Се е тоа убаво, само што функционира најчесто во државно. Во приватните фирми ретко кој ќе дозволи такво користење на одморот.
Разговарав со претпоставените инаку во маркет работам ми рекоа поарно одма искористи го исто ќе ни биде како на породилно да си барем после ќе почниш и готово додека имаш замена, е сеа до градинка а блиску до нас има ист маркет ќе побарам да ме префрлат и ако може 1см само да одам ако не ќе барам кога ќе бидам 2см да ја земам јас во 4од градинка и да биде со мене додека мм си дојде во 5од раб, ама здравје има време сега за сега ке уживаме дома
Како ги наоѓате жениве за чување? Треба од март да почнам ,градинка без МРП не доаѓа предвид,исто и приватна не прима.
И мене исто ми дозволија. Стар одмор од 2018 некој ден ми дозволија да си го оставам, цел одмор од 2019 и после во 2020 имам нов одмор. Комотно можев да седам дома до годинка. Ама не сакам, понатаму ќе требаат денови, болно дете, па одмори, продолжени викенди, и затоа си оставив денови. Пак бебе ќе има преку 10 месеца кога ќе тргнам.
Убаво кај тебе, кај нас мора пр.зимскиот да го искористиш неможе ако имаш 15дена да користиш 10 а другите по потреба мора цел, таман не е март ке ја носам градинка ем ќе биде навикната ај здравје само...
Мене ми го дадоа сега одморот од годинава, 12 работни дена, само толку ми даваат, нема друг, сега наредно одмор можам да земам дури в година од јули натамау, исто 12 раб дена, скопска фирма е, приватна, газдарицата ми е во Скопје, ама сум дааалеку од Скопје
Леле само кога ќе помислам, кожа ми се ежи. Треба да почнам од март, сакам да земам неплатен месец, два, па боледување. Бебе во март ќе биде 8+ и ми е жал од толку мал да ја прими MМР. Одмор ќе чувам за роденден и одмори.
Мамички ако сте биле на патолошка бременост, па потоа породилно од 8ми месец во бременоста, нормално доаѓа до 8ми месец на бебка, дали после тоа може да се продолжи до година дома? Со боледување од доктор секако. За државно се работи. Фала
Мене ке ми треба од април, по препорака досега не сум имала среќа ... Ке се распрашам преку агенција, има време но би ја ангажирала месец пред да тргнам на работа. Ајде вие што сте нашле жена споделете искуства како ја најдовте.
Дали некоја има користено неплатено родителско отсуство после породилното? Во фирмата овде не знаат како да ги регулираат деновите од 06.09 до 30.09, оти породилното ми заврши на 05.09 а јас тргнав на работа на 01.10. Мислам дека е касно за барање за неплатено отсуство нели? Пошто на време не си ги средиле работите, сега ќе ми пишат одмор и ќе ме наместат да си платам придонеси за платата што ќе им ја вратам.
Јас веднаш после породилно користев одмор од ланската година што имав останато до крај на јуни, а потоа зедов три месеци неплатено родителско отсуство. Ова отсуство можеш да се искористи веднаш три месеци или може да се користи поделено додека детето не наполни три години. Тоа треба пред време да се направи барање до фирмата. Мислам дека сега не можеш да го направиш за денови кои поминале, но во иднина ако сакаш да користиш можеш до три години на детето.
Ама сега дали ќе може уназад да ми го средат тоа како неплатено отсуство? Финтата е без да ми пишат одмор дали ќе може да имам неплатено отсуство? Кај мене се работи за 25 дена. Ти предвреме поднесе барање за неплатено отсуство во фирмата?
Мислам дека не може за изминати денови, бидејќи пред време се доставува барање, бидејќи кога го користиш неплатеното отсуство треба да си одјавен од фирмата. Значи немаш придонеси, а осигурање имаш преку фонд
Може,ако сакаат. Ако веќе пуштиле МПИН до УЈП за плата можат да направат корекција со 103 (така се вика обр. за корекција 103). Ако сакаат само и самото твое барање ќе го заверат со постара дата а рок за пуштање на плата е до 15-ти така да има луфта за да се направи корекција на МПИН
Уште немаат пуштено плата, баш ми рекоа да ги средиме тие денови пред да се пушти платата. Значи треба само барање да поднесам до фирмата за да му одобрат неплатено родителско отсуство? Тие прашале во книговодство и од таму им кажуваат боледување од матичната да земам, а тоа не можам да го направам за минатиот месец.
Барање се поднесува во фирмата пред да го земеш родителското отсуство бидејќи тие треба да те одјават додека го користиш, не може да те одјават сега со толку поминати денови. Членката предходно пишува што да се направи доколку поминале плата, а тебе проблем ти е што не може сега после толку денови да те одјават. Во барањето се наведуваат денови од кога до кога ќе користиш и потоа за тие денови те одјавуваат и те пријавуваат за осигурување под фонд.
Мајки што сте се вратиле на работа и по 2-3 месеци ви истекол договорот. Безбедни бевте во тој период? Смеат да ве отпуштат дека имаат замена веќе или мора да го испоштуваат договорот па после да ви го раскинат? Сакам да знам кои се моите права во случај да сум вишок, а имам уште малку од договорот.
Zdravo feminki,edno prasanje do tie sto koristele neplateno roditelsko otsustvo od rabota?Dali za tie meseci tece penzisko i zdravstveno osiguruvanje ili e staveno vo miruvanje?