Jas imam uste mesec ipol no uste Sega mi e tesko deka ke treba da ja ostavam... Go koristite li saatot za doenje tie sto dojat? IMA li nekoja zemeno plus tri meseci sto se neplatenite?
I jas vo ponedelnik se vrakam na rab. Moeto e cetiri ipol meseci. Ke pie AD, mm ke go cuva i xvekrva mi, pa koga ke se vratam ke si bide na doenje. On ke se navikne so tato, tuku jas kako ke izdrzuvam gospod znae
Не ти ги препорачувам.Ке те одјават и од фонд и од секаде,нема стаж за тие три месеци и ризикуваш да не те пријават повторно на работа(зависи кај работиш) Колку помало го оставиш толку полесно тоа ке се прилагоди бидејки не разбира мн.
Moram Od edna strana si vikam malecok e i polesno ke se navikne, od druga strana mi ide da napustam rabota i da si go cuvam, ama pusto pari trebaat . Cel den deneska ne go davam na nikoj, kako pominuvaat denovite se potesko mi e da go ostavam
И јас да си се истуфкам. Еве веќе една недела како почнав на работа. Синко е 5 месеца и 21 ден. Не направи ама баш никаква промена. Ми го чува жена, а синко исто се понаша како со мене. Спиење, јадење, играње, се исто. Ама затоа мама има грутка во грло цело време. Ми фали преку ден, ќе си пукнам. Значи ептен онака сега ми светна, цел живот децата си ги гледаме по 4-5 саати на ден. Уфффф мака ми стана
Многу полесно е помало бебе кога не разбира да го оставиш одколку поголемо. Син ми никако не се разболуваше додека бевме заедно, а сега се му е нешто. Еве две недели сум на работа и прво го фати стомачен вирус, па после три дена ми беше со ТТ па мака си мачи со забите и на крај за да вчера ми исфрли алергија од црвена леќа. А да не зборувам што бојкотира и протестира додека ме нема, а кога ќе се вратам не се дели од мене и е станат толку див и кај никој друг не сака. Ајде и ова ќе помине како на друг начин ќе остареме.
Значи мојата теорија се потврдува, дека дете почнува да се разболува кога мајката тргнува на работа. И не се сложувам дека ништо не им е! Јас знам и осеќам кога најдобро е облечен и колку треба да се облече, нарани надои, да пие вода, чај. Исто го оставив и почна со темп и вирус. Со многу колешки и пријателки ми се потврдува теоријата дека и те како има реакција по здравјето на бебушите.
Го чува свекрва ми, точно е дека е случајност, но доволно е тоа што детето е вознемирено додека ме нема. Не е истото дете од прехдоно. Ех, да си бевме и ние како Бугарија со по две години породилно.
Јас си го учев да седи сам да се игра. Со женава се убедувам и расправам и незнам како да и објаснам да не го занимава и разгалува? Значи она штом го види да се раскинка веднаш во раце зимање, јас му давав играчка и си продолжувам, а таа целата е со внимание, зборување, абе воздух не му дава сам да дише. Незнам дали се труди мене да ме импресионира...100 пати и велам остави го сам, јас друштво не му правам цел ден. Какво е вашето искуство со жени за чување?
Majka mi so godini cuva deca i bas taka gi cuva, zasto ednostavno toa i e rabota, a deteto so tebe ke si se odnesuva kako porano, a so nejze kako sto ke si fatat red. Kamo da mozese kaj mene da go cuva zena, mislam domasnive ke mi go razmazat, ke go napravat kraj da ne mu se naoga, ama toa e
Леле срцка исто!!! Јас кога ќе скенка син ми му менувам положба или место на играње, и така си тераме. Многу ретко на раце. Женава од страв да не и речам нешо, нема нема ќе го земе во раце. А синко ми е така независен од занимација што дури и закенкува ако му се качиш на глава. Следнава недела планирам да и зборам нон стоп за ова, не сакам да ми го направи детево зависно од некој да го игра. Исто е и со јадењето. Јас сум многу против да му се нуди и дава на дете јадење/млеко дур не побара/скенка. Син ми од прилика на два саата бара. Ама го приметувам некогаш знае и три да затера. Се дур не закенка дека е гладен, јас не го замарам детето. Женава а поминат два саата, одма бут шишето во уста. И нормално само ќе се пролигави наместо убаво да пие. Почнавме по малку и со цврста храна и кога е гладен отвара уста ко нислки коњ. А кога не е се мајтапи, прпка со уста, бута нозе во уста, и женава го тинтра. Јас и маж ми цело време и збориме дека не сакаме така, ранење цел саат за пет залака. Сам ќе си побара ако е гладен, бар син ми е доволно гласен за тоа, не остава така да пројде
Ако најдеш начин да се смени, подали се @IveBrajan. Јас тргнав на работа па нема да ја гледам иако по телефон ќе ја малтретирам со муабети да не го држи во раце. Абе цртани му раскажува, 5 реченици едно те исто, да се меља и збори, ќе го направи алапача, глава ќе ми тропа!
