Да немаш прекин веднаш од матичен педијатар и после конзилијарно мислење од тројца педијатри со дијагноза анемија или од ортопед. Можело два пати по два месеци Па сакам да прашам дали се смета како нега на дете и колку посто е боледувањето.
Добро, ама тоа не е продолжено породилно одсуство туку регуларно одсуство за нега на болно дете и платата е 70 посто тогаш. Имаше тема за одсуство за нега на болно дете, побарај ја, ќе прочиташ се што те интересира.
А што значи тоа пример боледување за нега на дете.....дали смееш да однесеш дете на одмор и ли стриктно дома се седи. Некако ми нема логока? Како е од искуство?
Здраво мајки, Од утре почнувам со работа. Бебе е 8+++ и е на ексклузивно доење. Заспива само со цицање и тоа е најголемата мака.. Не знам дали да се почне и со ад. Вчера и денес пробав со измолзување и ќе видам како ќе биде..Колку мл би бил еден оброк? Немам ориентација, бидејќи немам давано измолзено млеко, а ни ад.. Каков би бил распоредот за оброци? Бебе сега за сега има два оброка. Секое искуство е добредојдено. Поздрав мајки, убав ден
И јас тргнав кога ќерка ми беше 8++++. АД не прифати никогаш, а го нудев од 4 мес, сите брендови пробани, за молзење немам. Тешко дека на 9 мес доено бебе ќе ти прифати АД. За молзено можеш ама ако знае од шише да пие. Јас и воведов ужинка. Дур сум на работа има доручек, ужинка, ручек, кога ќе дојдам цица и вечера си има навечер. Вака тера 2 ипол месеци.
Шише нема пробано, немам давано измолзено и ад до сега.. Не знам како ќе биде, премногу се плашам и се нервирам.. И со спиењето мака, заспива само со цицање.. Доручек овошна каша, ручек зеченчукова, а за ужинка што даваш? Некако долг периодов дури сум отсутна од дома, не знам кој крај да го фатам од мисли..
Моево пие само измолзено, моментално 7м е и има 2 оброка, распоред ни е овој сеа за сеа, 4чмлеко 8ч млеко 11ч доручек 12 30 млеко 3ч ручек 4 30ч млеко 7ч млеко 9 30ч млеко Во 24ч пие вкупно 700 мл, просек по 120 на оброк, треба повеќе да пие у мл и да има помалку млечно оброци но не сака и тераме вака. Здравје кога ќе тргнам на работа планирам веќе да има и 3 оброк. Со што би одела можеби вака: Млеко Доручек Млеко или ужина ако прифати Ручек Ужина можеби Млеко Тоа само мои планови се, но ако можеш да измолзиш супер ќе си има и млекце да пие.
Доручек јаде житарка со овошје или житарка, со јогурт плус овошје. Ако нема јогурт за доручек, ужинката е обавезно млечна, грчки јогурт чист или мешан со овошје, банана и чаша обичен јогурт. Исто за ужина може шмукалче некое, бисквити, банана со гмечени бисквити павлака, овошје било кое и сл. За ручек и давам 3 пати неделно месо со зеленчук, останатите денови или тестенина со некој зеленчук, или ориз,компир со зеленчук. Е сега да напоменам ќерка ми е лапач невиден. Се што ќе и даде човек јаде. Кога ја чуваше мајка ми и крадела од перекот и ѓеврекот кога си земала женава за нејзе. Не знам како би се извеле 9 саати без мама ако се работи за бебе што не е по храна туку преферира цице. За спиењето не се нервирај, мојава во кревет ја заспивав со тапкање, ја чуваа кој стигне ми ја научија на нишкање на 10 мес. Во глобала битно да е бебе најадено, наспано и суво. Ќе се снајдат со се тие што ќе го чуваат. Вода како пие? Мојава од шише. Види пробај со вода од шише, па ако можеш и да се измолзиш, да пие мллекце супер. За АД не се надевај многу.
Koj ke ti go cuva? I mojata bese taka baska ne znaese od sise da pie. Jas ostavsv molzeno sekoj den po okolu 100-120ml i babite se macea da i dadat ednostavno nejkese da pie. Si jadese imase 3 obroka i cicase stom dojdam. Posle mesec j neso trgna vo gradinka i tamu jade sto jade mleko sekako nema ni molzeno ni ad. K3 se navikne ne se sekiraj
Bravo mama , epten ti e jadac.. so moeto maki macime , nit jade nit znae da dzvaka hrana osven smoki biskviti i nisto drugo
Мајки има некоја што го користи правото за пауза за доење? Како ја земате паузата, во текот на работниот ден или си одите порано?
Мислам дека тоа зависи како ќе се договориш со работодавецот. По закон пауза не може да се користи 3 часа пред завршетокот на работното време, па по таа логика не може да се користи со порано одење од работа, но во пракса мислам дека има работодавци што дозволуваат на крајот на работниот ден да се користи.
Мене ми рекоа дека можам порано да си одам саат ама јас не ја користам. Според мене нема реална потреба на користење на тој саат освен ако не си решила да искачаш сред ден и да го доиш бебе.
Толку многу си ја сакаш работата? Јас одвај чекам да дојде 3 саат да си одам и уште од сеа се нервирам што после роденденот ќе бидам до 4 а сигурно ќе има и прекувремено
Ептен . Работодавач како мојот, мислам нема друг во Македонија. Фер однос во секој поглед. Затоа и јас сум со фер однос. Прекувремено нема, плата пред први или први, одмор 20 дена, услови за работа феноменални, плати одлични. Сумирано ко што би требало да изгледа секоја успешна фирма во МК, ако нема никакви необзирни сопственици. Не за џабе одев ја на работа до една недела пред да се породам. Ќе идев до крај ама ептен 45 степени стана, па некако не ми се влагаше во кола на жештини толкави .
Абе не дека јас се жалам од работата, се си е по пропис, прекувремено си е платено, одмор 25 дена ама дома си е дома