1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Враќање на работа

Дискусија во 'Бебе' започната од leona83, 17 октомври 2014.

  1. La-loca

    La-loca Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    866
    Допаѓања:
    5.569
    Пол:
    Женски
    Ќе си земеш боледување прво од матичниот педијатар две недели со крвна слика. После нека ве прати на Детска клиника да ви дадат извештај за анемијата и на комисија да ви продолжат уште две недели или еден месец. Во ваков случај кога боледувањето е еден месец исплата од фонд е 90%. После боледувањето ќе си го земеш одморот. Па после одморот можеш повторно со боледување за тебе, за бебе…Има комбинации ако не ти прават проблем од работа.
     
  2. hana@@

    hana@@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2020
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Женски
    90 %isplakaat ako mi dade maticnata na bebe 2 nedeli? Toa go nosam Vo Fond?
     
  3. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    5.723
    Пол:
    Женски
    За боледување за нега на дете до 3 год е 70% и исплаќа фонд.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. La-loca

    La-loca Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    866
    Допаѓања:
    5.569
    Пол:
    Женски
    Не, за месец дена е 90%
     
  5. KikiKviki

    KikiKviki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2023
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    Здраво. Се надевам на точното место сум.
    Малиов е 7месеци јас на работа почнувам во октромври,а он нема да има полни 9м за во градинка.
    Пуштив онлајн пријава така ни кажаа од градинката и демек во Август ги прегледуваат и ќе ни кажат дали е примен.
    Сеуште нема ништо,тоа значи не е примен?
    Инаку јас сакам барем до 1г да го дочувам па од година да го пуштам во градинка. Па планирам од окт. да земам неплатен доколку ми дадат. Имам право на неплатен одмор?
    Треба на работа да им дадам "доказ" дека не ми е примен затоа барам неплатен или?
    Каква е процедурата да не знае некој?
    Пошто нема кој да ми го чува сите си идат на работа,а мм се согласи на неплатен па ако знае некој да ме упати како да правам?
     
  6. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.351
    Допаѓања:
    13.309
    Пол:
    Женски
    За неплатен не ти треба ништо. Бараш на работа и ти го одобруваат. Немаш придонеси и стаж во тој период, ама загарантирано ти е дека може да се вратиш на работа после тоа. Најмногу може 3 месеца.
     
    На SummerGirl и KikiKviki им се допаѓа ова.
  7. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    8.648
    Пол:
    Женски
    Зависи некои приватни фирми не ти одобруваат неплатено отсуство, не го признаваат ко опција.
     
    На KuklickaSk, iloveyou29 и KikiKviki им се допаѓа ова.
  8. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.351
    Допаѓања:
    13.309
    Пол:
    Женски
    Како опција законски постои, член 147 од ЗРО.
    Ама како и регуларен одмор, законски треба да поднесеш барање и да ти го одобрат, и има одредени услови за да не те одбијат.
     
    На simoncelicius, KikiKviki и Fenix05 им се допаѓа ова.
  9. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    На работа си бараш неплатен уште сега со напишани точни дати од-до. Напишав уште сега да бараш зошто на работа веројатно го планираат твоето враќање, па подобро е порано да побараш за да можат да искомбинираат и испланираат.
    Тоа право тебе ти следува законски, не мора да имаш причина посебна за неплатениот после породилното. Можеш да не наведеш причина. Ако те одбијат (а има фирми што одбиваат) можеш да реагираш во Државен инспекторат за труд, понатаму тие ти средуваат и сигурно добиваш неплатен. Само така процедурата ќе биде подолга и подобро е што порано да го пуштиш барањето до фирмата.
     
    На simoncelicius, eliesaab и KikiKviki им се допаѓа ова.
  10. KikiKviki

    KikiKviki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2023
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    А за тоа барање треба во фирмата во HR да се обратам така? Пример јас од окт 20 почнувам ама ќе го побарам од ноември негде. Во меѓувреме ќе отворам боледување од матична и гинеколог. Можам така ?
     
