Јас треба овие денови ама нема да одам, што носеше бебе каишчиња за колкчињата ортопедот може да ми даде еден месец боледување, па од мај да тргнам тогаш и одмор да искористам имам 15 дена и на работа, ама како што минува времето брзо ќе дојде кај и да е време за работа.
Првата недела ми беше многу тешко. Сега се навикнав Првите денови кога ја оставав плачев во кола. Тешко ми е ама се е навика.
Оф не му ја мислам, за првово плачев, сега да ме држат не седам дома појќе. Него како ќе се постигнува со домашните обврски ме загрижува.
Барајќи одговори за темава налетав на коментаров иако од лани, па ако си го продолжила породилното би те замолила за совет како да постапам. Фала однапред.
Породилното може да се продолжи уште 3 месеци неплатено или пак да отвориш боледување за нега на дете со одредена дијагноза.
Правевме со маж ми муабет за да викнеме жена и свекрва ми слушна и вика де бе деца, еден стан од 50на квадрати не можете да исчистите. Си реков а мори што ти текна да збориш пред неа, ќути си, што има да знае кој ни чисти по дома. Ќе викнам и око нема да ми трепне.
Дијагноза може да биде анемија или од ортопед дека е потребно физикална. Друга опција за продолжување да останеш дома нема.
Здраво мајки дали некоја знае дали треба да се однесе некој документ потврда од педијатар на работа за дозволата за излегување од работа поради доење