За мене гардеробата е дел од идентитетот на еден човек кој го гради низ годините. Ниту сум барал, а ниту позајмувам.
И јас несакав ич да позајмувам работи.. Но кога другарка ми ми бараше неможев да ја одбиам.Ама таа не беше ич одговорна за тие работи кои и ги позајмував.. Кога ке и ги дадев и наредниот ден ке и се јавев да ми ги донесе таа ќе речеше дека не е дома или божем не е слободна.. И така измислуваше нешта само за да не ми ги врати.. И кај нејзе остануваа. Но еден ден кога ми побара пак нешто и кажав дека неможам да и го дадам затоа што навистина имав драги нешта кои останувале кај нејзе.. И и реков да ми ги донесе тие работи што се кај нејзе. Таа ги донесе и потоа ми се налути. Мислам дека не требаше да ми се налути само заради тоа што си ги побарав моите работи и и реков дека не можам веќе да и позајмувам.. Но таа така си одбра.. И сега веќе по ова што се случи не позајмувам мои лични работи на никого. А не сакам ни да ми позајмуваат.. Подобро ќе си купам што ми треба.
Јас сакам да си сочувам тоа што е мое да биде само мое. Еднаш ставив точка на глупоста да си позајмуваш работи.Секогаш се вадев на 6 сетило дека не сакам да позајмувам работи
Немам проблем да позајмувам, само што во последно време скоро и да не ми бараат ништо. Имам негативни искуства со (не)враќањето, ама ништо страшно. Јас кога позајмувам, го враќам што е можно побрзо, не сакам да чувам кај мене нешто што не е мое и секогаш гледам да го сочувам, да го вратам онакво какво што сум го зела. Што се однесува до прашањата во воведот, секако дека треба да бидеме грижливи и да го пазиме она што сме го позајмиле, а ако несакајќи направиме штета, да купиме ново. Тоа е култура која ја немаат оние кои се прават на Тошо или си присвојуваат нешто.
Непрактично е позајмувањето на гардероба и слични ствари, зашто често не знаат да вратат на време или многу ретко кој ќе се одважи да врати благовремено. За свои ствари, после е незгодно да ги побараш, за да не се замериш или да не те сфатат погрешно. Исто така, ми се има случувано работите да ми бидат вратени оштетени или парче гардероба неиспрано. Најчесто ми барале, многу ретко сум користела туѓи ствари. Веќе одамна не се занимавам со позајмување, тоа беше актуелно додека бевме тинејџери.
Не позајмувам скоро ништо, ако нешто е за давање давам ама не очекувам да ми вратат, тоа е веќе давање. Не позајмувам затоа што се имам изгорено за книги а тоа ми е најслаба точка за давање, веќе нема шанси да позајмам и кажувам дека не давам. Исто и за гардероба, она што не го носам го подарувам, а со другарки да разменувам облека никогаш! Ниту како тинејџерка ниту па сега. Поарно ќе одам во една блуза и панталони мои и чисти отколку да се менувам со туѓа облека. Е во средна школа оти сакав брзо да пораснам чат пат на мама поткраднував некоја блуза , да имав ќерка сега па од неа ќе земав за да се подмладам
Не сакам да позајмувам и не сакам да ми позајмуваат, само во крајни случаи, кога нема друг избор. Може да звучи себично, но имам лоши искуства со тоа. Затоа полесно ми е така. Од друга страна, да разменувам облека со некого, едноставно нема шанси. Ако ми треба нешто, полесно ми е да почекам и да заштедам некој денар па да си го купам сама, не морам да мислам дали ќе го оштетам затоа што е туѓо. А за луѓе што не ги враќаат позајмените работи, можам да кажам дека не ги разбирам, како немаат грижа на совест...
Ако нешто ми побараат и бидат упорни позајмувам,но после тоа не го носам,не го фрлам ама шубе ми е да го носам
Има луѓе не враќаат и затоа не позајмувам работи што неможам да си ги простам дека нема веќе да ги видам назад. Посебно пари, никогаш не позајмувам повеќе од 5% од месечните примања. Многу неодговорни луѓе постојат околу мене а несакам да се замарам да досаѓам и да барам назад. Не ми се троши енергија на таа тема. Едноставно си кажувам немам или давам поклон полесно ми е така. Кога ќе позајмам нешто не сум мирен дур не го вратам. Едноставно не е мое. Неможам да сватам како не се замараат некои луѓе. Па после се лутат уште кога ќе си го побараш тоа што е твое. Смешни работи...
Искрено , од секогаш сум била буцко , а голем дел од другарките ми беа фит , па облеката не ни се совпаѓаше по големина и не сум се позајмувала , ниту тие мене ми позајмувале од проста причина - мене нивната облека ми беше претесна а на нив мојата - преширока . Освен со сестра ми , со други девојки не сум се позајмувала кога станува збор за облека . Сум давала на заем марами за на глава , за околу врат и слични работи . Исто сум позајмувала такви работи . Сум враќала и ми враќале , уредно и навремено без оштетувања . Е сега , золва ми еден период си земаше што и се допадне од мојот шкаф , без моја дозвола и знаење , па тоа не го опфаќам во " позајмување " , тоа е веќе " крадење " .
Кога бев помала често позајмував облека на другарки, но сега веќе не. Ниту сакам да давам на заем, ниту да барам, со исклучок на сестра ми. А пари сум давала на заем многу често ама никогаш ни денар не добив назад.
Nitu obleka nitu pari ne davam na zajam. Sum davala I nikogash nazad ne sum gi dobila. Nisto ne zemam na zajam nitu od blisku nitu od dalecni zasto se trudam da ziveam so toa sto go imam I zarabotuvam. I se nerviram koga mi baraat. Primer kukna skala za zakachuvanje zavesi. Blizok ke mi ja zeme, posle jas moram da chekam so nedeli.ili samata da si ja zimam.Ne e nisto I skapo sto ne moze da se kupi.
Позајмувам и ми позајмуваат, ретко ама ми се случува. Најчесто со другарки ташни или фустан ако ми треба за некоја пригода а мислам моите ми се износени а не ми се даваат пари, зошто имам навика по еднаш евентуално два пати да облечам исто на свадба, па не знам не ми е глупаво ниту да дадам ниту да ми дадат. Го переш и тоа е тоа, за гадно нема што да ми биде, па во продавница 100луѓе го пробале пред мене , си го перам и носам. Пари исто така и позајмувам и ми позајмиле, се било уредно вратено. Гледам да е до 100евра зошто повеќе би ми смениле ако не ми ги вратат.
Nikogas ne sum razmenuvala obleka so prijatelki, retko sum pozajmila tasna / marama koi bile vrateni na vreme. Obleka dosta zemam od majka mi, iako e povozrasna imam mn dobar stil. Pari sum pozajmuvala najmnogu do 4-5.000, mnogu pati i sum odbivala od pricina sto ne mi bile vrateni. Dosta sum zemala na zaem od bliski luge sto so dogovor uredno bile vrateni na vreme.