1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Враќање на работа

Дискусија во 'Бебе' започната од leona83, 17 октомври 2014.

  1. Jana7

    Jana7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    177
    Во која градинка, тука во Мк? Не знаев дека и тоа може, од дома кашички да се носат. Ама навистина како би стоеле толку време.. те разбирам, и јас сум со прашалници, ептен тежок период ќе биде
     
  2. NewLife

    NewLife Активен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2023
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    Да, во Мк сум. Мора блендирано, уште не јаде пасирано, нагони на повраќање има од пасирано, и нема шанси во градинка да му пасираат/блендираат за него посебно хаха нормално е тоа, не ги обвинувам. За 1-2 недели почнувам на работа, и под голем стрес сум.
     
  3. Ani93

    Ani93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2021
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    1.368
    Пол:
    Женски
    Јас стресот го надминав некако после 5м од враќањето на работа, среќа се адаптира дете во градинка конечно па сеа дури и чао ми вика кога ја оставам.

    Него од како се вратив на раб. се осеќам како да не припаѓам таку, а претходно летав ептен си ја сакам работата, ама колегите (не сите) како преку ноќ да се смениле или може па јас се сменив еве се преиспитувам себе прво. Сите добија покачување јас не, прашувам која е причината и истиот одговор од сите ааа па ти на породилно беше што очекуваш сега покачување..8-| океј бе, нема да родам веќе за да напредувам, не знам дали политиката е иста секаде ама ептен ме исфрустрира, а како се вратив 10 обврски плус ми закачија за тоа не важи дека сум била на породилно :@ По природа не сум негативец и ретко кукам ама еве морав да го извадам ова од душа. Ќе видам уште некој месец како ќе терам па ако не ќе седнам да разгледам други опции.
     
    На Misskirova, Bebence29, H.VAGA и 6 други им се допаѓа ова.
  4. najjacha

    najjacha Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2018
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Женски
    Треба да се враќам на работа во Октомври и синко да го оставам на 7,5 месеци поради тоа што бев на патолошка… ич не ми се остава синко, прво дека е многу мал ниту во градинка нема да ми го примат и да сакам. Пред да отворам патолошка (6ти месец бременост) газдата ме малтертираше психички, и после тој однос решив дека не се враќам на тоа место и секако ќе дадам отказ.

    Прашањето ми е, дали постои алтернатива “покасно да се вратам на работа”? Одмор нема да ми даде да искористам, дали има шанси некако преку фондот да го продолжам породилното? Да биде платено.
     
  5. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Види со матичната, може да ти продолжи со боледување и потоа комисиски за нега на дете. Мислам дека на форумов читав најчесто давале поради анемија. Распрашај се. Ама боловањето е некои 70 или 80% од плата.
     
    На najjacha му/ѝ се допаѓа ова.
  6. najjacha

    najjacha Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2018
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Женски
    Кој матичен? Мојот матичен гинеколог или матичен лекар? И колку време може да ми даде?
     
  7. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Матичниот лекар на бебето. Мислам дека комисијата прво одобрува 1 месец. Матичниот прво дава боледување од една недела и потоа те праќа на комисија. За повеќе од еден месец е потешко, ама месец скоро кај сите одобруваат. Ова секако прво со матичен ќе разговараш
     
    На najjacha му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    5.723
    Пол:
    Женски
    Матичниот на бебето може да ти отвори боледување за нега на дете. До 15 дена може тој да ти даде, потоа се продолжува комисиски. Потребно ќе ти биде конзилијарно мислење. Фондот исплаќа 70%.
     
    Последна измена: 16 јули 2023
  9. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Ако си на неопределено и немаш искористено одмор ќе си го побараш и така веќе ќе си одиш нема да ти пропадне одморот сигурно, ако не со инспекција трудова нека си се разбере, а ти фино лепо писмено извести го дека сакаш да користиш одмор. Боловање можеш да земеш за анемија или ако е прематурче даваат и до 3 години боловање само треба да се замараш со крвни слики итн ова треба да ти издаде матичен општ лекар на бебето
     
  10. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.503
    Допаѓања:
    7.747
    Пол:
    Женски
    Однеси го бебето додека е уште мало на ортопед, замоли да ти пишат дека има нешто проблем со колковите (карши Лиса центар не знам кој ортопед е давал извештај), после ќе ти препишуваат каиши за бебе и слично и ќе можеш до 3 месеци да продолжиш.
    Ова е најдолго што можеш и најбезболно.
    Анемија до 1 месец.
     
    На Ily998 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LadyRose

    LadyRose Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Здраво на сите, имам една голема мака со бебушот па би сакала да прочитам ваше искуство на темава. За месец и пол почнувам на работа но бебушот не ми седи со никого ако забележи дека не сум околу неа почнува хистерично да плаче и не може со ништо да се смири. Во моментот кога јас или сопругот ќе ја кренеме во раце веднаш предтанува. Има 7,5 месеци и мн сум загрижена како ќе тргнам на работа иако има кој да ја чува. И мајка ми и свекрва ми цело време скоро секој ден се со неа но во мое присуство затоа што ако ме нема не можат да ја смират. Инаку си јаде 3-4 прописни оброци на ден, не прибира за храна, ја дојам само сабајле и на вечер и преку ден има еден оброк адаптирано млеко за преспивање. На вечер спие цела ноќ полни 9 часа. Единствен проблем ми е што не може да се оддели од мене ни еден час. Би сакала да видам дали некој имал слично искуство и како сте го решиле.
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.503
    Допаѓања:
    7.747
    Пол:
    Женски
    Со господ напред и ние ќе го решаваме наредниот месец (facepalm)
    Само што мојава нема да ја чуваат ќе оди во градинка и плус цица и преку ден и не јаде по цел оброк…
    Мислам дека ќе се навикне, ден по ден.
    Верувам дека нема да е лесно ама ќе се навикнат, мали се а малите побрзо се адаптираат и се навикнуваат.
    Кај вас е добро што барем има целосни оброци и не цица преку ден.
     
