Јас седев дома 4 години со малиот не затоа што сакав тука така налагаа ситуациите. Не бев тип кој едвај чека да напуни бебе 9 мес и да тргне во градинка и затоа ми беше скроз ок. Сега кога веќе е прваче и имам филм позади мене веќе изгледан, можам да кажам дека беше супер и за него и за мене така што излезе. Секоја вечер без исклучок читање приказна навремено јадење, спиење, шетање потамането се. Сега има речник и однесување што кога ќе го видат луѓе викаат дека е дете со надпросечна интелегенција. Да не се сфатиме погрешно дека децата од 9 мес што одат во градинка не се или не може да се надпросечно интелигентни, не ми е тоа муабетот, тука ако не се осеќаш психички спремна немој да правиш нешто што не ти е ок, почекај пр уште 6-7 мес па пак пробај... секој треба да прави онака како што и чувствува, има многу мајки што финансиски не издржуваат па мораат да одат на работа, ништо не треба да е за осуда, секоја мајка се труди да е најдобра за своето дете...
Ви благодарам за советите. Секако дека ништо не е за осудување или погрешно. Сите сме мајки, но со различни желби, ставови, размислувања, можности и околности. Ви благодарам уште еднаш
Дали некоја мајка се обидела да го продолжи породилното,односно да не почне на работа туку директно да продолжи на боледување за себе? Слушнав дека од психијатар давале и до 1 месец боледување
Може, ама по нормална процедура...15 дена па мора комисија, па комисијата може 1 месец, па пак комисија дури ти даваат можеш ама мораш на комисија
Здраво, да прашам дали знае колку денови трае породилно и дали јас треба да и кажам на матичната кога да го затвори? Самовработена сум па некако неможам да добијам инфо
Само за прва не знам, кај нас во фирма има правилник мајките на деца до три години да не одат трета смена, сабота, прекувремено и слично.
На 19 август почнувам на работа....се плашам како бебево ке издржи без мене. Сега кога пазарам 20 мин ме нема и цела зграда е во вис крената.Те тешам дека имам поголема ќерка(10 год) и дека со нејзе колку толку се смирува
Ќе се навикне. Ти можеш и сега да ја оставаш и да ја навикнеш дека ќе те нема дома и да седи со секого да не и направиш наеднаш да те снема со саати.
Probuvam,izleguvam pazaram za da se naviknuva ama tesko odi.Samo na doenje,sise ne saka a I cucla lazlivka isto ne saka
И син ми не сакаше, па да видиш како пропи вода кога почнав на работа. Млеко адаптирано никако не сака, ама вода барем почна да пие на топлово. Ќе се навикне и твоето.
Дали може да користам 2 недели одмор од мој матичен, па уште 2 од педијатар и така заокружуваме месец дена и после уште еден месец пак со 2 недели од матичен, 2 од педијатар? Бидејќи нема да бидат повеќе од 15 дена поврзани па да мора на комисија... Не знам само дали матичните даваат така боледувања без здравствена причина
Мислам дека сите боледувања од 2 недели се со крвна слика, матичен без никакви испитувања може да даде до 7 дена.
Матичен лекар ќе ти даде боледување само една недела. Треба да отидеш на специјалист за да ти даде две недели. После пробај пак на специјалист да одиш. И тогаш ќе имаш уште две недели.
До 7 дена без испитувања, за 14 дена крвна слика. Се над 14 дена комисија. Ама неможеш едно по друго да спојуваш боледувања 2 недели па 2 недели, мораш измеѓу нив да имаш барем ден прекин за да се смета како ново боледување.