Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Враќање на работа

Дискусија во 'Бебе' започната од leona83, 17 октомври 2014.

  1. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Добро, а каде го читате вие ова во ЗРО?!
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.510
    Допаѓања:
    201.499
    Пол:
    Женски
    Кукле, дај кажи тоа ЗРО што пишува, па црно на бело да си покажат жениве дека имаат право на одмор и покрај неплатено отсуство кое се смета за прекин на работен стаж.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.950
    Допаѓања:
    29.042
    Пол:
    Женски
    Една пријателка вработена во државно сакаше прво неплатен 3 месеци па регуларен одмор од тековната година да земе ,но од човечки ресурси ја известија дека не може така поради прекинот па обратно ги зеде..прво 100%платениот одмор па после 3 месеци неплатениот. Потоа дури после нова година кога доби право да користи нов одмор зеде ден..пред 6 месеци не..
     
    На kukla21 и joy1 им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.510
    Допаѓања:
    201.499
    Пол:
    Женски
    Ама секој има право на два дена одмор месечно (настрана неработните денови) дури и при прво вработување. Ајде, ок, првите шест месеци во нова фирма не ти следува одмор, освен ако немаш прекин во стажот, ама не може да не те следи кога се враќаш во иста фирма на иста позиција после неплатен одмор. Изгледа од кадрово, т.е човечки ресурси по ново, си го толкуваат законот како да е прво вработување.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.779
    Допаѓања:
    324.920
    Пол:
    Женски
    ама ти веќе не се водиш како вработен во таа фирма.Одјава како документ добиваш.Решение.Прекинува пензиско и здравтсвено.Кога се враќаш на раб ти изготвуваат ново решение.И наново те пријавуваат.Веројатно заради тоа.Мене и од правникот на болницата ова ми беше кажано
     
    На victoria му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.510
    Допаѓања:
    201.499
    Пол:
    Женски
    Ама не ти е прво вработување, тоа е цаката. Ова за одморот после 6 месеци важи само за прво, најпрво вработување во различни фирми, не за една иста. Ти пак се врати на истото работно место, не се вработуваш првпат тука, без оглед што си користела неплатен одмор.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.779
    Допаѓања:
    324.920
    Пол:
    Женски
    незнам...пренесувам што мене ми рекоа.Демек правник е очекувам да разбира повеќе од мене :^)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.510
    Допаѓања:
    201.499
    Пол:
    Женски
    Затоа мислам дека повеќе им одговара да си го толкуваат така.
     
    На NarCis@, joy1, pandelka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Баш така. Кога ќе имам можност да вклучам компјутер ќе ставам како стои, ама дефинитивно пишува како што си изложила. Си го толкуваат безвезе како да си прв пат вработен. Дури и тоа со 2 дена веќе го нема во законот, а пак така си водат многу фирми.
    Точно те одјавуваат од фирмата за време на неплатено отсуство, ама ти си вработен кој користи неплатено отсуство. Не те вработуваат одново на оглас.
     
    На fana и pandelka им се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.510
    Допаѓања:
    201.499
    Пол:
    Женски
    Ете, тоа е муабетот. Не те вработуваат на оглас, туку пак те враќаат на работа.
    А ова за два дена месечно не знаев дека го нема веќе, навистина?
     
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Да. Веќе некое време. :) Само дека по 6 месеци стекнува право на цел одмор од мин 20 дена.

    А баш е глупо толкувањево. Во јануари по дифолт се стекнуваш со 20 дена одмор. Еве сите ги користиш во март и од мај земаш неплатен одмор. Ова ќе е возможно, а обратно не. Глупости
     
    На pandelka и Annath им се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.510
    Допаѓања:
    201.499
    Пол:
    Женски
    А тоа дека не можеш сите 20 дена од одморот наеднаш да ги искористиш, уште ли важи?
     
  13. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Не пишува дека не можеш. Никогаш и не пишувало. Имаш право да го користиш во делови од кои еден мора да е минимум 10 дена без прекин (порано беа 12).
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.510
    Допаѓања:
    201.499
    Пол:
    Женски
    Ми останало во глава дека читав оти не може сите наеднаш да се искористат, не знам каде. Знам дека ако го користиш во делови, првиот мора да биде минимум 10 дена. Ама не бев сигурна за цел одмор. Законот важи за сите бранши така?
     
  15. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.218
    Допаѓања:
    112.030
    Пол:
    Женски
    A тоа дека не даваат ден од новиот одмор пред да ги искористиш тие 10 непрекинати?|(
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Законот за сите, а детаљи и поблиско уредување во колективен.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    (facepalm)
     
    На Annath и fana им се допаѓа ова.
  18. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.218
    Допаѓања:
    112.030
    Пол:
    Женски
    Не мила, никаде не пишува дека тие непрекинати 10 дена треба да се првиот дел. Кога сакаш ти тогаш ќе ги искористиш.
    Значи еден дел треба да е десет поврзани дена, а кога ќе е тој дел сама ќе одлучиш.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  19. pandelka

    pandelka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    7.362
    Пол:
    Женски
    Кај нас на раб е во два дела ,од кој едниот го бираш ти кога сакаш и тој е поголемиот дел а другиот е фирмата кога сака- помалиот дел.
     
  20. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Неплатениот одмор е утврден со член 147 од ЗРО на начин утврден и во колективен договор.
    Доколку се користи правото на неплатен одмор, се губи правото на сите права и обврски кои произлегуваат од работниот однос што значи дека годишниот одмор , кој воедно е легитимно право на секој врабитен не може да се користи доколку има прекин на истиот.
    Со користењето на неплатен одмор работодавецот го одјавува работникот од АВРМ и нема право на пензиско /инвалидско и здравствено осигурување, што значи дека после неплатен одмор не следува право на користење на годишен одмор.
    Ова е инфо од прва рака :).
     
    На victoria и joy1 им се допаѓа ова.