Па на децата и треба да им се зборува.Нема лошо во раскажување приказни,цртани,опишување на предмети слично. Така побрзо ке проговорат башка и мозочето се развива. Бебе на кое не му се зборува има шанси мн касно да проговори. Ве разбирам мн добро кога велите дека сакате да ги осамосталите,да се заиграт сами итн.Напорно е кога мора постојано некој да е до него да му тропка да му свирка... Ама ризикувате да развиете тромави деца,кутливи и срамежливи.Тоа тек подоцна ке го увидете.Без навреда мајки давам мое мислење. Интеркацијата со децата е мн важна првата година.Играње со раце,нозе.Криење па наогање предмети.Распознавање на бои и форми.. Тоа бебето само нема да научи.Затоа не мислам дека жените што ви ги чуваат прават лошо со тоа што ги заигруваат,им зборуваат. 100 пати полошо е да го тупнеш пред Тв и да кјути.
Vo pogled na razgovorot so joy1 potpolno se soglasuvam deka govorot na decata do nekoj stepen zavisi od okolinata drugoto e genecki faktor. Ete moeno abe doma kako masina da sme od pred godina mu raskazuvav prikazni po slikovnica baba mu raboti so nego abe na 2 god mele se razbira i se zbori. Nasproti toa ima edno detence na ulica 3 god. Majkata ne mu zbori ic samo rabota doma ke go zeme postaroto ke go seta siroto sega se opusta da kaze mamo tato na 3 god. Taka da ako sekoj koj go cuva kolku moze neka im zborat neka si igraat deteto konkretno ke znae od koj kolku moze da dobie. Jas isto se plasev zaspivase so mene samo na cice a koga trgnav na rabota so sveki na krevet a panicev kako ke bide pa taka od iskustvo decata se mnogu pametnini te kako manipuliraat i tocno znaat sto dobivaat i do koja merka im se popusta
Treba da se insistira zenata sto povekje da mu zboruva na deteto, a ne obratno. Mozokot I govorot na toj nacin se razvivaat, I sekako na pocetok se povtoruvaat edni isti raboti - na pocetok na bebeto samiot govor mu e stimulacija, ne tolku sodrzinata.
Далеку од тоа дека не сакам да му зборува, напротив, ние му бамбориме и тоа бајаги. Син ми многу сака да му зборуваш и има осмех од уво до уво а некој му прозбори. Ама ние и кога го играме, го ставаме, еве на пример на земја (купивме од оние шарените коцки). Уште од 5ипол месеца син ми е издигнат на колена. Сега баш пред да направи 6, се бутка и потскокнува за да лази. Не сакам се тоа да му го одземам и да не му дадам шанса што побрзо моторните вештини да ги развие. А тоа ќе се случи ако е ограничен во движењето, како на пример во раце или количка да се носи. Женава мисли го фрлила детето ако го стави на земја. Тоа ми беше зборот. Треба да го занимаваш детето ама треба да го оставиш и само да истражува, да се движи, врти, бутка, влече. Не само когнитивни, треба и моторни вештини да се развиваат
Се сложувам за зборување, тој имитира и бамба нешто по цел ден. Поентата беше за женава дека е целата посветена, го гали, гушка, размазува, ај разбирам ќе го види и 5 мин. Туку цело време дур сум присутна. Дури и укажав на тоа дека ми смета не го оставаше, од радост и милост. Седнав, разговаравме и сега за сега фала Богу сум презадоволна.