Тоа е до другарките. Порано со помали финансии сме менувале гардероба со другарки, но секогаш била враќана одма после носење, испрана и чиста Е сеа, би позајмила нешто или би побарала што нема логика да го купувам за еднаш или двапати Ташни на пример, накит, или гардероба сеедно Ама кога си близок со некој, те сака и те почитува нема да чека да му речеш за враќање
Јас пак сум претпазлива, тоа што не е мое гледам да го вратам така како што ми го дале. Е сега на една бивша другарка имам дадено бикини и ниту еднаш не и текна да ги врати. И поарно, бидејќи сега кога ќе размислам дека со нив спиеше и не ги менуваше, и следниот ден со нив се капеше.
Кога ќе се вратам во детството, ми текнува на комшиите кои доаѓаа кај нас и бараа од мајками на заем, од јајца, кромид, црвен пипер, прашок за перење...па дури и колите си ги позајмуваа соседите. Сега нема веќе така, продавници на секое ќоше кои работат нон стоп, но и луѓето беа порано по друштвени, колегијални, не беа инѕири како сега...а што знам...искрено, па јас веќе незнам ни кој се живее во зградава, многу караџии има.
Аман мори бабо пред многу години било твоето детство и велиш и колите си ги позајмувале соседите а? А швалерите/швалерките си ги позајмувале како денес што прават? Остај ги тие минати времиња и застарени мислења, сега само модерно и понапредно мислење-моето само си го сакам а туѓото не
Никогаш не сум сакала да земам од некој ни па да давам. Како помала сум давала алишта на најдобра другарка но, 30 пати требаше да и го побарам назад, плус нр беше во првобитна состојба ..можеби од тогаш затоа и веќе не давам на никој освен на сестрите мои. Како што рекле старите " ако си дала со раце со раце треба да ти го вратат, а не со нозе!"
Зошто грозно!? Имам земено од пријателка костим за капење, преубав, затоа што она премногу се здебели и немаше шанси дека ќе го облече повторно...тоа ми дојде како подарок...не гледам ништо грозно за повраќање
Ниту сега, ниту како тинејџерка сум позајмувала обека/обувки. Носев и носам тоа што имам. Ај ете облека - блузи/кошулчиња меѓу тинејџерки ќе сварам некако, макар што на мое дете не би му дозволила. Ама обувки и горе кој имаше пишано купачи
Не барам, но често ми позајмувале. Многу мразам кога некој нешто ќе ти земе и не е свесен дека сам треба да го врати, па го бараш ти своето. Јас да би земала од некој друг, ќе го вратам во истата состојба како што сум го земала во најбрз можен рок. Но денес во времево кое живееме најубаво ниту да бараш ниту даваш. Доколку можам ќе си го купам, но ако немам можност значи можам и без тоа.
Со најдобрата другарка а и другите, знаевме да размениме некое кошулче, блузиче, марамка.. чат пат кога бевме помлади. Немам против позајмување, некогаш сум се нервирала кога немало да ми вратат на време, или еве братучетка ми уште ја чекам да ми врати една книга веќе 4-5 години. Ама со текот на времето научив да не придавам значење на материјалното. Се може да се поправи, исправи, зашие, па и купи ново. Мир да си нарушувам за некое парталче нема шанси. Си го отслужило своето. Секогаш ми било многу полесно да дадам отколку да побарам, оти таква сум, го премислувам милион пати дали ќе го исчувам такво до крај. Одговорна сум и за свое и за туѓо, ама и на најодговорниот може да се случи да упропасти нешто, па не земам за зло. Се случува. Се на се, на прсти може да се изброи колку пати сум побарала нешто во животов, почесто тоа биле книги. Од друга страна, сум немала работа со личност која сакала се што ќе види да ти побара одма, или се ново што ќе се купи да биде одма побарано, без осет. Па може и затоа не ми било проблем ниту да дадам.
На времето... еден период од 2-3 години, си позајмувавме со другарки алишта за излегување... После и пред тоа... ни позајмувам, ни барам да ми позајмат.
Никогаш не сум позајмувала облека од некој друг, ниту пак сум давала на заем. Така ме научила мајка ми. Кажувам од почеток. Тоа што го имам тоа си го носам, ако немам нешто ќе си купам кога ќе можам. Позајмувам книги, тетратки, усб и такви глупости. Обично памтам што давам или си запишувам, за да знам што сум дала и на кого. А кога мене ми даваат, се трудам да го вратам во истата состојба како што ми го дале. Запишувам баш заради тие што земаат и не враќаат.
Грозно е, милион инфекции може да закачиш, сигурно не переш купачи на 90 степени. Мене од самата помисла ми е
Не сакам да носам ничија облека, особено не да давам моја. Но, се случувало. Спортска опрема само, парчиња кои се перат на 90 степени како што спомна Антолина погоре. И тоа само затоа што тогаш немаш избор. Ако нема(ш), давам и ти ти даваат. Чиста ти даваат, носиш, переш и враќаш. Но надвор од теренот, никогаш. И нема да почнам сега. А бидејќи темата е отворена во Кафе- муабети, а не мода и стил, ќе пишам и општо. Позајмувам нешто кога ептен морам, нешто кое може да се позајми, и го враќам во најкраток можен рок после завршувањето на работата, во состојба каква што сум го позајмила. Истото е кога и јас позајмувам на некој друг, ако можам да дадам нешто, давам и го очекувам назад во иста состојба.
A каде напоменав дека јас сум ги носела? Подвлечи ми каде го спомнав тоа, па ќе речам така е во право си. А и само што ги купив и и ги пофалив ми ги зема. Значи не испревртувајте муабети како ви одговара. Едит: Се перат купаќи на 20 степени во машина.
@buba4e89 А каде напомена ти дека само што си ги купила па, си и ги дала? Треба да гледаме на гравчиња? Пиша Со ова, што си пишала не знам на кого му падна на памет тоа дека нови биле. Коментираме и јас и oстанати за веќе носена облека, не видов никој да пишал тогаш го купив и го позајмив одма уште необлечено. И знам јас како се перат купачи