  11. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    6.712
    Се обраќаш до тој што е сопственик на фирмата,тој треба да ти одобри. И за боледување консултирај се со него,заедно направете комбинации што одговараат.
     
    На eliesaab и KikiKviki им се допаѓа ова.
  12. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    Да.
    До HR и твојот претпоставен. Се зависи од тоа како е организирана фирмата. Понатаму тие ќе проследат до некој друг ако има потреба.
    И да, можеш да си земеш претходно боледување, не мора неплатениот да ти биде веднаш по завршувањето на породилното.
     
    На KikiKviki му/ѝ се допаѓа ова.
  13. KikiKviki

    KikiKviki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2023
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    Бев сабајле наводно немало такво во оваа фирма. Новата вработена во HR се надоврза со 'има се води како грижа за дете'. И ме убедуваа како не било убаво да земам неплатен пошто немалп да сум покриена никако иако им викав цело време дека знам:^)
    И на крај као се ангажираа да ми најдат 'врски' за да го упишам малиов у градинка:clap:
    Иако првично беше пробл градинката сепак сакам до 1г да го исчувам иако не дадат ќе си дадам отказ. (lalala)
     
    На Лалина му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    Како немало такво во оваа фирма? Има член во законот со кој имаш право да побараш и ако навреме побараш со дата со сѐ, немаат право да те одбијат.
    Ако ти значи работното место не си давај отказ. Јави се во Државен инспекторат на труд ќе ти дадат насоки. Само да ти кажам дека познаничка така им прати инспекција и одма и одобрија неплатен, потоа си почна на работа и сеуште си работи таму.
    Нема што тие да те убедуваат, нема да имаш плата и придонеси, но здравствено ќе имаш (не од нив). За тие 3 месеци тие немаат никакви трошоци кон тебе буквално. Не знам што се понашаат ко платено отсуство да си побарала.
    IMG_20240903_155318.jpg
     
    На eliesaab, Bella.alleB, simoncelicius и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    2.848
    Пол:
    Женски
    Имаш право, никој да не те мафта. Кај нас си зема колешка врз основа на членот од законот кој ти го пратија погоре. Мој совет е прво боледување да земеш па неплатено. Доби добри совети, да не се повторувам, како ти пишаа членките така прави.
     
    На eliesaab, simoncelicius и KikiKviki им се допаѓа ова.
  16. KikiKviki

    KikiKviki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2023
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    А да прашам
    Пропаднат одмор се плаќал?
     
  17. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.351
    Допаѓања:
    13.309
    Пол:
    Женски
    Ако од фирма не ти дозволат да го земеш до 30 јуни, да, треба да ти го платат. Ако сама не сакаш да го земеш тогаш пропаѓа.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  18. KikiKviki

    KikiKviki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2023
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    Па бев на трудничко и кога отидов летоска за да видам што како ми рекоа а пропаднат е
    А брат ми работеше во истата фирма ми рече барај да ти го платат и требале да ме известат
     
  19. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    8.648
    Пол:
    Женски
    А пред да отвориш породилно не го зема одморот? Нашиве се мислам врсници, јас бев на патолошка па фул одмор па породилно 2 дена пред пораѓај отворив. Во ваков случај ако јас не го земев а отворев порано породилно нема зошто фирмата да ми плаќа кога јас не сум ни го побарала. Или пак да ме извести, за што? Работам во фирма со 1500+ вработени, секој си води евиденција за своите права
     
    На eliesaab, KikiKviki и Spidy им се допаѓа ова.
  20. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.351
    Допаѓања:
    13.309
    Пол:
    Женски
    Ете убаво ти пишала Феникс. Според ова што го пишуваш, ти не си го ни побарала. За да не ти го дозволат од фирма и да ти го платат треба три пати да кажеш дека сакаш да го земеш во одреден период и да те одбијат. Пропаднат ти е од 2023, сега само од 2024та имаш одмор.
     
    На eliesaab, SummerGirl, KikiKviki и 1 друга личност им се допаѓа ова.