Јас утре се вракам на раб.Ке ја чува мм додека сум отсутна.Кажете ми што може 9 месечно бебе како ужина да јаде?Бидејки неможе до 2 попладне да ја држи само доручекот.
Рендано јаболче,банана,вишни со јогурт. Ние почнавме со Finger food па му давам попладне парчиња крушка(тоа му доаѓа како ужина(јаде пола круша)) но вие мислам не јадете круша. Ќе почне сезона на праски,ако огладне многу,може и кашичка готова една да си лапне. Среќно!
Lele @joy1 so lesno,i jas za max 1,5m se vrakam Kazi mi,pretpostavuvam informirana si,kako vika zakonot za skratenoto rab.vreme deteto duri navrsi 1god?
Се немам распрашано но мислам не следува 30 мин пауза дневно.Јас пошто раб во болница ослободена сум од нокни смени,дежурста и прекувремено.За др институции незнам како е.
Jas vo Soba za doenje imam citano deka se 2saati.E sega,se zavisi od institucijata,rabotodavecot,dali ke gi koristis kako pauza na 2-3pati,dali skrateno rab.vreme.A bogami,ima nekoi firmi ne sisaat ni zakon,ni nisto.P.S.bas ke preprocitam na FB,pa ke pisam.
@joy1 Zakonot za doilki vika deka majkata ima pravo da koristi 1,5 cas pauza(vo koja e presmetana i pauzata od 30min sto rabotodavecot voobicaeno treba da ja dava na site),se duri deteto napolni 1god.P.S.Veruvam nema promeni vo zakonot
Јас се враќам од јули на работа имам неискористен одмор 14 дена,инаку требаше 15 јуни по правило,бидејќи немам никој да ми го чува детето сакав жена ама некако ми е шубе немам некоја моја во други доверба немам особено во непознати живтотот ме научил да не верувам во секој,во градинка нема шанси да го дадам на 9 месеци тоа од октомври здравје,размислував за неплатено трудничко 3 месеци ама сепак се договорив на работа,да почнам со 4 часа работа односно пола работно време,со слободни викенди додека син ми тргне во градинка ќе се организираме со мм некако... мора да се снаоѓаме не сакам да останам без работа во време кога е премногу тешко да се најде работа...
Во право си. Јас до пред 4месеци ја користев таа пауза. (додека наполнивме годинка) Бидејќи веќе беше поголем, значи скоро 8,5месеци испланирав доењето да биде пред да одам на работа кај 08.00, преџ преспивање кај 12.30 и таман си доаѓав во 16.30. Немаше потреба да ја делам на неколку пати.. Ка користев наеднаш 1ипол час. Наидов на големо разбирање, што и малку ме изненади...
Joy so lesno neka e. Jas koga pocnav pred nekolku nedeli ostavav vo sise podgotvena hrana ( ne znam dali tvojata faca sise) Znaci ostavav: banana+ zolcka + mleko( dorucekot e polesen), Puding od Humana, Nestle ( pojak i pobogat dorucrek), Biskviti id Hipp + znae po 2-3 da si izede), Gotova mala kasicka, najcesto ovosna. Se nadevam ti olesniv malku
@iki26 фала ти Маж ми денес и дал една готова кашичка и една и правел домашна.Вчера купивме и ад бидејки неможам да измолзнам никогаш повеке од 30 мл.И купивме да има да не ја фати криза зс цицање,јадење но се било во ред како за прв ден. За утре веке се договоривме што ке папа Она што ме чуди е што со мм не плачела,а кога ме виде мене почна мн да плаче едвај ја смирив.Изгледа си ја изкажа тагата во еден здив кога дојдов
Колку што сум информирана додека бебето наполни 1 годинка раб време за мајки е од 8.30 до 15.30. Така е во државни институции но верувам дека треба да е исто и во приватни.
