работи, а (не) позајмувањето е една од особините што придонесува да го одржам контактот без да има моменти на напнатост и недоразбирање во форма на "надмудрување" на другиот.
     
    На blackwave, cresa-jagoda, Luminary и 6 други им се допаѓа ова.