Женски, колку месеци ми следува да излегувам од работа поради доење на бебето, и по колку време на ден е тоа?
Додека бебето не наполни година имаш право на скратено работно време од 1 час, а ако се договориш може да ти биде засметана и паузата па ќе си одиш 1,5 час порано.
Женски после породилно отсуство од 9 месеци,доколку побарам да ми дадат неплатено уште 3 месеци,плата нема да земам,ама и понатаму ќе сум осигурана и во раб.однос? И придонесите ги покрива фондот или работодавачот? Вработена сум во приватна фирма,па да знам дали да прашувам за вакво нешто или не,зошто ако треба тие да плаќаат не верувам дека би ми дозволиле таков "луксуз".
Осигурана ќе си. Фондот ги покрива. Нема што да ти дозволуваат, законско право е. Најави им соодветно само.
Одма. Јас имав стар и цел го споив со породилното и се вратив на работа кога мали беше 10 месеци. Истото важи и за новиот само не може да се користи цел.
Денеска се слушнав со директорот, да му најавам дека од понеделник треба да се вратам на работа, ми завршува породилното. И тој ми кажа дека еден колега му најавил отказ за во ноември/декември, па ако сакам јас да останам дома уште месец/два демек да си го погледнам бебето. Не оти го е гајле за моето бебе, туку вишок ќе му бидам в канцеларија сега оти вработија плус еден човек додека ме немаше мене. Јас имам договорено дадилка за бебо мој да почне од понеделник, се договоривме уште во мај месец со жената. Сега не знам што да правам искрено, дајте ми некој совет? Како да и кажам на жената што ми предлага директорот? Не знам ни дали ќе ме чека таа до ноември, што ако си најде друго бебе за чување? А доста тешко се наоѓаат бебиситерки во градов, па и препорачани и познати. Ако ми откаже, нема да има кој да го чува бебо, баба сервис немам на лагер. Плус тоа, едвај и овие 9м теравме со моето породилно од 200е (оти на толку сум осигурана), сега уште два месеци и без тие пари уште потешко ќе е. Ама ајде ќе се снајдеме некако веројатно. А јас најмалку сакам да се вратам на таа работа. Нормално сакам и да си го чувам бебо дома уште некое време. Тој си призна дека е негов пропуст што не ми кажал порано, за да си планирам со време и јас се, ама стварно не знам како да постапам? Треба да се слушнеме деновиве и да му кажам што сум одлучила. Ако се вратам сега на работа, тој не може да му даде отказ на колегава порано, оти се договориле уште пред три месеци дека ќе работи до ноември. И јас буквално ќе бидам вишок, до толку што и нема биро кај да ми сместат оти многу луѓе се.
Да си останеш дома а жената да доаѓа по неколку саати да ти се навикне бебето а и ти ќе ја видиш отприлика каква е, а да и предложиш пола да ја плаќаш до ноември? Безвеза ситуација
Луда држава беззаконие Јас не би ја “изгубила” жената. Финансиски не си јака како што кажа да седиш дома и да ја плаќаш, но можеби имаш некој кој може да ви помогне за два месеци да ја плати жената. Само како предлог да позајмите од твоите или неговите па здравје нека почекаат да им ги вратите. Или другари, кумови, некои стабилни би завршиле работа бидејќи за два месеца би се довела во клинч ситуација ем мораш на работа (поради финансии), ем останува малиот дома (со кого ќе биде прашање). Со директорот нема да се разбереш тоа е лакрдија од сам почеток, а за детето е супер преломен момент двете заедно да почнете со него.
Жената почна да доаѓа по некој саат од минатата недела, и оваа исто така. Не доаѓа секој ден оти има некои обврски по дома, за кои ми кажа дека ќе траат скоро цел месец, па да искористи што повеќе да заврши пред да 'тргне на работа' кај нас. И јас помислив да и понудам некоја сума за да биде како гаранција дека ќе ме почека тие два месеци, ама не знам колку? Инаку сме договорени да го чува бебо за 10000ден. Ич не сакам да ја изгубам и јас. Видов дека добро би се грижела за него, уште првиот пат го нахрани со каша без проблем, го анимира, следниот пат и го заспа. Има 10годишно искуство во бебиситерство, си ја знае работата.
Објасни и ја ситуацијата дека ќе бидиш до кој месец дома, декс сега си известена од страна на фирмата. Па доколку би сакала нека иди некои денови (по договор), ќе скратите од тие 10000ден наменети за неа. Ем таа барем 5000ден ќе зема, ем грозје ќе си бере ако има (турбо е периодот кај нас знаеш и сама), ем ти со бебо.
Прати ја на автобуската едно пиво да се напие )Кавадарци инвазија на форумов главен град на Македонија ќе стане уште малку. Висок стандард слушнав дека имате сега во градот не знам колку ќе и се доволни за да те почека. Да е во Велес за две/три илјади со гаранција ќе се доволни.
Јас си побарав одмор ќе ми дадат, сега треба на 26 септември да почнам, а после тоа може и боледување да земам 5-10 дена, ќе видиме, битно сум дома уште малку
Бев на патолошка бременост од 4ти месец. Сега сум на породилно до 8ми месец на бебка. Прашање ми е дали после тоа можам да земам боледување од 3 месеци?? Шо мислам дека можам. И кога ќе се вратам на работа по нејзината 1 година дали има некакви закони или се е исто како претходно? Пр. За 12часови работа дали ќе смеам или до 8ч најмн?? Фала
После наполнета 1 година на детето нема посебни услови за вработените мајки, ако не се лажам до 3 години не треба да те ставаат во ноќна смена и тоа е тоа.
Јас се враќам за 2 недели, малата ќе ја чуваат бабите, кажете ми како поминавте првите денови, како ви реагираа малите? Ќерка ми не е навикната толку време да е без мене, такви се околностите, нашите живеат во др град и немало прилика да ја оставам. Најмногу 4 саати седеше без мене ама со татко и. Се надевам нема да има плачки, тоа најмногу ме плаши. За јадење си јаде убаво, си пие вода, заспива лесно, тук немаме проблем.
Одма можеш јас еве треба здравје од 1 март да почнам ама годинашниов летен одмор не го искористив и ќе го спојам со зимскиот за нареднава година и дури од април ќе треба да почнам и пак ке има и летен