Rabotnoto vreme ne e zakonski predvideno, mn privatni furmi ne rabotat kako administracijata. Osven vremeto za doenje, do navrsuvanje na 1 god na deteto zabraneto e da raboti nokna rabota i prekuvremena rabota. Po 1 god a do 3 god na deteto smee samo so pismena izjava na majkata. Za zal, mnogu majki zaradi dalecinata na rabotata od doma ne mozat da go koristat vremeto za doenje, za zal i jas ke bidam edna od tie
Vo nasava drzava vo privatnite firmi nistobne funkcionira. Ne vazi nitu zakon nitu ustav. Za zal no realnosta a takva kakva sto e ako ti se raboti poveli ako ne cao. Se iznamaciv i jas prvite meseci pa prva pa vtora pa te ceka za uspivanje abe grevovi. Ete i den denes na dve godini me ceka do 22 da se vratam da mieme zapcinja pizami guskanje i krevet. I pak ke kazam za zena osobevo mlada majka za da se posveti celosnonna svoeto dete i trwba rabotno vreme od 7-15 da se zivi i zdravi i srekni tie sto go imaat toa
Lele @karak kuti ne skorivaj jadovi, za dva meseca se vrakjam na rab, a dusa me boli za porodilnovo prokleto sto e samo 9 meseci. Mene 10 saati ke me nema od doma, kojznae dal ke najdam zena za tolky dolgo...ke pocnam kaj i da e so baranje...
Silata na edna majka e vo nasmevkata na nejzinoto cedo. Izdrzlivosta ni e vo krvta sekoj period od zivotot treba da se pomine kolku i da e bolen. Nema majka koja ke kaze deka ne proleala nitu edna solza. Deka srceto ne i zatreperilo no se pominuva sekoj del od zivotot pominuva a nie kako majki sekogas ke si najdeme pricina za nekoja skrisna solza, prvata razdelba, odbivanje od cicanje, prvoto odenje vo gradinka,pa eskurzija ..... i uste mnogu pricini na koj ke ni zatreperi srceto i ke si kazeme ni porasna deteto
Јас на неполни 2 мес. морав да го оставам бебуш заради работата Жални сме во каква држава живееме, не е човечки ова што се прави али тоа е.
пред да се вратам на работа мислев како ќе биде, едноставно имаше моменти кога сакав да останам дома покрај ѕверчето , а пак друг пат кога сакам да одам да работа.меѓутоа после 8,5месеци заврши породилното и сакала нејќела се вратив на работа. супер си се прилагоди ѕверчето, можеби побргу од мама сега си имаме рутина и си тераме. сабајле станувам рано се спремам за на работа и него го будам во 6,30 , го ставам во седиште во кола и го носам кај мајка ми ( таа го чува) после работа го земам и си одиме дома..после викенд кога го носам пак , кога ќе ја виде од кола ептен и се радува
На работа сум вратена од пред 8месеци, и се уште трчам на пауза дома... Ем ќе се надоиме, ем ќе си се видиме со синко... Срцето ме боли што морам да одам и да го оставам.. Јас мислам дека потешко ка поминав разделбата отколку тој. Голема утеха ми е што знсм дека жената што ми го чува е прекрасна со него и нема немили сцени
Јас се вратив на работа пред месец и половина. Работам во приватна фирма и си го користам правото за доилки и си одам во 15,00 наместо во 16,00. Го чува мајка ми кај неа дома. Сабајле сме г'з преку глава додека се спремиме и излеземе, се товариме во кола, прво го оставам поголемиот син во градинка, па малиот кај мајка ми. Кога ќе ја види сабајлечки и скока у раце и се радува, воопшто не тажи по мене.. Пред да тргнам на работа едно две недели одев секој ден кај мајка ми да му фати ред и супер се снајдоа. Ја упатив како да му спрема јадења, и однесов житарки во тегли, со напишано на етикета име, време/ начин на спремање. И кажував комбинации, идеи, зачини, и однесов кокосово масло, ц.цимет, рогач, урми, зеленчук/овошје.. Тоа беше за почетокот, сега веќе све сама си купува и сама му прави мени, не се ни замарам за јадењето.. Кај неа богами убаво си крка, а мене може да ме зафркава.. Е сега некои работи ми смени, например го заспивав само со цицање, мајка ми го научи на нишкање, па сека кога како, почнав и ја некогаш да го нишкам за заспивање.. Па дури и пред некој ден се вратив од службено патување, 4 дена беше цело време кај неа, за ова највеќе се секирав ама ете пројде и тоа. Се на се, толку се заморував со тоа тргање на работа и како ќе се снајдеме, ама супер поминавме