Кои права ги имам јас на работа после враќање од породилно? Тие што не доат не ги следува 1 саат пауза, така ли е?
Имаш право 1 саат порано да си одиш и до 1ва година на детето смееш 1ва смена да одиш и викенди и празници да не работиш.
Оваа есен Хроники на работни места Сезона бр.2 почнува… Си правам зезанции на моја сметка, а ми се плаче. Пред некој ден се видов со газдата откако ми изнакажа како бара школување за неговите деца во странство, бидејки нели треба да се мисли за иднината на децата, ми рече да си го продолжам породилното. Нормално договорот дека боледување ќе вадам за на него услуга да му направам и два месеци порано со породилно, не го ни допре, само ми одговори дека не е фер да седам дома два месеци. Женски постои ли некоја опција со боледувања од педијатар,гинеколог и ред друго? Или директ од психијатар да си побарам зашто сум пред нервен слом мислам дека нареден пат кога ќе го видам ќе го убијам…
Можеш од педијатар да земеш боледување за нега на дете и од матичен лекар за тебе од како ќе ти заврши породилното можеш и одмор да земеш ако имаш не искористен од минатата година.
Првин да се извинам ако ја утнав темата, второ ти благодарам… Ќе му дадам отказ откако ќе завршам со сите овие боледувања зашто нема да сака одморот да ми го даде, а вака ќе мора. Не сакав да играм вака ама каков човек и премногу му е
Кај мене во фирма после породилно, одат на работа само прва смена 1 година. Сега мене ми пишува менаџерката порака како да ме планирала, само прва или прва и втора. Зошто се прават вака глупи бе?
Ме праша и пред недела дена и и реков ќе одам само прва цела година пошто така е у фирма и ми одговара,втора ич не ми одговара. Ми се насмеа само и ми рече ќе видиме не знам баш. Иронично и е ова, затоа искоментирав.
После породилно користам одмор и веднаш после тоа од следнава недела ќе бидам на боледување од гинеколог 15 дена. Дали можам да земам уште 7 дена боледување од мој матичен општ и да ги спојам деновите?
Здраво, можеш ли да ми овјасниш на кој основ може да барам вакви боледувања за да останам подолго дома со бебе, бидејки мм се води невработен бидејки е фриленсер и не ми следува градника во пандемијава .
Здраво. После колку време од враќање од породилно треба да почнам со трета смена? Знам дека додека бебе не наполни една година се оди само прва смена. Претходно колешка 2,5год. не одеше трета, а мене детето вчера ми наполни годинка и веднаш сакат трета смена да ја почнам.