1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Враќање на работа

Дискусија во 'Бебе' започната од leona83, 17 октомври 2014.

  1. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    76.705
    Пол:
    Женски
    На моменти ми се оди, сакам да се вратам, на моменти ми се плаче зашто брзо ми летнаа месеците. Да имам едно дугме "пауза" ми фали, за подолго да ми биде бебе и да го гушкам и гњавам и стискам од милост и љубов.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Peperutka17

    Peperutka17 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2024
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Uste se naviknuvam,od 19 avgust pocnav.Tesko mi e da se krijam za da izlezam a ona togas place.Dusava me boli ama so Edna Plata tesko
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. jance

    jance Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    101
    Мајќи, има ли закон со дијагноза пример, да може да се оди само 1ва смена?
     
  4. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.348
    Допаѓања:
    13.303
    Пол:
    Женски
    Не. Има закон да не одиш трета смена, и до година на бебето да користиш пауза за доење.
     
    На SummerGirl и jance им се допаѓа ова.
  5. Miracls897

    Miracls897 Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2023
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Мајки.. помош ве молам.Треба да се вратам на рабпта после породолно. Дали може со дијагноза од ортопед или физијатар да се тера 2 3 месеци за нега на дете.. реално детево нема проблем никаков ама нема каде да го оставам
    Ако има некој ваква ситуација со која дијагноза сте продолжиле боледувања за бебушки за да седите дома со нив уште некој период
     
  6. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.348
    Допаѓања:
    13.303
    Пол:
    Женски
    Анемија обично пишуваат, ама со крвна слика. До 3 месеца. Иначе за 2 недели можеш и само со матичен да зборуваш да ти заврши работа. 2 недели од твојот доктор, 2 недели од педијатарот, барем еден месец да искористиш.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. KikiKviki

    KikiKviki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2023
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    917
    Пол:
    Женски
    Мојава по една недела ни дава
     
  8. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.249
    Допаѓања:
    12.161
    Пол:
    Машки
    Пред некое време пишував на форумот за оваа проблематика, за блиска личност шо штотуку повторно почна на работа. Се работи за работа во 3 смени и кога праша во однос на ова, да оди само 1ва и 2ра смена и рекоа не можи.

    Како следно да постапи? Бидејќи не сум сигурен дали е на неопределено, односно можно е да е на договор на определено време кој се продолжува, постои веројатност ако покрени мерки, да ја избркаат од работа, односно да не и го продолжат договорот.
     
  9. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.348
    Допаѓања:
    13.303
    Пол:
    Женски
    Реално, може да ти даде 2. Ама може и ич да не ти даде ако детето нема проблем. На нејзина добра волја е. Така да ако дава една недела, добро е и толку.

    Во кадрово, или кој и да е задолжен за вработените ќе им цитира закон (Закон за работни односи, Член 164 (1) За време на бременост или со дете до една година возраст, работничката не смее да врши прекувремена работа или да работи ноќе. (2) На работничката која има дете од една до три години возраст, може да и се наложи да врши прекувремена работа или работа ноќе, само по нејзина претходна писмена согласност.) Тоа треба да е доволно. Ако речат пак не може, следно е да каже дека ако не се почитува законот, ќе биде приморана да контактира адвокат. И судски нема шанси да изгуби.
    Ама ако е на определено, гарантирам дека нема да и продолжат договор кога ќе и заврши. И да е на неопределено, ќе ја имаат на пик. Во реалноста на оваа држава, тој што не го почитува законот од старт, сите дупки ќе ги најде да си го истера своето.
    Јас да сум на нејзино место, би се заканила со адвокат за да не одам трета смена, и ќе планирам да си најдам друга работа што побрзо. Денес проблем е третата смена, утре нешто друго. Во секој аспект не би сакала да работам таму. Само правилно да се организира за да не остане без плата некој период.
     
    На SummerGirl, eliesaab и Waverly Raven им се допаѓа ова.
  10. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.249
    Допаѓања:
    12.161
    Пол:
    Машки
    Таа веќе беше во ЧР на фирмава и горе долу тоа им го кажа, како во законот. Едноставно и рекле, не можи, бидејќи се поделени во три групи кои ротираат и не било изводливо.

    Инаку се согласувам со се шо кажа и јасно ни е дека или нема да продолжат договор или ќе биди на пик, а најтрагично е шо работи долго време таму и во околината нема многу достапни опции за работа бидејќи се работи за рурална средина.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.348
    Допаѓања:
    13.303
    Пол:
    Женски
    Јасно е дека ако немаш избор ќе гризнеш јазик и ќе трпиш. Сепак тоа бебе треба и да се нарани и облече, а не само мајка му да е до него ноќе.
    Да може да си дозволи, најдобро е да инсистира и да ги притисне, па да ја избркаат и да оди на суд. Ретроградно три пати ќе си ја земе платата откако ќе победи. Ама кој може да не работи и да иде по судови со месеци додека дојде до разрешница...
     
    На eliesaab и Waverly Raven им се допаѓа ова.
  12. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    1.433
    Пол:
    Женски
    Мајки, знаете дали има опција приватна фирма да се стави во мирување на неколку месеци? Самовработена сум, немам шанса со 2 бебиња дома да почнам со работа по завршување на породилно.
     
  13. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.348
    Допаѓања:
    13.303
    Пол:
    Женски
    За фирма не знам, ама сама на себе да си дадеш неплатен одмор 3 месеца можеш. Може тоа ти е поедноставна опција.
     
    На SummerGirl и Secret-Angel7 им се допаѓа ова.
  14. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    1.433
    Пол:
    Женски
    Ау да, тоа е топ. Како оди таа процедура, си во тек?
     
  15. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.348
    Допаѓања:
    13.303
    Пол:
    Женски
    Ние имавме книговодител што ги бркаше тие работи. Писмено барање само од вработениот знам дека бараа со почетна и завршна дата. Како иде тоа во завод за вработување не знам.
     
    На SummerGirl и Secret-Angel7 им се допаѓа ова.
  16. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.612
    Допаѓања:
    8.463
    Пол:
    Женски
    Со писменото барање треба да се изработи одлука за неплатено отсуство од страна на фирмата со штембил и печат и потпис од управител. Во одлуката си пишува од-до. Врз основа на таа одлука се прави привремена одјава во аврм, а работното место стои во мирување. За време на неплатено не тече стаж.
     
    На eliesaab и Secret-Angel7 им се допаѓа ова.
  17. Miracls897

    Miracls897 Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2023
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Дали треба да биде низок само хемоглобинот и под која граница дали некој знае, или треба да испитувам и серумско железо? Ако знае некој ве молам искуство пишете
     
  18. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    76.705
    Пол:
    Женски
    Ако е под 100 хемоглобинот, го сметаат за ниско кај бебе и обично даваат терапија. За серумско мене ми рече докторката дека нема потреба да се испитува кај бебе, хемоглбинот им е битен.
     
    На Miracls897 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Miracls897

    Miracls897 Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2023
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Фала ви многу.. некои велат дека повеќе не давале боледувања со дијагноза анемија..
     
  20. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    76.705
    Пол:
    Женски
    Да се распрашаш најубаво. Мене ми беше кажано дека најмногу за анемија даваат боледување и повеќе месеци. И тоа баш пред некој месец прашував за истото.