Majki, ima li nekoja od vas sto pocnala na rabota koga bebe bilo 4 meseci, da spodelite iskustvo kako ste se organnizirale. Bebe e na ekskluzivno doenje
Дали има услови работодавецот да те остави да работиш од дома? Евентуално скратено работно време? Инаку решение е молзење ако бебе пие од шише, ако не почни да го учиш. Мене поише ми е проблем на кого да го оставам ако треба да одам на работа. Бебе ми е 2.5 м со мм од дома работиме двајцата, едвај се дочувуваме, немаме баба сервис.
Uslovi za od doma nema, no ke mi bide dozvoleno ednas vo tekot na rabotnoto vreme da izlezam za doenje, bidejki so kola mi e na 5 min. Inace moze i soprugot da doaga pa za nareden podoj da se odmolzuvam a toj da go zema mlekceto, no ne znam odmolzuvanjeto kako bi go izvela, ke treba vo wc, bidejki vo kancelarija ke sme trojca. Zatoa razmisluvam barem eden podoj vo denot da bide na AD, no ne znam dali bi mozelo taka... Kako i da e, utre sme na pedijatar pa ke vidam sto ke me sovetuva. Sekoe mislenje mi e dobredojdeno
Пред да посегнеш по ад побарај совет од лактациски консултант, градите се прилагодуваат на побарувачка, па по некоја логика дури си дома ако фатиш ред сабајле да се измолзиш за 2 подои, и наредно да ти биде кога ќе се вратиш можда ќе може да остане само со мајчино.
Razmisluvav i za taa opcija. Samo se plasam da ne ne mu stigne toa mlekce sto bi go izmolzila nasabajle. Dokolku poznavate nekoj konsultant, dajte mi kontakt da se konsultiram.
Јас би те советувала прво да го научиш бебе да пие од шише ако не пие до сега. Јас 2 месеци ја учам ќерка ми, уште нејќе да пропие.
Колку месеци е, од кога почна? Мојата е 2.5, во болница нормално и дома 2-3 пати пиеше на почетокот немаше проблем, после све на доење, не одев нигде и еднаш излегов оставив млеко, хорор. Уште 2 пати пробав и се откажав, демек да не ризикувам од цицање да не се откаже. После се исплашив ако мора да пие од шише ќе не може, па пак почнав со вежбање шише, ризик не ризик тоа е. И сега молзам минимално 20-40мл и го дава мм, никако јас, во калма веднаш по молзење да е топло, имам спремно чај бекутан во шприц ако треба да капне на цуцлата да стимулира да фати или може и да ја брцне во млеко и малку по малку се мачат. Гледам да не е прегладнета, а сепак кога и е време за јадење, да е расположена, и пробуваме неколку пати, ако неќе кратка пауза па пак, ако пак неќе пауза 5-10 мин и продолжува на цицка. Првиот пат беше неуспешен, па почна 10-15 мл, еве денес до 35 стигнав толку измолзев, да имаше поише може и тоа ќе го мавнеше, ама пак со една пауза али без плачки. После шише пак пауза 5-10 мин и се дојадува на цицка. И не практикувам секој ден, туку на 2-3 дена, а почнавме пред 2 недели.
Малечка е твојата. На таа возраст пиеше и ќерка ми. На 3ипол негде ја оставив со молзено, нејќела да пие. Не се позамаравме тогаш многу да ти кажам, секако не искачав јас на долго. После тоа пак на 4ипол ја оставив, иста песна. Од тогаш пробувавме како демек да ја научам за да можам да ја оставам. Ама дојде 5 мес, слабо качи на килажа и педијатарот рече АД да почнам плус. Значи тој ден, пред скоро 2 месеци, секој ден и нудиме шише, ни АД, ни вода, ништо. Си го глода само, и ако и капне некоја капка. Сега е 6 ипол месеци, више не и се ни замарам да ти кажам, јаде 2 оброци, ќе ја учам следно на чашка со клунче, нема фајде од шише сега. Арно си се заинаетила ти со шишето. Првиот пат кога ни одби да се поинаетевме, ќе фатеше ама памет за второ дете
Abe bebe ke place koa ke te vidi i ke go ostais pak. Jas zatoa ne koristam pauza za doenje. Mojata e vo denot max 100tina ml da ispie molzeno. Nejke ne znae ne znam sto e ama zatoa lapka hrana pa ne ja mislam mnogu. Probaj lakta miks pocni da pies i pojacaj vnes na voda za da ti nadojde poveke mleko da mzoes da molzis. Jas vadam po 150 sekoe sabajle, a mojata i vo nokta cica. Samo pazi da ne preteras so lakta miksot,jas prvata nedela na rab ispiv edna casa i mastit mi se zadesi
Ne pijam caj, se napiv ednas mastit napraiv. Kaj mene toj epten deluva. Pijam poveke voda navecer,imam flasa do krevet ako cica bebe pivnuvam po nekoja goltka. Na primer za vikend so bebe sum ama se prepolnuvaat i moram i togas da odmolzam nesto. Ova mi trae veke mesec dena vaka. Uste 2 nedeli i koa ke trgne u gradinka ne znam sto ke praime,pumpa u tasna i zelki ili pak mastit
Moze li da mi kazete sto treba da napisam vo baranjeto za cas i polovinata pauza za doenje ili dokolku ima pravnik da me sovetuva
Согласно закон за работни односи би требало да биде. Имам прашање....кога ќе ми заврши породилното сакам да си го земам стариот одмор па после боледување ќе отворам, кое незнам колку би траело . Дилемата ми е дали прво одмор или боледување ...дали има тоа некаква врска во фирмата или не?
Нема врска по кој редослед, иако пологично ми е боледување после породилно па одмор после тоа. Зборувај со Работодавачот што како, треба да си поднесеш барање за одмор секако.
Пологично ми е да го искористиш одморот дека викаш стар ти останал.. Језда кај нас во фирма си имаше примери си земаа боледување после породилно, па продолжуваа со конзилијарно, па кога тоа се заврши стариот одмор. Ама ете им дозволија, пак си зависи од работодавачот..
Мислев дека е подобро прбо стариот одмор, дека тој треба да се искористи до крај на јуни, па после боледување(кое можеби подолго би траело). За да не ми пропадне стариот одмор.
Мајки ќе треба да се враќам на работа а сакаѓ да си земам боловање.Како оди тоа со ортопед,па комосиски? Беба си е супер..Би можеле така дијагноза да пишат? Мала ми е на 8м д а ја праќам во градинка..