Еднаш на една другарка и позајмив туника, видела ја на слика сум ја носила и ми ја посака и ја дадов, ми ја врати утрето одма. Јас не сум зимала од никој ништо.
Луѓе кои земаат туѓи предмети, било да книга е или парче облека, а не враќаат, па морате да ги потсетувате, е тие ги сметам за неодговорни.
Нормално дека треба да се врати тоа што си го зел. Мене би ми било незгодно на секое да потсетувам некого да ми врати нешто.
Да не даваш никогаш, ништо, на никого. Што и да ти побараат речи ќе размислам и на крај еј извини мн ми е жал ама ќе ми треба, извини уште еднаш... И сто пати да ти побараат нешто, не давај. Мене брат ми еве уште ми го враќа продолжниот кабел од пред четири години. Го расипа и ниту расипан го врати ниту нов купи но до ден денешен ни го*но не сум му дал на услуга. Кому што треба нека си набави затоа што знаеш, стока без осет живее околу нас.
Не давам јас ништо, најмалку облека и не ми е проблем да одбијам никој, единица сум и не сум научена да делам. Ако нема, поарно ќе и купам отколку моето да се валка.
очигледно е до мене фелерот, само јадам бурек и пак на другарка и позајмив куферче ...немала за во авион...какво ли ке ми го врати
Ама штом има за патување со авион, зар нема еден куфер да си купи? Луѓето кај нас уште гаќи што не бараат од друг.
Додека доаѓала кај тебе да го земе, можела да оди да си купи. Па макар и најевтино некое, 1000 денари се во кинескине продавници ако нема да си купи поскапо. Ајде ако е некоја друга другарка, не таа со фустанот, можеби во океј состојба ќе ти го врати
И мене ми побараа куфер еднаш ама убаво ги ашнав и реков само "ајде ма ти само еднаш ли планираш да патуваш, ќе си купиш и ќе си имаш за секое следно патување". Куфер е скапа работа, јас го земав 2500 втор пат купувам, еден уништив сама ми се скрши тркалце. Колку и да го врати во исправна состојба тркалцата најмногу се лижат, а и рачката обичнонод тежината се крши, и ако ми се скрши барем знам јас сум го скршила, а не од што сум го позајмувала па ми го амортизирале други. Осет се нема со барањава, мене повеќе ми е срам кога ги одбивам одколку нив што им е срам кога бараат...
Мене мои два куфери ми упропастија на аеродром а не па да позајмев од некого, многу лошо ги фрлаат. А темата: не барам од никој да ми позајми ниту па давам иако многу ми е срам и непријатно да ги одбивам кога ќе побараат облека или било што друго.
Зависи каде живее Баба Рада, ако не е од Скопје, има и поевтини. Еве јас куферот мој го земав за 700 денари, солиден куфер, ме служи со години, средна големина. Луѓето навистина се безобразни, имаат за авионски лет, имаат пари да трошат во странство, ама немаат за најевтиното, за куфер кој ќе го користат со години.
Позајмување ми имаше смисла во рана младост, книги , облека , пари, апарати. Искуствата ми се добри, освен за книгите, има невратени и од моја и од туѓа страна. Сега немам потреба од предмети, фустани и чуда, ако само за една пригода ми треба нешто, би позајмила само од ептен близок, и стварно ако е за еднаш, ако мислам дека пак ке ми треба, купувам. И би дала, немам гајле со тоа да позајмам ама углавном беа особи со кои си имавме на ти го- дај ми го. Ама од друга страна - ме вадат од такт преригидни особи- во стил - имам правило да не давам, . Ги разбирам , ама ми будат себичност и мене, и сум потоа и јас стварно цепидлака.
Порано со најдобри другарки си позајмувавме алишта, некои никогаш не вратени од нивна страна, нервоза ми беше ова и смрт кога ќе ми побараа зошто ретко скоро никогаш не враќаа воопшто или во исправна состојба. Памтам за едно палто за матура го добив од една тогашна ѕвезда, беше кај нас во школо на претстава и јас сум и фатила око, ко што ми рече ме осетила како ќерка што никогаш не ја имала и ми дојде на матура со палтово и знам ептен скапо беше и уште го немав облечено а другарка ми го побара и одма после тоа замина да работи на брод. На фб кога видов дека е во земјава, се договоривме да се најдеме да си го земам, зошто повеќе ми беше за честа него за палтото и така ми беше големо. Во меѓувреме се преселив во друг град и патував 3 саати специјално за палтото и не само што не се појави и се направи недостапна, него и ме блокира на фб. Еве после неколку год пак ме додаде од заедничкиот профил со маж и, ама помина веќе се откажав. Сега на овие год позајмувањето ми е малце чудно, едно што сме возрасни луѓе, со свои финансии па може да си дозволиме да си купиме нешто што сакаме или ни треба, друго сега е друго време се имаш достапно и поефтино, па посебно алишта, смешно е да барам или да ми бараат, башка и сега позрело размислувам и не би сакала да носам нешто што друг носел, ако некој ми побара ќе му дадам не знам да одбијам, ама мислам и дека ќе му го поклонам, а ако го земам назад нема повеќе да го користам. Кога е муабет за алишта. За книги еден куп имам дадено и само една ми е вратена. За шеќер сол кафе и цигари имам една комшивка нон стоп ми бара, јас никогаш немам побарано, секогаш си купувам количински многу од ваквите работи или трк до продавница да купам. За пари, пред да почине блиска личност ми остави аманет никогаш да не давам или барам пари, ми рече тоа е магичен круг на злото. И така го гледам тоа и се држам до тоа дека пари ни ќе дадам ни ќе побарам. Не можам да се сетам што би било тоа толку хитно и потребно за да го побарам, а да немам можност сама да си го дозволам, тоа што имам доволно е, тоа што немам со тек на време ќе го добијам, ама не можам да одбјам да не дадам...
Скоро се што сум позајмила, најчесто книго не ми е вратено. На времето добив дигитален апарат за подарок. Немаше кој не ми го побара. Ја будала, дај на еден дај на друг. На крај се расипа. Сите си купија нови после, ја си останав без. Не барам ништо од никој, освен секако од родители. Поарно ќе си купам.
На една пријателка и имам позајмено пари (не некоја огромна сума но сепак), пред некоја година, рече ќе ми ги вратела за 2 недели (тогаш), и секако не ми ги врати. Преминав преку тоа дека ај нели другарка ми е, па и поклон нека и одат. Сега пред некој месец ми побара пак (да не правам муабет дека работи и зема каде каде повеќе плата од мене), со тоа што одеше по родедени и свадби и трошеше пари многу, а јас се стискам едно кафе да се напијам што се вика. И реков немам, ја одбив, мака ми беше ама не сакам будала да ме прават. Од тогаш не сме се слушнале. Избегнувам да барам работи од други, а и не сакам да давам на секому.