    На LadyRose и macalavica им се допаѓа ова.
  13. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.197
    Допаѓања:
    4.885
    Пол:
    Женски
    Не се секирајте, многу брзо се прилагодуваат, моето е баш плачко и цело време со мене, кога сум јас тука не оди ни кај сопругот ама кога ме нема си седи без проблем и го чуваат, јаде. Кога ке се вратам се прилепува до мене и цица цела ноќ, еве сега едвај тргнав на раб цела ноќ не спиеше, ке цицне ке продолжи, ке се размрда пак на града таман ке склопам очи пак квицка, како ке издржам денес на раб незнам. Не цица штое е гладен, изеде за вечера праска со пола банана и житарки и пак цица на 10мин.Ми се иде да го одбијам више зашто мн ме исцрпува.
     
    На Doktor F и LadyRose им се допаѓа ова.
  14. ohlala

    ohlala Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2014
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    247
    За неколку недели почнувам на работа, душата ме боли, ама тоа е...од сега ми фали нашето заедничко време и рутини.
    9 месеци летнаа како 9 дена
    Малото нон стоп цица,не е некој љубител на храна. Којзнае како ќе биде
     
    На Jana7 и Doktor F им се допаѓа ова.
  15. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.058
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    Сите мајки низ истото поминуваат. Но одењето на работа е нешто најдобро што ќе ти се случи верувај ми. Колку и сега да ти звучи тоа невозможно ќе се преродиш со тоа што ќе смениш околина, кафе и оброк раат ќе имаш. Ќе се дружиш со возрасни плус. :)
    Се ќе биде супер. (fingers)
     
    На Ani93, Jana7, Giovanna и 2 други им се допаѓа ова.
  16. ohlala

    ohlala Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2014
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    247
    Ти благодарам на совет и поддршка
     
    На Mom's_life му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tina.nn

    Tina.nn Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2022
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    11
    Ве молам за помош и совет. После породилното си дадов отказ од работното место, за да поминам некое време со бебето и еве веќе сме 1 година и 6 месеци, си велам дојде време да си барам работа. Важно ми е да напоменам дека тоа уживање со бебето ни го овозможи сопругот, со работа и труд да ја зема платата што ја зема за да си дозволиме да не работам јас. Пред некој ден почнав да праќам cv и си плачев. Јас сакам да работам, и да излезам малку, и да сменам круг на луѓе, но сфатив дека неможам. Не сум психички спремна за тоа, не ни отидов на 2 интервјуа. Кога ќе помислам на работа, веднаш ме напаѓаат прашања од типот, како ќе заспие, кој ќе биде до неа кога ќе стане...Ќе пробам и дадам се од себе да најдам нешто со работа од дома, ни ќе видиме...
    Секоја почит за вас Мајки што мнооогу порано ги оставате бебињата, вие сте во онаа група на Најхрабри Мајки. Секое добро. Поздрав
     
  18. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    На детето му треба дете, да си игра и да се дружи и многу полесно заспиваат со нив таму во градинка и повеќе работи учат одколку дома со тебе или роднини.
    За тебе секогаш детето ќе биде мало и во школо да го пуштиш мало ќе биде. Мора да го направиш малце самостално да биде да има другарчиња и да се снаоѓа понатака. На работа кога ќе бидеш ќе ти летне времето за кога ќе го земеш од градинка и полесно и за тебе е верувај.
     
    На Tina.nn и macalavica им се допаѓа ова.
  19. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.197
    Допаѓања:
    4.885
    Пол:
    Женски
    Кога ќе прочитам вакво нешто се осеќам баш како немајка, не ми е намерата да навредам никого, само кога ке прочитам вакви и слични изјави стварно се замислувам дали е нешто проблем со мене, јас едвај чекав да тргнам на работа, и тија 8 саати додека не сум дома ми е раат главата. си ги сакам децата најмногу на свет, и кога сум дома сум 100% посветена на нив ама работата си ја сметам за единствен луксуз кај што можам да фатам здив.Додека сум на работа децата ги чува или мм или мајка ми и знам дека се и најадени и наспиени не се грижам за тоа ич, кога ке се појавам се лепат за мене и така е додека да излезам од дома.
     
    На Spidy, Tina.nn, tambelina и 2 други им се допаѓа ова.
  20. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.611
    Допаѓања:
    138.210
    Најголемата моја грешка која ја плаќам и сега кога е поголема.
    Ете, ако си слободна прочитај ми ги сите постови во На срце ми лежи и ќе сфатиш колку е лошо детето да е дома, цело време со мајката, а мајката да се : одрече " од врската со надворешниот свет заради децата.
    Најдобронамерно, сега ти изгледа мачно и тешко, за некоја година ќе " плачеш " да одиш на работа :)

    Ќе имаш време пак и да се гушкате и шетате, само мозокот ќе ти биде поопуштен кога ќе го правиш тоа.
     
    На Tina.nn, eli25, Maca Macka и 1 друга личност им се допаѓа ова.