Не тече никакво осигурување. Се распрашував и јас за тоа , единствено тие месеци само ти го чуваат работното место, немаш никакви бенифиции , освен тоа што си дома со бебуш се разбира.
Здраво За тие што имате користено 3 месеци неплатено родителско отсуство. Породилното ми завршува во јули, сакам да го продолжам за 3 месеци неплатено. Што треба да направам, со кого да разговарам, треба некои документи да се однесат?
Пред да ти заврши породилното треба да направиш барање за продолжено родителско отсуство и да го доставиш во фирмата кај правникот или тој што ги брка тие работи за да ти направат решение. На решението ќе бидат наведени од кој до кој ден ќе го користиш и за тоа време си одјавена, нема стаж и плата, но работното место е во мирување. Кога ќе се вратиш те пријавуваат повторно. Може да ги користиш сите три месеци продолжено родителско отсуство од еднаш или да ги користиш во неколку наврати додека детето не наполни три години.
Не е точно дека нема здравствено. Од работа го известуваат фондот и жената е покриена здравствено. Прашајте си на соодветни места ако не знаат од работа да ви кажат.
Ако те фаќа мерката за продолжено породилно, а сакаш да де вратиш на работа која е процедурата? И дали во тој случај ќе те следува пола плата од фонд и цела од фирма како што би те следувало при редовно породилно?
Кај правникот во фирмата, тој точно ќе ти каже што да напишеш во барањето и него му го оставаш за да изготви решение. Здравствено осигурување имаш, додека трае отсуството, немаш стаж и плата.
Здраво на сите Би сакала да прашам дали можат да ме одбијат за неплатено отсуство, дали е тоа наше право или зависи од фирмата? Фала Ви..
За тие кои имаат приватен бизнис и каде што работата зависи само од вас, колку време по породување почнавте со работа?
Имаш ли копија од потпишан договор при вработување со фирмата? Во мојот стои дека е мое право да земам неплатено отсуство Е сега дали беше по закон ова не сум сигурна @kukla21 ги барата овие работи
Бебе наскоро ќе полни 6 месеци, леле кога поминаа не знам Март треба да се вратам на работа, кога ќе наполни 9 месеци ама ако коронава трае не знам што ќе правам. Нема кој да го чува, јас и мм ќе работиме од дома ако трае лудилово, дали ќе може да постигнеме да работиме со него не знам. Сестра ми се понуди и она да дојде да работи со нас од дома и сите тројца да го чуваме. Мене секако ми следува 1час за доење и имаме 1час пауза. Ако заврши короната пак така мал како ќе го пратам во градинка не знам Кои се вашите размислувања по ова прашање генерацијо?
Мене секако ми заврши договорот и ќе почнам "сам свој газда" ќе работам во моја фирма и планирам малово да го чувам до кај 2г па после да почне во градинка Мене во сред лето ми завршува породилно во окт ќе прај 1г и таман ќе тргне ќе фатат есенски и зимски вируси. Ако се смири короната и општо пандемијава ќе го пуштам од пролет. Мене свекрвата ми е слободна ама искрено не би им го остајла без мој надзор дури не почне да збори и да ми кажува што правеле што јадел кај нив. Мојте ме слушаат они уште сега терат по нивно. На пр ми викаат сред зима они би го шетале со затворена кабаница за дожд да не му е ладно. Или ако падне од маса бебе е нема ништо да му биде и нивните паѓале. И како да им го оставам? Ја ќе трпам и моја кариера ама тоа е...
Мене страв ме фаќа, само со мене заспива, само мене ме гледа по цел ден. Мајка ми ќе ја чува 1 месец, немам поверение во свеки(не се замара за бебето), па со мажот ми размислуваме за во приватна градинка барем до 2 години да оди потоа ќе ја запишам во државна,жена да фатам не се исплаќа ќе треба и ручек и се да мислам тука барем ќе биде покриена.ослободувањето од 1 час не важи кај што јас работам. Се надевам ќе продолжат породилно па ќе ги гледаме повеќе нашите бебиња.
Леле ...јас треба да се вратам во мај уште од сега се нервирам кога ќе помислам. Мм вика мајка му да ја чува барем до 1 г. После градинка ,јас не сакам неа да и го оставам прво зошто уште не бев ни трудна сто пати ми рекла дека не сака да ми чува деца не можела. А сега друго збори. Друго зошто после 2-3 години ќе ми рече дете ти исчував ,значи најмногу што мразам кај луѓето е да ми префрлат нешто што ми помогнале иако сами се нуделе/наметнале. Плус и не знам како би ја гледала пошто има доста фикс идеи уште сега. Мајка ми е далеку не може. Размислувам да го користам тоа 3 месеци неплатени. А и едно прашање успат : Дали знаете дали ми следува да ги искористам деновите од одмор 2020 тие 10 или 12 како беше, што треба да се искористат до 31 декември? Јас од нив имам искористено само 3.
Јас влечам боледување со одмор до нова година, после тоа морам да се вратам. Бебе ке е 11 месеци и мајками ке земе неплатен, друга солуција нема. Тешко нас со коронава
Читам и во секој пост се пронајдов, не сум била единствена. Моментално го користам годишниот одмор од 2020 а бебе само во мене, не заспива ако не се наслони на града, никој ни пелена му нема сменато освен јас а камо ли да го нарани, од муабетот ај ти мајка најубаво си знаеш се приврза со мене, мајка далеку, свекрва а малце и закенка трча по мене, а и кога и да го оставам макар на 5мин ќе слушнам вриштење и трчам ко луда, или ќе им падне од на газе или со играчка ќе се лупни по глава, значи воопшто никаква пажња, гајле немаат ќе речам припазите а тие ако де така се растат деца до прва ќе паѓа
Бебево е 2 месеци, а јас веќе бев во градинка да прашувам за упис - од Јуни! Ми се згазија од смеење Не сакам бебе да чуваат бабите иако се двете пензионерки. Уште повеќе од тоа сакам дете да оди во градинка од мало. Се надевам дека целава лудост со корона ќе заврши до тогаш. Јас нема да одам на работа првиот месец, па и вториот ако треба додека не се стабилизира бебуш. Има време до тогаш, ќе видиме како ќе биде
Јас се вратив пред две недели на работа, со бебе 13 месеци. Одам само прва и ми го чува жена. Во градинка не го пуштам бидејќи после Нова година се враќам во моите смени, дванаески со дежурства ноќе бидејќи работам во болница. Се навикна брзо и не ме бара јаде спие ама кога ќе дојдам се лепи на цицка и не мрда. Ке видиме како ќе биде ноќе со мм ама ако мора ке се одбиваме од цицање нема друго чаре.